Весна -> RE: Проблеми со доењето (19.2.2010 12:11:57)
|
Леле луѓе, детево вчера речиси цел ден беше будно, се` на се` да подздремна едно два-три саати. Се` некако кенкаше, па накратко ќе засилеше со плачење, за потоа да се играме, гукаме и сл. па накратко ќе здреме. А се будеше цицајќи си ги рачињата. За греота. А јас мутава, додека да ми светне дека детево можеби е гладно. И наместо да почекам убаво да ми надојде млекото па да и` дадам, цело време и` давав да цица онолку колку што има само за да се смири. Еееееее кај ми беше паметот?! Па спремајќи и` адаптирано и додека се каневме да потфати, што никако не успеа, млекото ми надојде, Јана си се нацица и од 23ч. па се` до 5ч. спиеше ли спиеше. Ова го пишувам тука, за случајно да не на некоја неискусна мамичка и` се случи истото, па детето да не си го држи гладно цел ден и да помисли дека нема млеко. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|