Филипини: Стомачен танц за трудници (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Вежбање



Порака


Julie1 -> Филипини: Стомачен танц за трудници (20.6.2009 21:48:49)

Додека најголемиот дел трудници се грижат за соодветната храна, за мирен сон и избегнуваат физички напор, овие прекрасни жени од Филипините се на прсти и ги вежбаат нивните стомаци
Во салата на гинекологот Стефани Феј учат стомачен танц, кој е убаво изненадување за сопрузите и истовремено добро за здравјето на бебето!

„Кога жената е бремена, чувствува голема тежина, сосбено кога се движи, како да носи двајца луѓе. Тој проблем го имаат речиси сите трудници – но, ако вежбаат може да се движат без потешкотии!“ вели Мери.

Организаторката на стомачниот танц за трудници, Стефани, вели дека вежбите им помагаат на мајките и во текот на бременоста да ја задржат нивната женственост.

„Да се биде секси е прашање на личен став, а не на физичките атрибути. Кога ќе забременат и ќе почне да им расте стомакот, мнозинството жени мислат дека веќе не се секси и убави за нивните сопрузи. Но, кога практицираат јога и стомачен танц откриваат дека тоа не е точно!“ смета гинекологот Стефани Феј.

Инаку, спротивно на верувањето во народот, стомачниот танц не бил средство на конкубините за заведување на владетелите, туку дел од блискоисточната традиција на преминот од девојче во жена. Се практикувал на фамилијарни средби и во ритуали за добредојде на новороденчиња. Докторите сметаат дека танцувањето за време на бременоста не е штетно, доколку се избегнуваат скокови и нагли движења, како и тренирање мускули.  

на следниот линк го прочитав http://alsat-m.tv/mk/vesti/zemja/10224.html, и баш ме интересира мислењето на нашите трудници а и останатите: доколку има нешто вакво кај нас би посетувале?

Постојат кај нас часови за стомачни танци?




Еца -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (21.6.2009 7:23:42)

Има и кај нас часови за стомачни танци, но не знам дали практикуваат и дали имаат за трудници.Во секој случај интересно и убаво, а и корисно, бидејќи е точно тоа дека поголемиот дел од жените за време на бременоста сметаат дека не се секси со стомачето и менувањето на нините облини, со што јас лично не се сложувам.Мислам дека секоја трудница е секси и најубава на свет![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Anushka -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (21.6.2009 13:23:31)

DEFINITIVNO!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Se slozuvam so celata rubrika, Julie. Sekoj den dvojam polovina cas za aerobik (duri i sega, vo 9-ti). Iako toa e tolku sporo i lici poveke na tai ci cuan (ha, ha), sepak se dvizam. Vo lift ne se vozam. Ako ne go pravev seto ova, mislam deka bremenosta vo ovie godini ke mi bese vistinski tovar.
Nasite tela ne poznavaat granici, niv gi postavuva nasiot um. Stomacen tanc e vistinski izbor za zenata za koja site zaboravaat deka e zena, a ne transporter,m da se cuvstvuva povtorno sexy[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (2.9.2009 9:52:34)

Ајде трудници..играте ли вие по дома...знаете дека тоа е здраво за вас..па пуштете музика и денсајте




pericka -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (29.1.2010 15:25:57)

heheh stomacen tanc




janastoj -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (12.5.2010 23:11:19)

Ova e mnogu interesno[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] dali nekoj praktikuval?  




niki -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (12.5.2010 23:57:15)

Ооооооох ова е една моја неостварена желба, не само во бременоста туку воопшто.
Ако ме послужи среќата да се преселам во некое нормално место за живеење ова ми е една од првите точки за исполнување на листата желби.
Стомачниот танц е многу секси, а и облеките што ги носат во такви прилики и жените зрачат со самодоверба, да не збориме за доживувањето на мажите.
Полн погодок[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




Stefanija Stefi -> RE: Филипини: Стомачен танц за трудници (1.5.2014 12:31:28)

woooow, стомачен танц за време на бременоста [sm=smiley36.gif] навистина одлично е, но не танцувам а мислам и не ме бива [sm=smiley9.gif] сепак баш би сакала и тоа да го пробам [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]