Dreamer -> RE: Инклузија на децата со посебни потреби (5.11.2015 11:20:44)
|
Sasha Fierce одлично е ова што го читам...[sm=bravo.gif] ...минливи пречки во развојот е повеќе од оптимистички...[sm=smiley1.gif] Колку години направи керкичката? Што се однесува до инклузијата, јас имам малку поинакво искуство. Син ми го запишав во јасли (кога имаше 2,4 месеци) во Сончоглед во Автокоманда. Син ми сеуште нема некоја конкретна дијагноза, се сомневав на аутистичен спектар, дефектологот што работи со него вика дека е забавен психомоторен развој, па сме добиле мислење и дека е специгичен говорен развој...можеби и развојна дисфазија??? Навистина не знам што е... Но што и да е, јас во градинка ги запознав од старт тетките какви проблеми има моето дете. Никој не не врати, баш беше убаво прифатен. Сега има 2,9 месеци и оди во Мимоза во Автокоманда. И тука беше добро прифатен, воспитувачката дури ми вели дека може слободно да и се јавувам и да прашувам како напредува. Имаат и дефектолог и логопед, со кои еднаш неделно работи во групата и индивидуално. Тоа е навистина премалку, но толку можат. Е сега колку квалитетно работат, не знам, но важно се интересираат. Ми дадоа и формулар за индивидуален план за детето. Така да ке се воделе и по него... Јас искрено не сум била вратена до сега од некоја институција, особено не од градинките. Нешто што мене ме интересира е дали некој има искуство асистенти во градинките. Дали воопшто кај нас е можно да се има асистент за детето во градинка, зашто секаде е тоа одамна поставена пракса.
|
|
|
|