RE: Кломифен (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Сакаме нов член



Порака


sky diver -> RE: Кломифен (20.8.2013 12:47:41)

Zdravo
ovoj ciklus bev na klomifen 100 mg dnevno ( sabajle i navecer po 50 mg), na 12 den od ciklusot imav eden folikul od 11 mm i eden folikul od 15 mm. Lekarot rece deka ovoj pat ne sum reagirala dobro na klomifenot odnosno nemam vodecki folikul. Na 16 den od ciklusot toj od 11 mm stanal 15 megjutoa pocnal da se sushi, dodeka onoj od 15 mm stanal 18 sto e malku ( trebalo da bide minimum 21 mm) i lekarot rece deka ne vredi da se stimuliram so klomifen bidejki jajce kletkite ne mi sozrevale dovolono. Predlozi drug tip na stimulacija so gonadotropin, i da odam na inseminacija.
e sega ne znam koj ja dava stimulacijata, dali maticniot ili specijalistot sto ja pravi inseminacijata? bidejki se spremam za in vitro, da ne bide posle od ovoj ne ti priznavame a od onoj ti priznavame . Organizmot mi e haos, stomakot mi e naduen, non stop me boli glava, neraspolozena sum, mi se place,




wanna be mum -> RE: Кломифен (20.8.2013 13:03:32)

sky diver
јас мислам дека за ивф се признаваат инсеминациите без разлика каде се направени само да се 4 прашај си кај матичниот или во темата тука за ИВФ
Ајде дај Боже да изреагираш како што треба со гонадотропинот [sm=smiley1.gif] и да биде инсем успешна

Јас незнам што да правам искрено едни (меѓу кои и мојот д-р) велат доволно е 1 фоликул други и со 2 фол се стимулираат за поголеми шанси сакам од есен да испијам 1-2 дози, една имам досега испиено направив 5 фол 3-4 беа по 19мм и неуспешно. Бидејќи се друго со нас е ок и сега сум се запнала во фоликулите [sm=smiley36.gif] Хормони се знам не се бонбони ама сепак шасните се малце поголеми ај ке подразмислам и онака овој месец ми помина 3ден од менс [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Кломифен (20.8.2013 13:41:54)

Кломифенот е добра работа за стимулирање на фоликули, но нема правило, може да фати со еден фоликул, јас еве на едната инсеминација со кломифен имав 4, а на втората 1 без кломифен, па двете беа неуспешни. Она што знам што го зборуваат докторите е битен квалитетот на јајце клетките, а не бројот на фоликули. Е за добри јајциња јадете матична млеч ... [sm=jezicek.gif]




wanna be mum -> RE: Кломифен (20.8.2013 17:21:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Кломифенот е добра работа за стимулирање на фоликули, но нема правило, може да фати со еден фоликул, јас еве на едната инсеминација со кломифен имав 4, а на втората 1 без кломифен, па двете беа неуспешни. Она што знам што го зборуваат докторите е битен квалитетот на јајце клетките, а не бројот на фоликули. Е за добри јајциња јадете матична млеч ... [sm=jezicek.gif]

Ептен точно битен е квалитет не квантитет [sm=bravo.gif]
Туку сериозно матичен млеч е добар за јајцеклетките? [sm=smiley1.gif] Јас го земам во зима за имунитет-онака.Знам дека е супер ама има нешто конкретно што си слушнала или? [sm=zmeden.gif] Сум пробала низ нет да најдам што е пожелно за квалитетот на јк ама неможам да најдам нешто конкретно освен ( здрава исхрана итн....... )




LoveableMe RR -> RE: Кломифен (20.8.2013 18:00:31)

Само впиши на Google "royal jelly fertility egg quality" ili "royal jelly IVF fertility egg quality"и ќе прочиташ се што те интересира. Позз[sm=bravo.gif]




wanna be mum -> RE: Кломифен (20.8.2013 18:39:23)

[sm=smiley20.gif]
Фала [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Кломифен (30.8.2013 15:01:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: gulabica

