RE: деца со аутизам (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


plavi -> RE: деца со аутизам (19.12.2011 12:03:01)

mamicka ,podolgo vreme ne sum se uklucila na stranicata pa moze veke ti e zadocneta informacijata.No sepak bezglutensko brasno moxe da najdete vo avtokomanda vo prodavnicata Anni de Vita ,vo trgovski centar vo prodavnicata za organska hrana biotek nad kino milenium,a ima i nase makedonsko vo Damex vo Vizbegovo.Ako ti trebat nekoi podetalni informacii pisi Pozdrav




igoraleksandar -> RE: деца со аутизам (19.1.2012 19:49:20)

imam dete na 4 godini so simtomi na autizam.dosega sme bile samo vo zavodot za mentalno zdravje kaj simpo.dosega primase gamibetal i bedoksin i osetivne podobruvanje.pocna da povtoruva po nekoj zbor no bez nivno znacenje.pocna da podrazbira po nekoja komanda kako zatvori ja vratata,ajde da odime gore ili ajde da odime dolu.bevme na kontrola vo zavodot i ni zakazaa za eeg a momentalno prekina so gamibetalot,no zema eglonil sirup.ve molam roditeli na vakvi deca za kontakt barem nekoj neka me upati sto da pravam za moeto dete!!!!




beki RR -> RE: деца со аутизам (19.1.2012 22:45:31)

igoraleksandar ti prativ privatna poraka. Dimus ima golemo iskusto so terapii. Nema da mu e problem da ti pomogne. 




plavi -> RE: деца со аутизам (22.1.2012 22:58:17)

Spored ona sto sme pominale nie znaci moras eeg i magnetna prvo i osnovno da se napravi,potoa site drugi analizi.Nie sme pacient na Cem,Kinaci a nego mozeta da go dobite vo Sistina na nuklearna .Ako ve interesira nesto sto mozema da vi pomogneme slobodno obratete se.Pozdrav i vi posakuvam se najubavo




kikicka -> RE: деца со аутизам (16.4.2012 19:13:40)

Сензорната соба во пресрет на Светскиот ден на аутизмот - 2-ри април, ја пуштија министерот за образование и наука Панче Кралев и генералниот директор на Вип оператор, Никола Љушев.

Сензорната соба, наменета за децата со аутизам кои својата редовна настава ја посетуваат во ова училиште, е во согласност со светските стандарди, а има за цел да им овозможи на дечињата соодветни услови за непречено посетување на наставата.

Се применува на лица со сензитивни, конгитивни, физички и психички хендикеп. Создадена е за перцепции кои им се потребни на учениците во еден дел за забавна активност, друг дел овозможува мултисензорни активности, додека трет дел овозможува релаксација.

Сензорната соба промовира релаксација низ контролирана употреба на арома, тактилна, аудитивна и визуелна стимулација, кои се неопходни за третман на лицата со аутизам.

- Со отворањето на оваа просторија ќе постигнеме значаен напредок во работата со децата попречени во психофизичкиот развој. Сензорната соба која е опремена со спејс проектор, платформа за седење и душек, сад со водени ефекти и меури, фибер влакна и извор на лед влакна, претставува основа за стимулативни активности и искуства. Станува збор за специјално изолирана соба во која ќе се користат овие стимулативни активности со цел да се постигне зголемување на свесноста и да се поттикне позитивното однесување кај децата со дисфункција на сензорната интеграција. На прв поглед потсетува на дискотека или соба за релаксација каква што секој би посакал да ја има, но всушност се работи за тераписка соба кој истовремено ги стимулира сите сетила, изјави Мери Стојкова, директор на ПОУ „д-р Златан Сремец“.

Средствата за сензорната соба беа обезбедени од страна на вработените на Вип кои ги откупија своите користени службени компјутери и одлучија средствата да ги донираат за опремување на сензорната соба.

- Во низата хуманитарни активности во кои вработените на Вип активно и несебично учествуваат, задоволство ми е што повторно вбројуваме уште една иницијатива со која им помагаме на најмладите. Општествената одговорност е концепт кој е втемелен во стратегијата на Вип и во срцата на нашите колеги и ќе продолжиме да помагаме онаму каде помошта е најпотребна, обезбедувајќи притоа повеќе вредност за општеството, за најмладите, изјави Никола Љушев, генерален директор на Вип.

Посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ работи според посебни планови и програми ревидирани од страна на Бирото за развој на образование при Министерството на Република Македонија, а прилагодени според индивидуалните можности и способности на секое дете.

Министерот за образовние и наука кој беше присутен на отворањето на сензорната соба ја истакна својата поддршка за проекти од ваков вид.

