Bitolcanka -> RE: Како се чувствувате денес ? (16.12.2009 21:28:50)
|
Значи не сум само јас пенсионерка на страната [sm=smiley36.gif] Забележав дека вчера си подолго време тука, но помислив дека е само за тој ден. Регистрирана сум од пред 3-4 месеци, но не бев многу на нет, бев повеќе зафатена, сега се "отфатив", [sm=smiley36.gif] па повеќе ќе ве дружам [sm=smiley1.gif] Инаку периодот моментално ми е таков, морам да чекам, а знаеш како е кога чекаш нешто или некого и не е до тебе ... Малку нервозно, си бараш занимација и како-така поминува времето. Денес бев цел ден излезена, така ми се погоди денот [sm=smiley36.gif] - од кафе на кафе, се видов со некои пријатели, убаво си поминав. Ја запознав мојата [sm=smiley27.gif] со еден мој добар другар и, како што замислував - им се погоди муабетот, виде дека е добар дечко. Досега беше скептичен-плашлив [sm=smiley36.gif] и "малку" љубоморен [sm=smiley36.gif] Почнаа да се местат коцките и се да си доаѓа на свое место [sm=smiley1.gif] - "легна" на брашното [sm=bravo.gif]
|
|
|
|