Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880 ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Аннет, и кај нас, кога немам идеа, јуфки со сирење, во рерна, секогаш се опција. А денес мислам да имаме похован пилешки стек со пире, + црвени пиперки со лукче (од вчера испечени во рерна, за два дена задоволство ) мх, мх Bethany,moze li postapka za pecenje na crveni piperki vo rerna,vikendov pravam ajvarce no piperkite moram vo rerna da gi pecam pa ako ne ti e teshko pishi kako gi pecesh,na koja temperatura,kolku vreme na shto da vnimavam... Хехе, ме насмеја за постапката .. Сега ќе видиш што е уметност Ништо, само ја извадиш жицата да не ти смета, нели, и загрејеш рерната на макс. всушност, јас ја вклучив на 250 (мојата може на 275, ама рацете малку да ги поштедам хехе) и тоа... Пиперките да бидат суви, ги редиш на дното, без плех, и толку, само ги вртиш по потреба. Или со рацете, или со некоја фаталка за да не ти е жешко. Испечените ги ставам во најлонска кеса, и ја затварам, така отстоени полесно се лупат. Не треба да спомнувам дека рерната ќе ти биде лом, сепак сочните пиперки пуштаат вода при печење, ама не е страшно, се се чисти. Пробав и да ги ставам во плех, ама некако мислам побавно ќе оди, па право ги спуштам на долната плоча, да биде побрзо. Пробај види како ќе ти одговара на тебе. Јас додуша помислив следниот пат да ги печам горе на ринглата, имам керамичка плоча, па ќе пробам да видам наредниот пат како ќе оди, би требало да биде попрактично, ама не знам за печење, ама ќе пробам и така. Ако има некој искуство нека пише
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|