- Инклузијата на децата со посебни потреби зазема посебно место во настојувањата на нашето општество да обезбеди подеднакви услови за нивна целосна социјална интеграција. Силната корпоративна општествена одговорност на Вип која е изразена преку оваа донација ќе придонесе да создадеме подобри услови за децата со посебни потреби, притоа почитувајќи ги нивните индивидуални потреби, рече министерот Кралев.

Во моментов, во ПОУ д-р Златан Сремец настава посетуваат 25 ученици со аутизам кои се распределени во различни паралелки.

Извор:Курир.мк




plavi -> RE: деца со аутизам (24.4.2012 22:48:01)

posetete ja stranata na zdruzenieto Vo mojot svet cel april go odbelezuvaat so aktivnosti kako mesec na autizmot




tatjanarace -> RE: деца со аутизам (28.11.2012 22:28:51)

Безглутенско брашно , просо, хељда и др безглутенски производи во продавницата Биоактив во Карпош 4 ТЦ Антико во редот на Стопанска банка




Fiao -> RE: деца со аутизам (20.3.2013 0:24:59)

До сите родители сегашни и идни особено оние на аутистични деца, погледнете го видеото мене ми се чини многу корисно. Можеби некои од вас и веќе го гледале, оваа мајка тврди дека своето дете преку храната го излечила во целост!
КЛИК ТУКА!




Melanija RR -> RE: деца со аутизам (2.4.2013 12:58:32)

Покана за Меѓународниот ден на аутизмот-2013

По повод Меѓународниот ден на аутизмот, 2-ри Април здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ги отпочнува и овогодинешните активности за одбележување на овој меѓународен датум, а воедно и ќе спроведе кампања под мотото „ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ“ во текот на целиот месец Април. Централното одбележување ќе се случува на 2-ри Април 2013 година со почеток во 16 часот во Skopje City Mall.

Како увод во настанот претходно членовите на мото клубот НОЌНИ ВОЛЦИ ќе извозат почесен круг низ улиците на градот.

Настанот ќе го отворат г-нот Ивајло Иванов (генерален менаџер на Skopje City Mall, домаќин на настанот и подржувач на кампањата), г-нот Златко Стојановски (претседател на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ) и г-нот Иван Петков (амбасадор на Р. Бугарија во РМ) и ќе бидат доделени благодарници на општествено најодговорните институции и компании за помош и подршка на здружението во борбата против аутистичниот спектар на нарушувања.

Следува составување на голема слагалка со боите на аутизмот од страна на децата со аутизам и истакнати гости на настанот. Во музичкиот дел со програма и рецитали ќе настапат дечињата од ПОУ „Иднина“, ПОУ „Д-рЗлатан Сремац“, ДСУ „Св. Наум Охридски“, ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес и ОУ „Коле Неделковски“. На крајот сите дечиња со родителите се поканети во игротеката Imaginarium во Skopje City Mall каде ќе бидат забавувани од аниматори.

Покровител на овогодинешната кампања е сопругата на Претседателот на РМ г-ѓата Маја Иванова.

Ве покануваме и очекуваме да го одбележиме овој значаен меѓународен датум и заеднички да придонесеме за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група на наши сограѓани.

Да го направиме светот подобро место за живеење !

Извор: Во Мојот свет




LukA11 -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 16:24:04)

Pozdrav do site na forumot,moeto since seuste nema 2god no ne zboruva nisto,zagrizena sum vece podolgo vreme,citajki po internet procitav za sindromot Autizam,koga otidov kaj nasata maticna lekarka taa me nenormalna.Mi rece,kako prvo autisticno dete ne place od doktor i ne reagira na bel mantil (a,moevo e isplaseno uste od mal,ednas imase pnevmonija-zavrsivme vo kozle i od togas koga ke vidi nekoj vo bel mantil,istiot mig pocnuva da place ) Kako mozete od zdravi ,pravi deca da pravite bolni,ahhh vie mladi majki i toj internet itn. Toa bea nejzinite zborovi voedno i odgovorot na moeto prasanje .Uste ovaa zaboraviv da go kazam deka i jas nemam zboruvano do 3g .Posle 3tata godina sum pocnala naednas celi recenici.




rina13 -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 16:36:41)

Лука11 ние мајките бараме проблем и таму кај што нема најверојатно бидејќи 24 часа во денот мислиме на децата.Има деца кои не зборат до 4 год а после неможеш да ги запреш.Ќе прозбори кога најмалку очекуваш.




tinush -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 17:09:50)

Luka11 mojot vnuk ima autizam i ushte pred vtorata godina burno reagirashe na lekari i beli mantili, duri placeshe i na edna doktorka koga ke ja videshe na ulica. Moj sovet ti e da se obratish do Sistina tamu doaga eden lekar od Turcija, ili kaj nekoj od nashite Sovetuvalishta za rast i razvoj kako ona na dr Dvojakov vo poliklinika Cair. Cisto za da bidesh mirna kontaktiraj nekoja od majkite na forumov ili zdruzenieto za autizam . Pozd i mn sreka.




