RE: HLA типизација (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


vezilka RR -> RE: HLA типизација (28.2.2014 19:43:32)

Истата терапија и јас ја пиев пред првото забременување и делуваше за еден месец. Ти посакувам сега среќа и во најскоро време чекаме убави вести. Хе, хе е ние бидејќи многу се преклопувавме, во 4 локуси, бевме роднини, ама ете и тоа не сметаше, особено за второво забременување. Со среќа уште еднаш.




Defne90 RR -> RE: HLA типизација (1.3.2014 0:55:28)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Ги земав резултатите од ХЛА типизацијата, имаме мало поклопување во локусите, но не е страшно, "не сме роднини"[sm=smiley36.gif]. Останува ради другите испитувања да пијам аспирин, Б1,Б6,Б12 и фолна киселина во појачана доза.

Loveable me многу ми е мило за тебе и се надевам најискрено дека за кратко време ќе ни пишеш и ќе не израдуваш со најубави вести.[sm=zz_bounce.gif]




LoveableMe RR -> RE: HLA типизација (1.3.2014 18:04:50)

Ви благодарам девојки за поддршката [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




sesilia -> RE: HLA типизација (6.3.2014 20:03:46)

Жени а каде се прави ХЛА на приватно.? Сакам да ја повторам уште еднаш,бидејќи не им верувам на резултатите ,по телефон ми рекоа дека има нешто,па после ги изгубија па кога најдоа беа негативни,а на резултатор немаше потпис од доктор само празно место.[sm=smiley13.gif]




vezilka RR -> RE: HLA типизација (7.3.2014 9:30:14)

Уф, не знам дали воопшто некаде прават на приватно. Преед 4 години кога правев јасм, прашував во Авицена и ми рекоа дека не прават, дека само на клиника тоа прават. Како и да е прашај по лабораторииве, па може некој вовел. Ама и да прават тоа е изгор скапо на приватно, сигурно е околу 20.000 МКД.




nataly86 -> RE: HLA типизација (7.3.2014 10:30:40)

Сесилиа каде правеше ХЛА типизација??? Бидејќи ХЛА прават и на транзфузиологија и на имунологија..ако си правела на едно пробај на другото место..бидејки се ставрно скапи тие испитувања..дури мислам дека и ако во некоја приватна ти кажат дека тие ке направат јас мислам дека дека ке ги однесат во една од овие две лабаратории.....тие се скапи апарати кои ретко се употребуваат па затоа мислам дека не им се исплака да ги купуваат...




sesilia -> RE: HLA типизација (7.3.2014 18:30:21)

Jaс правев на трансфузија.Прво кога отидовме ни рекоа нема реагенси.Ги замоливме дека сме од друг град да не доаѓаме пак па рекоа ајде ќе ви земеме крв и ќе ја смрзнеме и ќе чекаме реагенси.Потоа се јавив ме пренасочија кај лаборантката која ги правела тие тестови и рече има некои слаби антитела дрн дрн.кога отидов да си го земам,рече дека не е готов!!! Реков како кога по телефон ми рековте дека е готов и ми читавте и резултатот.После ме моташе дојди денес,дојди утре,па таа замина на одмор и после летото отидов ми рече дојди утре,отидов и демек го нашла вика негативно е се во ред.
А упат за имунологија не ми дава матичната,вика ти дадов еднаш не смеам пак.Ми вика иди на трасфузија па они нека ти дадат за имунологија[sm=smiley13.gif]
Аман бе мислев авицена имаат они бар се најдобри не ми се оди на државно искрено не им верувам на резултатите после ова!




mariiiiii -> RE: HLA типизација (23.6.2014 22:41:09)

zdr jas sum nova na sajtot me interesira nesto za hla tipizacija dali postoi nekakva terapija i dali dokolku se poklopuva krvta mozit da se zabremenit bez razlika dali po priroden ili vestacki pat
falaaaa




LoveableMe RR -> RE: HLA типизација (24.6.2014 9:22:50)

mariii, треба да направите тестирања, ако има поклопување може ќе ви предложат инсеминација или ИВФ, но може и природно да се забремени, има случаи можеш тука да прочиташ наназад и природно забремениле. Позз, пиши кога ќе земеш резултати.[sm=smiley1.gif]




Confused -> RE: HLA типизација (7.8.2014 15:15:17)

Здраво, сакам да прашам.
Пред месец дена имав прекин на бременост во 23 недела, бебето имаше срцеви аномалии.
Докторката ми препорача да направиме со мажот ми ХЛА, Кариотип и некои други испитувања.
Колку што сфатив ХЛА се прави само за спонтани во рана бременост и неможност да се забремени или и во мојот случај?
И каде се наоѓа имунологија, во државна? Кој издава упут за мажот ми??




LoveableMe RR -> RE: HLA типизација (7.8.2014 15:44:34)

HLA можеш на Трансфузиологија и на Имунобиологија, зависи каде ти одговара, а за сопругот не се сеќавам мислам исто гинекологот за двајцата ни даде упати/или упат од матичен.

Прашај ја докторката кога ќе одиш наредно, а таму треба да види кога има термини да одиш. Но подобро да се консултираш со некого што знае повеќе за ваков тип на прекин на ГАК или по приватниве клиники, така е најдобро за да знаеш за во иднина.

Ти посакувам полесно да го пребродиш овој период. Позз




scared RR -> RE: HLA типизација (2.6.2015 10:53:26)

Девојки упатот како да биде назначен само ХЛА типизација? Онаа мојана матична изгубена во просторот е ништо не знае [sm=zmeden.gif]
И упатот назначен до институт за имунобиологија и хумана генетика а специјалност што треба? Ај, помош малце [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: HLA типизација (2.6.2015 10:56:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Девојки упатот како да биде назначен само ХЛА типизација? Онаа мојана матична изгубена во просторот е ништо не знае [sm=zmeden.gif]
И упатот назначен до институт за имунобиологија и хумана генетика а специјалност што треба? Ај, помош малце [sm=smiley1.gif]


Леле, не знам, јас прво отидов на Институтот, таму ми напишаа на ливче како да гласи на упатот и така го однесов кај матичниот и мојот не знаеше што да напише[sm=zmeden.gif]




scared RR -> RE: HLA типизација (2.6.2015 11:01:00)

Ај ќе тркнам и јас да прашам утре што да правам смотани матични имаме [sm=smiley36.gif] каде се наоѓа точно имунологија да не лутам низ клиника да ја барам?




LoveableMe RR -> RE: HLA типизација (2.6.2015 11:03:22)

Кога влегуваш од влезот долу на Клиника - за Микробиологија, во истата зграда е со лабораторијата Микро, над неа, има скалички таму е влезот. (спроти Министерство за здравство).




scared RR -> RE: HLA типизација (2.6.2015 11:16:30)

Значи во истата зграда со Хистологија? Фала ти [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]