vezilka RR -> RE: CTS (Carpal tunnel syndrome) во бременоста (16.10.2013 14:53:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Мене рацеве ми се утрнати од 5 месец наваму нон-стоп..веќе се навикнав на состојбава. И ме болат..Немам сила во рацете да стегнам нешто, да отворам тегла, нема шанси.Чаре нема. Докторот ми рече дека ќе се повлече после породувањето. После породувањето воопшто не ми помина. Си го носам уште, само после втората година од породувањето, се намали интензитетот. Тоа му доаѓа откако престанав да го носам во раце Никола. Е арно ама веќе приметувам дека интензитетот на трнење ми се зголемува. Многу рано, бре, прошлата бременост дури петти месец ми се појави. Може дека сега си го имав. А не е до килажата. оти сега сум најслаба од што сум била о последниве 5 години. Ќе си ги активирам стегачите, тие некако ми помагаа. Леле кога ќе ми текна после породувањето, кога ќе се расплачеше Никола, а мене рацете здрвени, не сум можела да го кренам, не сум можела устето да му го погодам со шишето од штонемав осет во рацете. Амајас сум за ќотек, ем не ми помина после породувањето, ем не консултирав никаков доктор за ова. Земав еднаш упат од што бев исплашена, и никогаш не отидов.
|
|
|
|