Zdravo Ringerajki
Me nema oddamna moze da se kaze,najprvo da ve pozdravam...
Bi sakala da ja spodelam na kratko mojata prikazna t.e mojot pat do bebe sto seuste go nema [sm=smiley19.gif].
Gi napraviv site ispituvanja sto trebase da se napravat i jas i soprugot ka nego e se ok,jas pravev hsg i ispadna deka mojot lev kanal go nema,no spored dr..i toa ne e strasno moze i so eden ako saka...drugoto e se ok...i sega vaka...potocno ova me interesira...
Imam neredoven ciklus ,dobiv na 2.08 a na 5.8 me stavija na klomifen gi piev 5 dena po 2 tableti bev na folikometrija i mi kazaa deka za zal moite jajnici ne reagiraat na klomifen imase dva folikula eden na lev eden na desen jajnik edniot bese 10m a drugiot 12mm.mi dadoa da gi pijam uste dva dena posle bev pak toagas bese 12mm so 14mm bile mnogu mali i zaklucivme deka nema sansi da ostanam bremena i da cekam da dobijam a i veke resiv da odam na in vitro...No na 18.08 jas prokrvarev cista rozeva krv samo eden den imav nekoi cudni bolki vo dolniot del od stomakot i kako napnatost na cel stomak toa mi traese tri dena...sega se custvuvam dobro me boli glavata i sum mnogu napnata bez potreba...dr. mi e na odmor a nesakav da odam kaj bilo koj moze i zgresiv sto ne otidov da vidam sto e problemot..baram pomos od vas sto li moze da bide dali nekoj imal ista situacija kako moajava...i normalno baram sovet sto ponataka....
Izvinete za doilgiot post se nadevam deka bevte trpelivi i me procitavte....
Ve pozdravuvam sitee vi posakuvam ubava nok i da se procitame za ubavi raboti....


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Гулабица, мислам Везилка РР и Меланија РР можат да ти помогнат за оваа тема кломифен и овулација со слични искуства, пиши им приватна порака, ќе споделат искуства со тебе. Инаку, двете се денес мајки на прекрасни синчиња.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Гулабица, тие симтоми што ги кажуваш и јас сум ги имала за време на терапијата со кломифен. Тоа се хормони и организмот реагира на нив. Можеби треба и да ти ја сменат терапијата, штом вели докторот дека не реагираш на кломифен, нели постојат и други лекови за стимулација. А тоа со крварењето за време на овулација, односно во периодот кога треба дасе случи овулацијата, мое мислерње е дека треба да го провериш со гинеколог, без разлика што твојот е на одмор, појдикај замената. Јас не би оставила така, бидејќи сепак си била под терапија. Кломифенот може да предизвика хематоми во јајцеводите, па може и од тоа, да е, но секако побарај си мислење од гинеколог. Гушки и се надеваме заедно со тебе на [sm=rozacrtici.gif] што поскоро.




Melanija RR -> RE: Кломифен (30.8.2013 15:10:10)

gulabica неразбрав од твојот пост,едниот канал не ти е прооден целосно,или?

Секако дека и со еден може да забремениш но многу е важно каков е овој што не е во ред.затоа е најдобро да се направи лапараскопија и хистероскопија.
Во однос на кломифенот тој може да се комбинира и со инекции и да добиеш голем фоликул за да се оплоди.Разговарај со докторо за сите варијанти не избрзувај за ИФВ имаш уште многу можности.

