penelopa -> RE: Ручек (10.11.2009 16:00:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami уф уф што вкусно..и мене ми се пријадоа..како го правиш сосот од печурки? Mami eve go receptot: Ќофтиња со сос од печурки Подготвување: 100 г. печурки исечкајте и пропржете на маслиновио масло. Во длабок сад убаво измешајте го меленото месо со испржените печурки, кромид, лук, црвен пипер, оригано, босилок, сол, црн пипер и кришките леб (убаво исцедени и изронети откако отстоеле во вода). Убаво измесете ја смесата, проверете го вкусот на првите ќофтиња кои ќе ги исприжите во загреано масло. Испржените ќофтиња оставете ги на топло. Во садот од пржените ќофтиња ставете ги исечканите преостанати печурки, додајте 1 сечкан кромид и динстајте 15 минути на средна температура, додека печурките омекнат и немаат течност. Зачинете со сол и црн пипер и послужете со подготвените ќофтиња. Послужете со пире од компири.
|
|
|
|