|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ноќно мокрење
19.6.2009 22:57:34   
Палешка РР

  • Со терминот „ноќно мокрење„ се означува неволево испуштање на мочката во тек на спиење. Треба да се разликува од дневното мокрење, каде помочувањето настанува во будна состојба во тек на денот. Ноќното мокрење се сретнува често кај деца. Се смета за проблем, ако се јавува кај машки деца постари од 6 и кај девојчиња, постари од 5 години.

  • Кај т.н. примарна енуреза детето не научило никогаш да ги контролира сфинктерите, а кај секундарната енуреза ноќното мокрење се јавило по подолг период, во кој детето во тек на ноќта било суво.

Дали ноќното мокрење е болест?

  • Не! Повеќето деца прекинуваат да мократ ноќе во кревет, некаде околу третата година. Помал дел го постигнуваат истото, нешто подоцна во тек на четвртата, петата или шестата година. Значи се работи за развојно успорување на функцијата на контрола на мокрењето, а не за болест.
  • Сепак, иако поретко може да се работи за болест на уринарниот систем или невролошко пореметување, или пак во основа е психолошки проблем. Ова е почесто е случај кај секундарната енуреза.
Колку e често кај децата?
Ноќното мокрење се сретнува кај 15-20% од децата на 5 годишна возраст, кај 7% од децата на седумгодишна возраст и само кај 1-2% од адолесцентите и адултите. Машките се застапени два пати почесто, во споредба со девојчињата.

Дали е дозволено да се искара или казни детето кое мокри ноќе?
Ноќното мокрење е фрустирачко и за детето и за родителите, предизвикувајќи чувство на самопотценување кај детето. Никогаш не треба да се лутиме ниту да казнуваме дете кое мокри ноќе, бидејќи тоа не го прави тоа волно. Обично се работи за фамилијарна склоност кон ноќно мокрење. Испитувањата покажале дека ако како дете мокрел таткото, шансата за ноќно мокрење кај детето е 39%, а ако мокрела мајката шансата е 23%. Ако мокреле двата родители шансата да мокри и детето е 77%.

Кои се причините за ноќно мокрење?

  • Според една теорија, присутно е пореметување на сонот и центарот за будење во големиот мозок. Овие деца спијат многу длабоко и не се будат кога ќе добијат нагон за мокрење.
  • Според друга теорија се работи за пореметување/недостаточност на хормонот од хипофизата, кој нормално се лачи во тек на ноќта и доведува до создавање на помала количина на мочка во тек на ноќта.
Како да го спречиме/лечиме ноќното мокрење?
Која и да е причината, родителите имаат неколку опции да им помогнат на своите деца, во однос на овој проблем:

  • Треба да се обидат да ја намалат количината на течност кое детето ја пие пред заспивање и во тек на ноќта. Под течност се подразбира не само внесувањето на вода или сокови туку и храна која содржи многу вода ( на пр. некои овошја или зеленчук). Непосредно пред да си легне детето треба да се измокри.
  • Родителите треба да утврдат во кое време во ноќта се случува мокрењето. Ако го знаат времето, тие можат да го спречат помочувањето така што ќе го разбудат детето за да се измоча.
  • Обидете се да го мотивирате детето и да му наметнете одговорност, така што ќе му предложите да води дневник, во кој ќе се забележуваат сувите ноќи. Може да делува стимулативно ако со некој мал поклон (но важен за детето) го наградите неговиот “успех“.
  • Доколку претходните мерки не вродат со успех, следниот чекор e алармен систем. Пред легнување, алармот се става во пижамите и ако детето се помоча, во допир со мокрите пижами тој се огласува. Бидејќи овие деца спијат многу длабоко, тие често не се разбудуваат од звукот на алармот. Иницијалната цел е детето да се буди на звукот на алармот, потоа детето да се разбудува се порано, се додека не започне да се буди пред да се јави звукот на алармот, односно пред да дојде до помочување. Покажано е дека 3 од 4 деца кои користат аларм, по 6 месеци прекинуваат со ноќното мокрење. За жал, оваа можност не е секогаш достапна ( нема алармен систем).
  • Во лекување на ноќното мокрење се користат и некои лекови кои не треба да се земаат самоиницијативно, туку само по индикација и упатство од лекарот. За таа цел може да се даваат ниски дози на лекови кои инаку се користат во лекувањето на депресијата, кои имаат ефект и на мокрењето (амизол, еупрамин) или пак антидиуретски хормон ( Минирин), со ефект на намалено создавање на мочка во тек на ноќта. Овој третман е одличен при кампирање или патување. Секоја година околу 15% од децата спонтано се излекуваат.
Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести, нефролошка амбуланта