Јас имам два нецелосно проодни канали, бев овулација ,веројатно од продолжено дејство на кломифенот и божја работа забременив природно и еве сега си имаме синче од 15 дена.Со среќа и никогаш не губи надеж но буквално никогаш[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Кломифен (11.10.2013 16:19:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum

Имам едно прашање за сите вас :дали е подобро или поефективно доколку кломифенот се пие 3 месеци по ред или ако решам преку еден месец да правам инсеминација да го прескокнам и пиењето кломифен? [sm=zmeden.gif] Ниту еден доктор т.е сите различно кажуваат ама се намаат дефинитивно изјаснето за континуираното пиење дали помага или стимулацијата си е тогаш за тогаш!!! И уште едно прашање имам ако не се прави инсеминација а се пие кломифен подобро е прегнил или сами фол да си пукнат? Јас еве однапред многу ви благодарам ако ми одговорите од свое искукство или што ве советувале д-рите [sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Се чуствувам компетентна со 8 пати пиен кломифен[sm=jezicek.gif]
Ако имаш овулација не ти е потребно продолжено дејство кое може но немора да значи дека го има.Друго после 2 дози (месеци) кломифен џабе да пиеш без инсеминација е трошење на месеци со кломифен.Според мене по 2 пиења следните пиења кломифен да бидат со инсеминација.Најдобро преку 1-2 месеци за во меѓувреме ако има продолжено дејство може природно да забремениш.
Дали прегнил?Големо да,кломифенот може да направи цисти и фоликулот да не пукне и џабе пропуштена шанса и пиење кломифен.Шемата е кломифен+естрофен+прегнил+утрогестан





Трепетлика -> RE: Кломифен (11.10.2013 23:35:19)

Здраво на сите кои со нетрпение очекуваме нашите [sm=modricrtici.gif]. Јас моите ги чекам веќе 2 ипол години и како што минува времето се помалку ми се чека...Цега сум на терапија со кломифен,се спремам за мојата прва инсеминација (daj boze da bide uspesna pa i posledna). Вчера ми беше 14 ден од циклусот и цело време осеќав јака болка на двата јајника, дали тоа е знак дека сум имала овујација, си реков дај Боже па ја искоростивме приликата со мм. продолжуваме понатаму и со работа и со надеж дека наскоро ќе си го земеме во раце нашето [sm=duda.gif]




mommy_angels RR -> RE: Кломифен (11.10.2013 23:54:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Трепетлика

Здраво на сите кои со нетрпение очекуваме нашите [sm=modricrtici.gif]. Јас моите ги чекам веќе 2 ипол години и како што минува времето се помалку ми се чека...Цега сум на терапија со кломифен,се спремам за мојата прва инсеминација (daj boze da bide uspesna pa i posledna). Вчера ми беше 14 ден од циклусот и цело време осеќав јака болка на двата јајника, дали тоа е знак дека сум имала овујација, си реков дај Боже па ја искоростивме приликата со мм. продолжуваме понатаму и со работа и со надеж дека наскоро ќе си го земеме во раце нашето [sm=duda.gif]

Трепетлика Добредојде ња РР ,се надевам дека тоа бил вашиот момент и наскоро ќе те читаме во темите за [sm=nosecka.gif]




wanna be mum -> RE: Кломифен (12.10.2013 12:05:52)

Меланија фала на одговорот,ептен си компетентна [sm=jezicek.gif] Вака јас Септември пиев кломифен и направив почетокот на Октомври инсеминација е сега сакам преку еден месец да ја направм следната т.е. во Декември . Прашањето ми беше дали во Ноември да пијам кломифен??? [sm=zmeden.gif]
Значи тоа би биле 3 месеци кломифен со 2 инсеминации. Или Ноември кога неправам инсеминација да паузирам и со кломифен? Измеѓу инсеминациите да одмарам и со кломифен?
А шемата што ми ја напиша од прво до последно е истата што ја примам [sm=bravo.gif]
[sm=smiley9.gif][sm=smiley9.gif] се срамам сто сум досадна [sm=smiley27.gif]
[sm=smiley27.gif][sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Кломифен (12.10.2013 13:19:14)

Prasaj go najdobro lekarot sto ke treba dati ja prave inseminacijata klomifen jas kolku sto znam se dava toj mesec koga ke ja praves inseminacijata




MademoiselleNina -> RE: Кломифен (12.10.2013 21:57:52)

Јас пиев 2 пати кломифен.
Во месецот кога пиев имав и инсеминација и после тоа еден циклус пауза, па пак по иста шема пиев кломифен па инсеминација. И двата пати примав инекција хоримон (или така некако). Мислам дека подобро е да има пауза, дури подолга од еден циклус..Јас многу лошо го поднесов второто пиење на кломифен...
Исто зависи дали природно овулираш ...




