masa -> RE: Главоболка во текот на бременоста (30.4.2013 9:37:51)
|
Ако те боли само една страна од главата тоа е најверојатно мигрена.За вртоглавицата може да постојат исто многу причини.Јас додека студирав секоја пролет го имав оној "пролетен замор" и плус никогаш крвата не ми била многу јака и кога добивав имав вртоглавици,па затоа секоја пролет земав мултивитамини мајка ми ми земаше едни enegy & memory зошто и при учењето ми сметаше.Значи може и да е ова причина замор,слабокрвност,мигрена,но најдобро да посетиш доктор да направиш една крва слика и се надевам нема да испадне нешто друго,но што и да е причината мора навреме да се реагира,90% од болестите се лекуваат ако навреме се дијагностицираат. Инаку и јас,како бремена, имам главоболка деновиве,мислам дека е од времето што се промени,а и некако имам нов бран на замор и потреба од спиење,таман скоро две недели бев подобра и немав потреба од преспивање,викендов преспивав зошто неможев да издржам а вчера исто глава ме болеше и некаде после 19ч заспав,а пак си легнав пред 23 и утрово одвај се разбудив.
|
|
|
|