Felly RR -> RE: Проблеми со доењето (7.7.2010 8:40:24)
|
Јас воопшто не можев да земам породилно, и веднаш почнав да одам на работа. Но имав среќа што работата ми е таква (наставничка сум, и часовите ми се поделени во двете смени) па на 2-3 саати си доаѓав дома, па пак одев и така, и еве уште сме на доење. Во почетокот беше малку потешко, но издржавме и еве сега сме на распуст, па сум цело време дома[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] А за поголемо бебе, сметам дека е полесно да се продолжи со доење, бидејќи сега си јаде и кашички, и доењето е поретко. Но бидејќи имаше денови кога не можев да си дојдам и по 6 саати, а малата си бараше да цица на 2, мораше и да ја прихрануваме од почетокот. Понекогаш и мене ми се случува истото како на ВИгора, јас сум дома ама таа не сака да цица, па прво ја оставам, ајде си велам може не е гладна, но кога пак ќе ја понудам не сака да цица, а ако и понудам од шишенце ќе си го испие. Значи, како да си бара од АД млеко понекогаш. Но сепак си велам, добро е што до сега цицаше, а за еднаш во денот, кога сака, па нека пие и АД, не можам да ја оставам гладна
|
|
|
|