Bethany -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 17:27:11)


Незборувањето на таа возраст воопшто не може да укажува на аутизам, може да биде само пропратна појава кај детето кое се наоѓа некаде во аутистичен спектар. Тоа е толку широка област и постојат различити степени на аутизмот.
А детето кое покажува симптоми на аутизмот сигурно ќе биде "почудно" во односот на другите деца на неговата возраст, ама не може тоа да се издвои само еден симптом и веднаш да се прогласи аутистично. Кога кажав почудно, мислам на тоа да е повеќе во својот свет, нема контакт со очите, со саати пример може да ги врти точкови на количките, да ги реди во ред и сл. работи. Ова онака грубо набројав.
Еве едно видео од јутјуб, на англиски е само. What is autism? Do you know the signs? А има уште многу други, информативни.

Лука11, твојата матична сигурно го познава детето за да може да каже да се развива како што треба соодветно на неговата возраст. Можеби ти навела пример кои ете прв и паднал на мисла. Можеби сакала да рече дека тој има контакт со луѓето, реагира на нив. А да мислиш дека само поради незборувањето е аутистично е апсурно. И моето синче се уште нема две години (22месеци) и многу малку зборови има, па сигурно не е аутистично. Ти сигурно ја знаеш подобро состојбата, ама ако се сомневаш само поради незборувањето, тоа ти е недоволна основа за сомнеж.




LukA11 -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 22:40:30)

kako majka zagrizena sum,no maticnata me zbuni uste poveke,kontakt so oci ostvaruva so site,mozeme i po 10-15min da se gledame vo oci,ludje prepoznava site gi znae, baba,tato,dedo,tete,dada , kaj e tato-vednas poglednuva vo nego,so predmeti i igracki ne e privrzan,namerno ke mu gi zemam koga ke se zaigra so nesto,toj ne place,si zema nesto drugo i prodolzuva da si igra.sam jade,sam si go drzi siseto koga ke pie mleko,caj voda,e pelenite nemozeme seuste da gi odvikneme.Se pozdravuva koga ke mu prizis raka,pravi sportski pozdrav,se bacuva,se guska,so bratuceda mu igraat krienka se krie vo kosovi itn.




LukA11 -> RE: деца со аутизам (12.7.2013 23:53:40)

Me interesira kako se dijagnosticira,voedno prasanjevo e i do drugite clenovi,koi mozat da mi odgovorat,znaci vo sto se sostoi? dali se toa testiranja,krvni sliki ? magnetni rezonanci ?obicen rutinski pregled ?
ИЗВОРНА ПОРАКА: tinush

Luka11 mojot vnuk ima autizam i ushte pred vtorata godina burno reagirashe na lekari i beli mantili, duri placeshe i na edna doktorka koga ke ja videshe na ulica. Moj sovet ti e da se obratish do Sistina tamu doaga eden lekar od Turcija, ili kaj nekoj od nashite Sovetuvalishta za rast i razvoj kako ona na dr Dvojakov vo poliklinika Cair. Cisto za da bidesh mirna kontaktiraj nekoja od majkite na forumov ili zdruzenieto za autizam . Pozd i mn sreka.





sandriana RR -> RE: деца со аутизам (13.7.2013 10:57:17)

Аутизмот го дефинираат како состојба. и збир на симптоми. Дел од тие симптоми се и отсутност, нереагирање на повик, неможност да за задржи внимание, хиперактивност, неартикулирани звуци, и уште многу други детали. Прегледи се прават или кај др. Софијанов (не знам точно каде работи сега, но можам деновиве да добијам инфо) или кај др. Двојаков (поликлиника БитПазар), или пак кај др. Мери Бошкова (центар за ментално здравје кај Симпо во Карпош). Матичен лекар дава упат за кај овие доктори, а потоа тие упатуваат на соодветни прегледи - ЕЕГ, магнетна резонанца, психо тестови, тестови за моторика и сл.
Искрено се надевам дека кај Вас нема ништо од она од што се плашите, но за да Ви е мирна душата обратете се за преглед кај некој од овие доктори.




bilence80 -> RE: деца со аутизам (2.8.2013 14:58:18)

