kikicka -> RE: Ручек (6.11.2011 23:01:03)
|
АХ АХ Што пица ќе беше оваа сите ја сакаат [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Еве женички рецепт за сите! Компирот сварете го, па исечете го на кругови и наредете го во огноотпорен сад премачкан со масло. Прелијте го со јајцата изматени со млекото, па запечете во рерна за да се добие кора. Потоа, извадете го од рерната и одозгора прелијте со густо пире од домати. Преку пирето од домати наредете ги парчињата шунка, а одозгора ренданиот кашкавал и печурки . Потоа, попрскајте со малку оригано и вратете уште малку во рерна, додека кашкавалот убаво не се запече. Бон Апетит[sm=smiley10.gif]
|
|
|
|