Sunshine88 -> RE: Денот на свадбата (26.10.2015 15:27:18)
|
Станав во 7, иако заспав во 2 ноќта...Среќа и заспав, зошто кога сум возбудена ептен тешко заспивам. А башка и братучетките ми беа од србија па кај мене беа на спиење, па вечерта пред свадбата китевме, се пеглавме, они испробуваа фустани, штикли..се со ред. Кога станав прво се истуширав, па јадев...и одма дојде фризерката....после неа шминкерот..па пак јадев..па кафе ово оно...па кетерингот каснеше...сите трчаат натаму наваму, мене нема кој да ми помогне за фустанот да го облечам. Сватовите стигаа во 2, а во 1и15 требаше да дојде фотото а јас не бев спремна...тие тропаат на врата, мене ме облакаат...и така си дојдоа сватовите, ме купија(демек) со пиво и чоколадо. Ме извадија од соба, ја одлепив начисто...пред зграда орце...цела зграда на посматрање...потоа во црква. Матично беше во ресторан...и после започна лудата журка.....си поминав многу убаво, и не знам зошто ама ич не се осеќав уморно. Можеби зошто после црква си облеков патичиња и така ја поминав свадбата.[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|