Zdravo na site clenovi na forumot,milo mi e sto konecno najdov vakvo nesto po netov,na moeto sedum godisno detetnce skoro mu bese dadeno dijagnoza Disharmonicen Razvoj vo zavodot vo Simpo i terapija Gamalon i Neuroforte.Pocnavme so terapijata pred tri nedeli i voedno so casovi kaj defektolog.Nema nekoj napredok iako e seuste rano da se kaze.Me interesirat vasi iskustva i normalno bi sakala da mi preporacate psihijatar ili psiholog nekoj dobar dijagnosticar neznam ni samata sto veke.No sekako potrebno mi e i vtoro i treto mislenje od strucno lice.Ne deka nekoj ke mi kaze deka moeto dete e ok i prethodniot zgresil so dijagnozata no bi sakala da znam sto da pravam i kade e najdobro da go nosam na terapija.Pozdrav do site i se izvinuvam nova sum i nemam pojma kako se koristi forumov.Pozdrav

[sm=kuza.gif]




Bethany -> RE: деца со аутизам (2.8.2013 19:07:30)

Биленце80, добредојде на РР, ти посакувам да можеш да најдеш корисни информации тука, и пред се поддршка кога ти затреба.
Се надевам ќе се јави некој наскоро кој ќе ти даде подетални информации за твоето прашање. [sm=smiley31.gif]




Мамичка -> RE: деца со аутизам (20.8.2013 12:35:59)

Zdr. Bilence80 . Neznam kako mu dale Neuroforte na dete od 7 god. koga tie suplementi se davaat na deca nad 12 god? Koe obrazlozenie vi go dadoa za koristenje na istite?pozz




plavi -> RE: деца со аутизам (23.8.2013 3:36:05)

bilence,
od gamibedalot rezultati vednash ne ocekuvaj,ako navistina deteto ima atipicen razvoj Vi sovetuvam dr.selakovic od beograd doaga kon krajot na avgust kontaktirajte je za mislenje.dr.kimaci veke ne doaga vo sistina,a od nashite lekari jas licno nemam nekoe dobro iskustvo najlesno im e so dijagnoza disharmonicen razvoj.Mislam deka najdobra terapija e rabota so dobar defektolog so primena na senzorijalna terapija.
luka 11, vie najdobro osekate dali so vasheto dete e se vo red ,ako e taka super,a ako postoi i mal somnez mozebi i najmal problem bi ve sovetuvala kolku porano mu pristapite na problemot tolku polesno ke go reshite
pozdrav




Мамичка -> RE: деца со аутизам (23.8.2013 10:18:46)

A nema li poveke da doaga Cem Cinazi ovde vo skopje ili ? sto e rabotava on si ima postojani pacienti tuka???

A neznam za sto go davat Neuroforte za smiruvanje na decava ili za potiknuvanje za razbuduvanje da kazam.

A za GAmibetalot mozam da kazam deka nema efekt bar kaj nas i go koristevme nekolku godini i detevo e isto i so nego i bez nego samo rabota i rabota treba i sekako sto poveke na zdrava hrana i mnogu suplementi vo odnos na vitamini i sl.




bilence80 -> RE: деца со аутизам (30.8.2013 16:11:52)

A kako mozam da dojdam do dr.Selakovic za da zakazam,vaka vo konsultacija so nekolku defektolozi i pedagozi nemaat bas dobro mislenje za zavodot kaj Simpo?




Мамичка -> RE: деца со аутизам (31.8.2013 7:29:06)

Zdr. Bilence80 . Neznam kako mu dale Neuroforte na dete od 7 god. koga tie suplementi se davaat na deca nad 12 god? Koe obrazlozenie vi go dadoa za koristenje na istite?pozz
A za DR selakovic znam deka doaga na nekolku meseci vo Sk i e bajagi skapa . Bi ti go preporacala Dr. Sofijanov od Promedika bar za pocetok da vidis okolu dijagnoza lekovi i sl .




bilence80 -> RE: деца со аутизам (2.9.2013 0:17:12)

Neuroforte mi go dadoa za pottiknuvanje,za razbuduvanje zatoa sto sodrzi i gamibetal,za podobra koncentracija, pomnenje i ja namaluva nervozata,bidejki sin mi ima golem problem so koncentracijata i pomnenjeto zatoa i mi gi dadoa Neuroforteto.Sega mi preporacaa i uz toa da mu davam maticen mlec od Swanson.I normalno po se sto mi kazaa vo Simpo jas pocnav da mu gi davam lekovite i pocnavme so rabota so defektolog.Sega za sega ima malo podobruvanje no emocionalno seuste nema nikakov napredok.Mene defektologot mi go preporaca Dr. Kopacev ste cule li za nego imate li nekoe iskustvo?A kade raboti Dr.Selakovic kade mozam da go najdam ?




plavi -> RE: деца со аутизам (2.9.2013 23:25:21)

Bilence,
Dr.selakovic doaga sega mislam na 13 septemvri,ne e uopshte skapa okolu 50-60 evra prva konsultacija a posle kontrola poeftina ama ete kontaktiraj ja na e-mail i prashaj tocno koga doaga i kolku ke te koshta




Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>