Bethany -> RE: Кломифен (13.10.2013 10:04:38)

Јас пиев три месеци континуирано, првиот месец имав мнооогу болки, за кои докторот ми кажа дека е нормално бидејќи јајниците ми се "будат", вториот месец помалку болки, а третиот месец скоро па ич и токму тој месец останав бремена.

Зависи од докторот што ќе ти препише терапијата, и што тој самиот ќе утврди дека е најсоодветно.
Кај мене на прегледот се утврди дека ми изостанувала овулација токму тој месец, што во нормални случаеви и не е страшно , бидејќи нормално е не секој месец жената и да овулира, ама бидејќи веќе 2 години се обидувавме за бебе, докторот се одлучи за кломифен, притоа ми кажаа дека после овие три месеци кломифенот ќе има и продолжувачко дејство уште некој месец.

Е сега ако е за инсеминацијата, докторот ќе најмногу знае да процени што е најдобро, ко што кажаа и Мад. Нина, зависи и дали има природна овулација.




wanna be mum -> RE: Кломифен (13.10.2013 11:15:04)

Природна овулација имам кога-како [sm=smiley36.gif] И мене истото ми се случи со првото пиење во Јуни ептен ме болеа јајниците сега во Септември не толку [sm=bravo.gif] Леле во главава ми е хаос да одам со серија од 3 месеци или со паузи ќе одлучам со докторот од понед. ќе закажам па ќе видиме. Морам јас пред време да имам одлучено зошто веке неколку месеци ми доаѓа во петок па да знам- недела 3ден што да правам [sm=zmeden.gif]
фала ви на сите за одговорите [sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]




kate10 -> RE: Кломифен (24.10.2013 14:11:07)

Здраво на сите. Јас сум нова на форумов но сум загрижена и ве молам за помош. Последниот циклус ми беше на 22,09,2013, почнав да пијам Кломифен од 5-9 ден по 2 таблети на ден. Кога отидов на фоликулометрија , имав еден фоликул и тој ми беше 16мм. Докторката ми рече дека нема да имам проблеми со забременување. Пред една недела почнав да имам симптоми: прво зачестено мокрење, изостанок на менструација, умор и поспаност, нозете ме болат, некогаш и рацете, главоболки многу, вртоглавици и по малце гадење. Но еден симптом немам, градите не ме болат воопшто, само денес осетив мало пецкање на нив на брадавиците. Ве молам за помош, дали имала некоја вакви симптоми па е останала бремена. Не знам што да мислам, во петок треба да одам на контрола па тогаш ке видиме, ама сепак сум загрижена. Ве молам за одговор. Поздрав до сите
Заборавив да напоменам , исто имам и болки во долниот дел на грбот и грчеви кај јајниците, и многу бело прање (дури е густ ). Дали е можно да сум бремена?
Ве молам за одговор [sm=zmeden.gif]




wanna be mum -> RE: Кломифен (25.10.2013 12:55:26)

kate10 направи си тест,трк до аптека за 10мин ќе ја решиш дилемата, чекаме да не израдуваш, [sm=smiley31.gif]




kate10 -> RE: Кломифен (25.10.2013 21:32:08)

денес бев на гинеколог ама тој гинеколог никој не го сака и не кажува точно. првиот пат кога ме прегледа ми вели немаш ништо се е во ред, а јас си знам дека имам ПЦО и тоа ми го потврди друг гинеколог. Денес бев кај тој стариот и ми вели нема ништо, а јас упорно ги имам истите симптоми и немам циклус сеуште. Во понеделник ке одам кај другиот гинеколог и дај боже да останам бремена. Вие по ваше мислење што мислите, дали сум бремена?[sm=nosecka.gif] оти ми е страв да земам тест [sm=smiley1.gif] офф ова исчекување убива [sm=smiley19.gif]




