Загрижени сме за... (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


ripce -> Загрижени сме за... (6.2.2010 18:47:05)

Загриженоста е честа појава во денешниот стил на живеење. Загрижени сме за семејството, работата, здравјето. Многумина се насекирани за пријателите или, пак, за сегашнава ситуација во државата. Експертите ја дефинираат загриженоста како состојба на дилема и период кога доаѓате во судир со личните ставови околу нештата што ви се битни.

Понекогаш зачестената загриженост станува проблем сам за себе. Загриженоста може да ја намали дневната активност, да ја намали вашата работна способност. Често сте расеани и имате намалена можност за концентрација или имате проблеми со заспивањето. Многу е сериозно кога сфаќате дека не сте во состојба да се справите со загриженоста, дека ви го контролира животот и ви го модифицира стилот на живеење.

Колку често сте загрижени?
Што најчесто ве загрижува?
Колку загриженоста влијае врз вашите секојдневни активности, врз вашата работна способност?




BILE.F -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 10:59:03)

Ајде јас да почнам!
Како прво најмногу се загрижувам за моето семејство, а после најблиските.
Загрижена сум и за работата, кога има проблеми, зашто струката ми е осетлива.
Домашните грижи гледам да не ги мешам со работата, за да не оставам последици пак на ова поле.
И работата те отргнува барем за кратко време од проблемите.
А за другите работи што се надвор од мојот круг, се грижам, ако можам помагам, ама не дозволувам да ми влијаат на обврските и моето секојдневие!




melody -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 14:36:53)

Mnogu cesto sum zagrizena i toa najmnogu za semejstvoto pa potoa kako vtora mi e rabotata.Za prijatelite i rodninite mnooogu retko,osven ako mi e pobarana pomos i razmisluvam samo denta eventualno utredenta.
Inaku mnoooogu zagrizenosta mi vlijae na psihofizickata sostojba i koga sum takva mnogu sum neotesana i nedupotrebliva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]Dobro e toa sto znam da si ja iskontroliram i momentalno od pesimist vo optimist da se pretvoram[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Saturn -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 16:37:00)

Прво за моето семејство, најмногу сум загрижена за здравјето на децата, кога имаат температура или сл. ако не ми јадат, или кога ќерка ми прави проблеми со спиењето, па за родителите, за нивното здравје, кога гледам дека стареат, а понекогаш и за работата и финансиите. 




Annabel -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 18:27:37)

И јас нормално се грижам за моето семејство, ама најмногу ме загрижуваат моите родители како и Saturn. Прво пто не сме во ист град, второ што стареат и се почест се болни, па кој ќе се грижи за нив...




caci20 -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 18:39:21)

Загрижена сум за опстанокот, за работата, за тоа што мм не може да најде работа. Загрижена сум кога Петар е болен, за себе што не можат да ми откријат каде го губам железото и што едвај преживувам ден за ден се поомалаксана и депресивна. Загрижена сум за брат ми, за веќе еднаш да се среди.




penelopa -> RE: Загрижени сме за... (7.2.2010 19:43:14)

Накратко за се што ми е важно во животот!




mamasane -> RE: Загрижени сме за... (8.2.2010 8:24:46)

Најголема загриженост чувствувам за здравјето на моите најблиски пред се за синчето, и за малку затнато носе мене ме фаќа паника. Исто така загрижена сум што маж ми работи во многу лоши услови кои му се одразуваат на здравјето и затоа ќе бидам пресреќна ако најде некоја подобра работа. И секако дека се грижам за работата иако за сега е се во ред ама во денешно време човек не може да се опушти и да биде сигурен во ништо.




Maca25 -> RE: Загрижени сме за... (29.6.2011 21:15:57)

....здравјето на моите најблиски, за моето здравје, за станбеното прашање, кредити, работа....и уште еден куп работи.Не знам како да се справам више со се!




Тања РР -> RE: Загрижени сме за... (30.6.2011 1:49:15)

Уринарната инфекција на ќерка ми, пак се врати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Загрижени сме за... (30.6.2011 8:37:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

....здравјето на моите најблиски, за моето здравје, за станбеното прашање, кредити, работа....и уште еден куп работи.Не знам како да се справам више со се!









Џесика -> RE: Загрижени сме за... (2.7.2011 23:05:49)

Оф, загрижена сум за здравјето на мм, за мое вработување, и за моите нерви!!!




AnnaMolly RR -> RE: Загрижени сме за... (2.7.2011 23:10:52)

Моментално сум загрижена за мојот висок крвен притисок...




