|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
6.6.2011 21:37:13   
AnnaMolly RR
Инаку, најубаво ќе приметиш дали станува збор за ист проблем како кај Филип ако ги погледнеш сликите од Михаил непосредно по раѓање. Верувај, ќе се примети ако има тестиси, „ќесичките“ се полни и набрекнати. 

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
6.6.2011 21:39:10   
AnnaMolly RR
И уште да си кажам дека ме фаќа страв за операцијата на Филип. Уште само 10 дена :(((( Среќа мајка ми што е медицинска сестра и со врски договори да лежи со нас во болница за да ми помага.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
8.6.2011 7:30:14   
Snowhite RR
Ана Моли ви посакувам среќа на операцијата, колку и да е рутинска работа, сепак е операција, но само со помин да е, да не дојде до некакви не дај боже компликации.
Инаку јас вечерта го седнав во топла вода и кога го фатив долу кај тестисите како да имаше како топчина, ама не знам дали е тоа тоа. Сепак ќе го однесам и ќе кажат таму, не сакам пред време да се паничам.
Ај и ќе побарам некоја слика од кога се роди, па да видамuser posted image
фала ти за одговорот


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
8.6.2011 14:19:55   
AnnaMolly RR
Фала, Snowhite. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред.
Инаку, еве ти една слика како треба да изгледаат тестисите на тукушто родено бебе.
user posted image


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
22.6.2011 23:04:38   
Snowhite RR
Анамоли како поминавте со операцијата, ај пиши овде
Инаку ние бевме на уролог, го прегледа и рече дека му биле подвижни тестисите, дека шетале, т.е. дека биле малку горе, ама имало тенденција да се спуштат, ама мора да ги следиме до 3 години и ни рече по 1 година на контрола

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
23.6.2011 14:11:18   
AnnaMolly RR
Операцијата помина подобро од што очекував. Во 08:35 го зедоа во сала, а во 10:30 беше готов. После ме викнаа во салата за будење додека да се освести, па кога се разбуди не вратија во соба, му ставија инфузија во ноџето и си продолжи да спие до кај 15 часот. После кога се разбуди плачеше, изгледа имаше болки. Па сестрата му стави чепче ефералган и се смири. До 21 часот се држевме во раце и шетавме низ ходници за да биде мирен, да не плаче, да не ја откачи канилата во ноџето. Во 21:30 заспа и цела ноќ мирно спиеше. Сабајлето не пуштија дома. Супер е. Следниот ден го седнав да си игра со играчките, а тој се заврте и почна да лази низ цела соба. Си викам, штом сам се пушта да лази, значи не го боли.
Бевме на контрола и резот одлично заздравува. Во петок ќе му го вадат кончето.

Морам да кажам дека сум воодушевена од персоналот на детското хируршко одделение, сите беа љубезни и услужливи, од сестри до доктори. Веднаш доаѓаа ако му требаат на некого, одговараат на прашања, многу помагаат на пациентите.
Хируршкото одделение е реновирано, дури и пријатно е. Собите се како апартмани, со нови кревети, со телевизор, со клима, парно... За тие 24 часа колку што бев во болница, немам да кажам ниедна замерка.

Во септември или октомври ќе одиме уште еднаш за другиот тестис, ама веќе знам што ме очекува и ќе бидам поопуштена.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
23.6.2011 14:32:09   
mila mama
Super AnaMolly! A kolku mnogu se sekiraseuser posted image Bravo za junakot Filip user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
23.6.2011 14:46:16   
Natuska85
Браво за Филипuser posted image .Силен дечко е он,ве чекаме да ни дојдете  да се запознаат со К. user posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
11.11.2011 15:20:11   
AnnaMolly RR
Еве пак јас тука да пишам, единствена сум си на темава user posted image

До сега требаше и втората операција да биде завршена, ама зашто често беше болен, ми закажаа на 26 декември.
Значи и ние за нова година може да си бидеме во болница и ќе си добиеме играчка од проектот Прегратка на дар user posted image

Воопшто не се плашам, веќе знам што како ќе биде. Само се надевам дека ќе помине во најдобар ред како и првата операција и дека брзо ќе закрепнеме.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
11.11.2011 15:31:48   
kikicka
Ќе биде секако ана моли мора да биде Филип е умен дечко! user posted image user posted image
Гушки за вас ....може филип ќе си ја добие играчката направена од мама, па уште повеќе ке си ја сака!

