Меморандум на родителите на деца со посебни потреби (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


ripce -> Меморандум на родителите на деца со посебни потреби (30.1.2010 15:28:49)

1. Уживајте во своето дете!
Тогаш и другите ќе уживаат во него!

2. Не очекувајте премногу!
Уживајте дури и во најмал успех!

3. Не губете време на прашување зошто вам тоа ви се случило!

Барајте помош за детето и за себе!

4. Верувајте во себе!

Вие најдобро го познавате сопственото дете!
Се'  што сакате можете да постигнете!

5. Немојте да бидете сами!
Барајте помош!

6. Променете ја дефиницијата за "успешно дете"!
Вашето дете е различно и за него успехот е нешто друго!

7. Бидете истрајни. Борете се!

Пречките и проблемите секогаш ќе ве пратат!

8. На своето дете пред се' бидете му родител!
Тоа е вашата најважна задача во неговиот/нејзиниот живот!

9. Без оглед на сите тешки моменти, силата црпете ја од веселите и радосни моменти!


10. Секој нов ден е различен! Некој е полесен, некој е потежок!
Некогаш нема да можете да направите се' што ќе посакате, а некогаш ништо!

11. Дајте си себеси одмор зашто ви е потребен!
Само одморени и задоволни можете да соберете сила за понатаму!

12. Кога ви е тешко плачете, тагувајте, жалете...
Тоа се нормални чувства!

13. Пронајдете време да бидете со партнерот!

Сите сте под стрес и сите сте си потребни едни на други!

14. Тежнејте кон семејно заедништво!
Спречете го одалечувањето едни од други!

15. Посветете се и на останатите деца!
Вашето посебно дете нема ништо да изгуби!

16. Не откажувајте се кога ќе ви кажат НЕ!

Упорноста отвара многу врати!

17. Зборувајте, покажете и докажете им на другите колку обврски имате, као полесно би ве разбрале!

18. Поврзете се со другите родители!

Ништо не е како разговорот со некој кој е во иста ситуација!

19. Сфатете ја својата ситуација како животно школо!
Вашето посебно дете ги освестува во вас соновните вредности на живеењето!

И запомнете... НЕ СТЕ САМИ!





bucko 1 -> RE: Меморандум на родителите на деца со посебни потреби (26.4.2010 12:27:58)

sovrseno kazano,a tesko primenlivo so 100% primena.se trudam no ne sekogas mi uspeva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Страница: [1]