Bogdancanka -> RE: Загрижени сме за... (3.7.2011 16:17:52)

Zagrizena sum za brat mi i za negovite ludi idei[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Загрижени сме за... (3.7.2011 18:22:59)

Летувањето на Марио во Градиште, можното заминување на мм во Германија..... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: Загрижени сме за... (8.6.2012 15:47:50)

zagrizena sum sto kolku pari da vleguvaat vo kukja pak ne stiga i ne stiga...i neznam do koga vaka,valjda eden den ke mi se prosvetli i mene,zagrizena sum toa dali ke uspeam da se premestam na bolje mesto koga ke zavrsam so fakultetot,zagrizena sum kako ke pomineme u gradinka od septemvri....u princip grizive mi se za bliska idnina...ne sakam da se zamaram sto ke bide za nekolku godini




vezilka RR -> RE: Загрижени сме за... (8.6.2012 16:02:06)

Денес богами се загрижив на каде иде нашава Македонија, пола народ е неписмен, кај помладиве мислам уште пострашно е, и никој ич уво не го боли за тоа!!!




ananikol -> RE: Загрижени сме за... (8.6.2012 23:36:45)



Zagrizena sum za moeto malo since,26h bevme pod visoka temperatura a potoa iscezna skroz nenadejno kako i sto dojde.Napravivme istituvanje na urina i krv -se e vo granicite na normala...no jas sepak,sepak cuvstvuvam deka nesto nee vo red....




penelopa -> RE: Загрижени сме за... (9.6.2012 12:40:46)

Ме загрижува што во последно време сум станала голем песимист и нон стоп мислам на лоши работи. Посебно сум загрижена за [sm=duda.gif]




Bogdancanka -> RE: Загрижени сме за... (24.9.2012 13:37:50)

zagrizena sum za mojata izbrzlivost,mnogu cesto pocnav da izbrzuvam za se, toa sto sum naumila toa si kazuvam bez da razmislam na posledicite...vakvoto ponasanje moram da go kontroliram ama kako [sm=zmeden.gif]ne gledam koj i sto ima okolu mene....ete denes imav edna slucka sto od moeto nerazmisluvanje drugi zagazuvaat ah lele sega me jade nerva ama gotovo veke bidna[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]svesna sum deka za se si treba mesto i vreme ama ajde de.....





lilicka -> RE: Загрижени сме за... (24.9.2012 14:41:19)

Многу сум загрижена за здравјето на мојот татко[sm=smiley19.gif]




Barbicki2 -> RE: Загрижени сме за... (24.9.2012 15:03:09)

cel zivot sum zagrizena da ne mi umre nekoj blizok,mn mi e strav,isto od soobrakajki,mnogu se grizam koga ke patuvame na avtopat,i za mm sekoj den zosto e sofer.




Melanija RR -> RE: Загрижени сме за... (15.10.2012 14:22:22)

Загрижена сум зошто пак сум без работа [sm=zmeden.gif] таман ќе тргне втора-трета плата и оп толку.Никако да поуживаме додека сме сами со мм и на раат да прошетаме [sm=smiley13.gif]




kremco -> RE: Загрижени сме за... (17.10.2012 19:30:41)

Nastrana nasiot zivot,zagrizena sum za edno semejstvo kaj nas vo blizina.Ziveat mnogu siromasno,da se kaze bedno majkata e samohrana ,so svekrva i 4 deca,tatkoto e skoro pocinat i imaat bebe,ziveele od stocarstvo ama nasiov narod im ukrale del od dobitokot.Gi vidov na vakcina i vednas morav da im pomognam,se rasprasav za adresa i ime.Ne dobivaat socijalna pomos.Sobravme mnogu alista,igracki pa duri i pari i hrana doma i trgnavme da gi barame,seloto se vika Vince i izgleda zafrleno kako da e srednovekovno.Im odnesovme se sto mozevme,radosta bese ogromna,ama sega postojano mislam na tie deca,kako li prezivuvaat,toa tolku me opteretuva da nemozam da funkcioniram.




mosa -> RE: Загрижени сме за... (17.10.2012 21:56:57)

Zagrizena sum za mm zatoa sto e vozac i mnogu se sekiram za nego,se sekiram i za toa koga ke go prijavat na rabota,se sekiram i za sin mi,malecok e no jas se sekiram za toa dali go vospituvam pravilno,za mojte zivci,za toa koga ke si gi sredam hormonite,za smetkite,kreditot,koga ke izlezeme od krizava,za bratmi(srednoskolec e),pa da ne zabega po losi patista,za zdravjeto na mojte.




Страница: [1]