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ноќно мокрење
19.6.2009 23:00:55   
Палешка РР
Дали сте имале ваков проблем со вашите деца и како го решивте?

Ние со Марио не, но познавам родители на кои децата им мокреа ноќе и кога веќе не беа мали.
Пробаа со милион работи и кога се откажаа детето престана да мокри ноќе.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ноќно мокрење
20.6.2009 7:15:59   
Еца
Што се однесува до ноќното мокрење можам само да кажам дека најчесто децата секогаш заспиваат пред родителите, по 1 до 2 часа откако детето ќе заспие, разбудете го да се измочка или ако е помало(јас така правам со Мартина)земете го раче тивко зборете му, ајде мама да мочкаш, значи не го будете само зборете и ставете го на нокшир. Скоро две години како Мартина не носи пелена и дали три пати ми се измочкала ноќе, и тоа само затоа што сум била уморна па сум заспала со неа и не сум ја разбудила.Овој совет го имам кажано и на хрватскиот рр и многу мајки ми рекоа дека со него успеале да се решат од ноќното мокрење.Поздравuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ноќно мокрење
26.6.2009 16:01:55   
biljanaM
Воислав честопати е мокар кога ке стане..имам пробувано додека спие да му сменам памперс...ама не бива, се разбудува и многу плаче номожам да го сопрам....

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ноќно мокрење
26.8.2009 12:27:42   
profesorica
Чоколадата и колата поттикнуваат мокрење в кревет

Дваесет отсто од петгодишните и 10 отсто од десетгодишните деца имаат проблем со мокрење в кревет. Овој проблем, според податоците на Американската академија за педијатри, двапати е почест кај момчињата отколку кај девојчињата.

Причината за мокрењето в кревет и кај девојчињата и кај момчињата ретко кога е од психичка или емотивна природа. Во повеќето случаи, виновни се гените. Доколку еден од родителите мокрел в кревет после петата година од животот, ризикот да ве снајде исто е 44 отсто. Детето чии два родитела мокреле в кревет има 75 отсто шанси и самото да мокри. Причините најчесто се од физичка природа. Затоа немојте и не смеете да ги обвинувате децата дека се мрзливи, незрели или тврдоглави оти не сакаат да одат во ве-це. Имајте предвид дека малиот мочен меур и цврстиот сон се најчести причини за ваквото мокрење. Во многу ретки случаи ноќното мокрење в кревет може да биде предупредување за проблеми со бубрезите или мочните патишта. Сепак, за да бидете мирни, однесете го детето на педијатар доколку тоа се повтори повеќе од четири пати.
user posted image
Што се однесува до храната, подобро е да ја намалите или целосно да ја исфрлите чоколадата, но и напивките на база на кола. Ваквите намирници ја поттикнуваат работата на мочниот меур поради што треба да се сведат на минимум или да се избегнуваат навечер.
user posted image
За да го спречите мокрењето в кревет, можете да го навикнете детето да мокри непосредно пред спиење. Објаснете му дека смее да стане во текот на ноќта за да отиде во ве-це. Доколку се плаши од темнината, оставете светло во ходникот. Доколку не успее да стигне до бањата, од голема помош ќе биде нокширот.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ноќно мокрење
26.8.2009 20:22:28   
Лејди
Само вие можете да ги одвикнете децата од мокрење, инаку мокрењето може да биде и писохолошки проблем.
Особено кај постарите деца (кај првото дете во семејството)
Јас сум постара од сестра ми, кога сме биле малечки сум била љубоморна, мајка ми љубовта према мене ја делела и со некое друго бебенце, што за мене било несватливо.user posted image
За инает сум почнала да мочкам па дури и да какам во гаќи, да привлечам вниманиеuser posted image
Мајка ми тактички изиграла, почнала да вика како тоа не чини, како малото бебе ја излудува, колку било некултурно што какало и мочало во гаќи, како и било тешко нон стоп да пере.
Така сум превземала улога на мајка па сум ја средувала сестра ми, сум и менувала пелени (со цел да докажам дека јас сум попаметна а и да и помогнам на мајка ми)user posted image

