mother 29 -> Згрижувачко семејство (8.2.2010 8:41:07)
|
За правото на сместување во згрижувачко семејство одлучува надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење или престој на корисникот. Сместување лице во згрижувачко семејство се врши врз основа на склучен Договор меѓу Центарот за социјална работа и еден член од згрижувачкото семејство. Во едно згрижувачко семејство може да се сместат највеќе 5 лица. Изборот на згрижувачкото семејство го врши Центарот за социјална работа, по утврдување на исполнетост на условите предвидени во Законот за социјалната заштита, подобноста и можноста на згрижувачкото семејство за грижување лице во нивното семејство. Центарот за социјална работа спроведува стручна едукација на лицата кои сакаат да се бават со оваа дејност. Освен со Договор со Центарот за социјална работа, физичко лице може да врши згрижување лице во своето семејство како професионална дејност, врз основа на решение на Министерот за труд и социјална политика со кое е издадена дозвола за самостојно вршење на работи од социјална заштита како професионална дејност. Еве што кажува законот!но дали мислите дека тие луге кои земаат деца на чување го прават исклучиво заради пари и притоа ги занемаруваат децата ИЛИ навистина сакаат да ги неговаат и сакаат тие дечиња како свои? јасно дека постојат секакви случаи,но ете, што мислите лично Вие по ова прашање?
|
|
|
|