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
11.11.2011 15:43:54   
miana
Neznaev deka imalo vakva tema..Na drugarkami sinceto ke pravi operacija ( od srbija se inaku ) no mu zakazale za posle januari bidejki bilo mnogu ladno sega..Taa e mnogu isplasena od pomislata deka deteto ke i go uspijat..Kazete kako da i ja ublazam makata so nekoj sovet...Kako ja podnesuvaat decinjava operacijata ?Lele dusicinja malecki..Im posakuvam se najubavo i najbrzo zakrepnuvanje srcinja mali...

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
12.11.2011 16:05:47   
AnnaMolly RR
миана, првата операција на Филип беше на 12 месеци. Јас се плашев, ама откако го поминав тоа можам да кажам дека поминавме неочекувано и изненадувачки лесно. Од болница не пуштија 24 часа по операцијата, а дома се однесуваше како ништо да не било.
Кажи и на другарка ти дека нема причина да се плаши.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
15.11.2011 13:07:40   
mila 3
nemozev da najdam tema za Kila kaj decata pa ako vidi nekoj od moderatorite neka prati link.nekako mi e slicna temavauser posted image

< Поракaта ја уредил mila 3 -- 15.11.2011 13:08:23 >

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
15.11.2011 13:32:12   
Maca25
мила 3 еве линкови за вродена и папочна кила ( не знам за каква кила се работи кај вас). 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mila 3)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:05:55   
AnnaMolly RR
Девојки, утре одиме во болница. Не знам деновиве што ми е, многу сум напната, некако и страв ми е... Првиот пат не бев ваква???
Најтешко ми падна што мм ќе оди за Ресен од работа и до четврток или петок не се враќа дома. user posted image user posted image user posted image

Се надевам лесно ќе поминеме како првиот пат и ќе ви пишам кога ќе можам.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:10:34   
Natuska85
Ана Моли со лесно на операцијата.Филип е силен дечко,сигурно се ќе заврши во најдобар ред.Па после празнициве мој Кристијан сакал да го види баткотоuser posted image

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:13:03   
AnnaMolly RR
Обавезно се гледаме по празнициве! user posted image за Кико и фала за поддршката!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:15:01   
Pepelaska *
user posted image за Филип и ма

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:21:33   
Martins mom
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image Среќно АнаМоли, се ќе биде ок, Филип е јак дечкоuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:29:13   
kikicka
Со лесно да поминете Анамоли Гушки и од нас user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 15:39:40   
AnnaMolly RR
Фала, девојки! Еве и Филип ве поздравува.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 17:40:16   
Annet
milaaa samo se da pomine da ne se povtori ajde nie ti isprakame poddrska i na Filip sreka najgolema,da ni se vratite i da piseteuser posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Девојки, утре одиме во болница. Не знам деновиве што ми е, многу сум напната, некако и страв ми е... Првиот пат не бев ваква???
Најтешко ми падна што мм ќе оди за Ресен од работа и до четврток или петок не се враќа дома. user posted image user posted image user posted image

Се надевам лесно ќе поминеме како првиот пат и ќе ви пишам кога ќе можам.



(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 18:04:56   
bombica
Со лесно да поминете и овој пат user posted image user posted image

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 18:11:53   
Maca25
Ана Моли со лесно нека помине и оваа операција!! Многу многу гушки од мене и Нина за Филип!!! И за мама секако!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Крипторхидизам-Неспуштени тестиси
25.12.2011 18:29:01   
arh_diz
Srekno i Filip se da pomine vo najdobar red

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Dali?
Jana9

Dali nekoj vo koj ste imale golema doverba ve razocaral?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!