Ако имате проблем со постарите дечиња и нивното мокрење еве каде можеби се крие проблемотuser posted image


(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ноќно мокрење
19.4.2010 18:10:39   
elena.b
zdarvo jas sum nova na ovoj forum mojata kerka edna godina veke ne mokri vo krevet pred dva meseca fativme bakterija esirihijakoli i pocna da mi moca navecer.mozno li e od bakterijata.inaku ima tri godini i tri meseci.

_____________________________

sekoe loso,za dobro e

(Одговор на членот Лејди)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ноќно мокрење
29.6.2010 17:43:36   
Тања РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

sinot nema uste 4 godini.edna godina veke kako gi prekinavme pelenite za preku nok.od togas ne se izmokri.ovaa nedela mokri duri 2 pati navecer.dali vie ste imale vakov problem.dali e od strav nekakov.?probav i sok ne tolku da pie.ama isto e.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ноќно мокрење
29.6.2010 17:48:23   
mama26
fala tanja

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ноќно мокрење
3.8.2010 19:58:32   
Bitolcanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pregnant

Utrinava koga i ja izvadiv pelenata na kerka mi me iznenadi koga vidov na pelenata nesto rozenikavo. Pelenata bese nakisnata so mokraca normalna po boja, no odgore kako dve fleki na pelenata i me zagrizija. Pojma nemam od sto bi mozelo da bide. Ve molam dokolku ima nekoj slicno nesto slusnato da kaze. Inaku e 2 ipol meseci i e samo na doenje.user posted image


_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ноќно мокрење
3.8.2010 20:31:54   
Тања РР
Прегнант розеникаво на пелената може да биде  „прва менструација“ но се јавува кај новородени девојчиња, а твоето е веќе 2,5 месеци па најверојатно не се работи за тоа. Јас би ти советувала да однесеш урина на испитување. Ова розеникаво може да е резултат на создавање на кристали од мокрачна киселна која кога поминува низ каналчињата ги надразнува. Kристалите од мокрачна киселина се создаваат ако детето е дехидрирано односно ако не внесува доволно течности.
Сепак, најдобро е да се испита.



_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ноќно мокрење
3.8.2010 23:55:46   
Pregnant
Е ова за „прва менструација“ не сум го знаела досега, инаку од сабајле после тоа се си беше нормално. А да е дехидрирана не верувам зашто си цица доволно и мокри доволно. Секако другата недела сме на вакцина па ќе ја прашам д-рката ако дотогаш е се во ред. Сепак фала многу Тања за одговорот.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ноќно мокрење
17.11.2011 17:15:53   
nadica
Со Надица повеќе од 1 год не користиме пелена ама никако да се одвикнеме од ноќното мокрење.Од март месец па наваму не ставаме пелени навечер ама тоа не ја спречува ќерка ми да се мочка во сон user posted image user posted image  ако не ја разбудам да се измочка во нокшир таа се помочуваuser posted image
Незнам што да сторам за да го спречам тоа.

