Матеа -> RE: Тропско овошје (8.2.2010 21:29:31)
|
ГРЕЈПФРУТ Само половина грејпфрут ја обезбедува дневната потреба за витамин Ц, а исто така е добар извор на растителни влакна и витамин А. Освежувачкиот, сочен сок на грејпфрутот има дополнителна вредност затоа што создава чувство на ситост, а за возврат има помалку калории. Помага во губењето на вишок килограми, а научниците сметаат дека ваквото дејство на грејпфрутот што е поврзано со неговото дејство, го намалува нивото на инсулин во крвта. Инсулинот се користи во метаболизмот на шеќерот. Колку повеќе шеќерот ефикасно се метаболизира, поголема е веројатноста да се складира како масна залиха во телото. Грејпфрутот, особено црвениот може да помогне во намалување на холестеролот врз основа на новите студии. Испитаниците ги поделиле во три групи ксј кои се применува диета со намален внес на маснотии и намален број на калории со што првата група дневно внесувала еден грејпфрут, втората внесувала еден жолт грејпфрут и третата била само на специјална диета. Првата група која внесувала по еден грејпфрут има најголемо намалување на ЛДЛ холестеролот, намалување на нивото на триглицеридите во крвта, потоа следи групата која внесувала по еден жолт грејпфрут и третата оние кои биле само на специјална диета. Кај последниве две групи се забележале само промени на нивото на триглицеридите. Црвениот грепфрут содржи повеќе антиоксиданси од обичниот грејфрут, па може и тоа да е причина за нивното поволно дејствување на триглицеридите. Препораката на овој истражувачки тим е луѓето што страдаат од високо ниво на холестерол во крвта, задолжително да внесуваат по еден грејпфрут дневно во исхраната. Пред да се почне со консумирањето на грејпфрут, задолжително е консултација со лекар затоа што некои лекови се во интеракција со сокот од грејпфрут, како што се лековите за намалување на нивото на холестеролот во крвта, некои лекови за намалување на крвниот притисок, срцевиот ритам, антидепресиви и лекови против анксиозност. СОК ОД ГРЕЈПФРУТ ЗА ПОДОБРО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА Q 10 Коензимот Q 10 му е потребен на организмот за производство на енергија, а е забележана и неговата превентивна функција во отстранувањето на ангина пекторис, срцев удар, и при зголемен притисок. Q 10 има својство слично на витаминот Д, но за разлика од витамините, човечкиот организам може сам да го произведе. Неговото производство почнува да опаѓа по 40-тата година од животот, заради што е потребно да се суплементира. Со оглед на тоа што за Q 10 - липофилан, односно за неговата ресорпција и искористување се потребни маснотии, по правило, потребно е да се земаат со јадење кое содржи масти. Нова вест е дека е доволно да се консумира сок од грејпфрут за да се зголеми неговата искористеност, и тоа, двојно повеќе.
|
|
|
|