Viktori -> RE: Ручек (2.7.2011 10:52:04)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25 виктори наместо мелено месо се става спанаќ?!? дај рецепт! нема рецепт мацо! Ред компир, ред спанаќ, на крај малку црвен пипер и вегета. Јас печам со капак, не сакам компир потпечен, на околу 200 степени. Кога ќе биде испечен компирот шибни павлака со јајца изматена. и то. или уште на почетокот, правам сос брашно околу 60 грама, путер исто толку и млеко 2дл. Се вари додека да ја постигне саканата густина. Истураш врз мусаката и рендаш малку кашкавал. И ставаш на се пече. Со овој сос исто се прават и лазањи, со модар патлиџан, тиквици и пиперки. Место мелено месо. Многу јами се лазањите. _______________________________________________- јас ќе правам мароканско пилешко со леблебија. Децата утре одат на одмор па редно е ручек саглам да ги почастам
|
|
|
|