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Pregnant)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ноќно мокрење
17.11.2011 20:03:25   
Maca25
пред спиење не и давај многу течности, обавезно да мочка пред да заспие, а и ноќе буди ја за мочкање. стави го нокширот на кревет, крени ја и ставија да мочка иако она спие. кажувај и тивко на уво: ајде мочкај и ќе се измочка. јас ова го правев со Н. и еве ја ретко кога ќе се измочка во спиење. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ноќно мокрење
18.11.2011 8:28:56   
Felly RR
Истото го имам и јас заприметено кај Матеа, после 6 не и давам многу течности да пие, кај 8 го пие млекото, и некогаш може одма да заспие - тогаш знам дека ќе се измочка. А ако го пие млекото и после мочка, па заспива, тогаш памперсот и е сув. Сега дека е ладно времево и ми е страв да и го вадам за навечер, доволно е што денски кажува.
Надица, пробај така, порано да и го даваш млекото и обавезно да мочка пред да си легне.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ноќно мокрење
18.11.2011 11:58:53   
nadica
абе ако ја разбудам без проблем се мочка во нокширче и си продолжува да спие ама како да ја навикнам сама да се буди за да ми каже дека и се мочка user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Ноќно мокрење
18.11.2011 23:13:56   
MamaOhrid
Ние се одвикнавме од пелени на 1г.11 м. Ако ноќе му се мочка самиот се буди и ми вика мама мочо и мочкаме на шоља, не сака на нокшир, и после продолжува да спие. Се има помочано и во него во спиење и после 2-3 дена очекувам настинување. Штом не може да го контролира мочањето знам дека настинува.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Ноќно мокрење
21.12.2011 9:38:09   
nadica
минатата ноќ Н пак ми се помочка во кревет user posted image  ја прашав дали и се мочка рече НЕ и нареден пат кога се пробудив да проверам веќе беше доцна
се случува со денови да немаме проблем а потоа 2-3 дена по ред да се помочува