Bethany -> RE: Кломифен (26.10.2013 9:23:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kate10

денес бев на гинеколог ама тој гинеколог никој не го сака и не кажува точно. првиот пат кога ме прегледа ми вели немаш ништо се е во ред, а јас си знам дека имам ПЦО и тоа ми го потврди друг гинеколог. Денес бев кај тој стариот и ми вели нема ништо, а јас упорно ги имам истите симптоми и немам циклус сеуште. Во понеделник ке одам кај другиот гинеколог и дај боже да останам бремена. Вие по ваше мислење што мислите, дали сум бремена?[sm=nosecka.gif] оти ми е страв да земам тест [sm=smiley1.gif] офф ова исчекување убива [sm=smiley19.gif]

Кате10, а ти касни ли циклусот?
Во секој случај, не се многу ослонувај на симптомите, тие можат да значат дека си бремена, ама не даваат гаранција [sm=smiley1.gif]
Плус кај секоја жена се различити. Јас например кога останав бремена, исто со кломифен, имав таков бел исцедок.
Ама сепак би ти препорачала да не се оптеретуваш многу, плус ако не ти касни докторот не може се уште ништо ни да види на ехо, затоа сачекај циклус, ако ти касни, биди храбра , направи тест [sm=smiley1.gif]
Јас ти посакувам од се срце да си бремена, а ти пиши што си направила.




kate10 -> RE: Кломифен (26.10.2013 15:02:01)

циклусот сеуште ми касни, а требаше да добијам на 19, докторот ми рече дека ако нема ништо требало да ми дојде на 28 дена, ама ете сеуште нема ништо, инаку ова ми е втор пат со кломифен, првиот пат направивме промашај со маж ми [sm=smiley36.gif] и тогаш ми дојде циклусот точно на 28 ден, ама сега ете нема сеуште ништо, а инаку другите симптоми ги имам. Трчам на секое во тоалетот да си сменам гаки [sm=bravo.gif][sm=smiley36.gif] е сега во понеделник ке одам кај докторката оти таа ми е сигурна, таа ми го препиша кломифенот, па ке видиме зошто немам циклус. дај боже да ме израдува со едно [sm=duda.gif] Веднаш ке пишам како сум поминала. Стискајте палци да сум [sm=nosecka.gif]




LoveableMe RR -> RE: Кломифен (28.10.2013 12:44:42)

Kate 10, што има ново? [sm=smiley1.gif]




Milicka 30 -> RE: Кломифен (30.10.2013 21:59:49)

Девојки сакам да ве прашам нешто , втор циклус пиев кломифен , па ме интересира дали кломифенот ви го има пореметено циклусот. Јас цела недела имам по многу малку розникав исцедок а никако да добијам. Незнам дали да се консултирам со мојот гинеколог.




tinush -> RE: Кломифен (30.10.2013 22:57:28)

Добивме Кломифен [sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Кломифен (30.10.2013 22:59:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Девојки сакам да ве прашам нешто , втор циклус пиев кломифен , па ме интересира дали кломифенот ви го има пореметено циклусот. Јас цела недела имам по многу малку розникав исцедок а никако да добијам. Незнам дали да се консултирам со мојот гинеколог.


Milicka 30, јас имав редован циклус на 26 дена.
Првиот месец со пиење кломифен добив покасно на 28-29 дена, вториот месец ми се помести за уште ден-два покасно. Така да е можно и очекивано да ти се помести циклус, е сега за тој исцедок не знам што да ти кажам, не ми се случуваше такво нешто.
Контактирај го докторот за секој случај, ако си загрижена. Јас навивам за [sm=modricrtici.gif] во секој случај [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  20 21 [22] 23 24   Следна страница >   >>