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот MamaOhrid)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Ноќно мокрење
16.9.2013 12:05:14   
masa
Ние релативно рано ставивме ред со мочкањето воопшто,а уште како бебе,не се сеќавам точно,но на неколку месеци воопшто не ја пресоблекував во текот на коќта зошто иако стануваше за цицање,беше сува.Веќе една ипол година не носиме памперс,има 3,5,а и пред тоа ептен ретко се случуваше да се измочка ноќе иако спиеше со памперс.Но во последно време неколку пати ми се помочува ноќно време.Ноќеска пак се случи.Ако имал некој такво искуство нека пише дали ноќното мокрење започнува со помочување од време на време или можеби само настинка е во прашање user posted image .Вечерта иако какше пред спиење кога си легнавме имаше гасови,ја прашав да не ја боли меше и ми побара чајче.Најчесто не и давам течности пред спиење и млеко не пие секоја вечер,но кога пие и давам по пола шол.Сега и дадов околу 150мл чај од нане и кога се разбудив да проверам да не е откриена приметив дека како заспа се нема воопшто помрднато,значи цврсто спиела,а беше и доста уморна.Да беше прв пат немаше да се загрижам толку,но последниве три месеци и се случува 5-6 пати.Попладне планирам да и дадам чај од брусница да не е настината,мислев и утрово,но се успав зошто ноќеска ми се раскрши сонот,па се мислам дали има смисла да се консултирам со доктрор.Не ја карам само ја прачувам зошто се помоча, а не кажа и ми одговара дека и се спиело и не сетила.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Ноќно мокрење
16.9.2013 12:21:14   
vezilka RR
masa јас мислам дека е мала за ноќно мокрење во смисла на пореметување. Нели за девојќиња „правилото“ важи од 5 години нагоре. Можеби е настинатко или нешто вознемирено. Можеби едноставно примило повеќе течности од вообичаено. Не мора само вода, или млеко, може и некое овошје или зеленчук кои содржат вода, да изело непшосредно пред легнување. А да бидеш мирна, консултирај се и со педијатерот.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Ноќно мокрење
13.5.2014 15:15:46   
Defne90 RR
Еве да пишам на оваа тема.Значи поголемиот син мокреше во кревет до пред два месеци.Инаку има скоро 4 ипол години.Ама прпоблемот беше што тој по цела ноќ бараше да пие млеко и сок.И се случувало да испие и цело кило течности.И сега секако дека ќе се случи инцидент.И така полека полека тој самиот почна да си преспива по цела ноќ и да не ни бара ништо да пие.Се случуваше се почесто пелената да му е сува наутро кога ќе стане.Така го набљудувавме некое време со сопругот и решивме да не му ставаме повеќе пелени.Му објаснивме убаво дека сега тој е веќе голем и дека е срамота да се мочка во кревет.Неколку вечери по ред ќе го скорневме од спиење за да одиме во ве це и после и самиот почна да не буди во исто време.А откако престана да пие навечер течности воопшто не станува.Само навечер ќе се измочка пред спиење и цела вечер си е сув.Инаку зборот ми беше дека сето тоа треба да се одвива постепено.Ние пробавме уште на два ипол години да го научиме да не мочка ноќе ама тој се уште не беше спремен да преспие цела ноќ без течности.И кога веќе увидовме дека детето е доволно големо за да знае дека веќе е срамота да мокри ноќе едноставно ни појде од рака тоа.И сега и тој увиде дека е подобро така отколку да биде цела ноќ со пелени кои ќе го запаруваат.А пак за лето да не зборуваме.Мило ми е што конечно се оттарасивме од нив.За малото е рано се надевам дека нема да си имаме такви проблеми со него со прекумерно пиење на течности ноќе и мокрење.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Ноќно мокрење
6.10.2014 9:44:22   
Mila mamicka
Мајки, ве молам за помош. Син ми се одвикна од пелени пред 4 месеци, и тоа релативно брзо. За некои две недели веќе ја извадивме и ноќната пелена. И јас го практивувам тоа да не му давам многу течности после 6 часот, тој навечер не пие никакви течности исто, се мочкаше пред легнување, и ние го будевме за мочкање еднаш, пред ние да си легнеме, и потоа до сабајле си беше сув. Од пред 2-3 недели (откако почна да оди во градинка), почна навечер да се мочка во креветот по неколку пати. Скоро на секои два саати е помочкан, целиот е утоп. Стварно не знам што да превземам, дури се мислам да му ја вратам ноќната пелена, оти ми е страв од разболување, некогаш не го сетувам веднаш за да го пресоблечам. Ве молам споделете ваши искуства. Инаку син ми е 2,5 години.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Ноќно мокрење
6.10.2014 16:22:46   
sandriana RR
Мила мамичка, дали е тоа секоја ноќ?
На Т и се случувашепред 2 недели 3-4 дена по ред да се измочка ноќе, ама беше резултат на настинка. Почнав да ја легнувам со чорапчиња, инсистирав на топлинки по дома безусловно, потопло ја облекував, неколку ноќи по ред ја будев за мочкање во нокшир, и се среди за брзо време.
А не е лошо да консултирате и педијатар, ако е долготрајно и континуирано ноќното мокрење.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Ноќно мокрење
7.10.2014 8:07:39   
Mila mamicka
Да, во последните 2-3 недели е буквално секоја ноќ. А вака не ми изгледа за настинат. А цело време спие бос на ноџињата, можеби му станува ладно, па затоа мочка. А и времето сега е такво, уште немаме затоплување по дома, па можеби и тоа е причината. Во секој случај, ќе се консултирам и со педијатарот, да видам да не има случајно и некоја друга можна причина.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Ноќно мокрење
11.10.2014 20:37:23   
Snowhite RR
Не сум пишала на темава, а со Михаил го имам овој проблем извесно време. Значи кога ги исфрливме пелените, некое време го разбудував ноќе да се измочка и после престанав, така што ако му се мочкаше сам стануваше или пак си трпеше до сабајле не се мочкаше. Ама еве неколку месеци почна да моча в кревет, ако не го раз побудам за мочкање не станува сам и прави беља во креветот, некогаш се случува дури и ако сум го разбудила и се измочкал пак се помоча. Навечер ги намалуваме течностите, и храната која може да предизвика мочкање, ама пак не помага. Дали мислите дека треба да побарам нешто во аптека или на педијатар, бидејќи имам прочитано дека после 5тата година треба да се бара помош, а тој се уште нема 5

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?