vanessa30 -> RE: Ручек (23.6.2015 15:20:56)
|
Инаку денес запржен зеленчук (кромид, морков, тиквица, пиперка, брокула) на кинески начин со тестенини (посно). Ванеса, Ке може ли конкретно објаснување за ова јадење ? Зеленчук со тестенини? Кои тестенини и како ги спремаш? Инаку денес запржен зеленчук (кромид, морков, тиквица, пиперка, брокула) на кинески начин со тестенини (посно). Многу лесно и брзо. Кромидот го сецам на прстени (помали главици) 2-3, пиперката, тиквичката, морковот го сечам на долги тенки стапчиња, а брокулата на мали цветчиња. На масло загреваш и го ставаш зеленчукот да се пропржи и да омекне самиот тој ќе си пушти вода (по потреба можеш и малку да додадеш вода ако сакаш да ти е помеко). Запржуваш не повеќе од 20-ина минути, на крајот додавам соја сос по желба и кари. (екстра не ставам сол бидејки сосот од соја е доста солен). Можеш да ставиш при крајот и 1/2 лажиче густин ако сакаш да ти дојде сосот во тестенината погуст, а можеш и малку доматен сос се зависи од желба (ама многу малку за да не доминира) А тестенините најчесто користам шпагети, посебно ги варам, а можеш да го послужиш место тестенини со варен ориз со малку сол без никакви додатоци. Ова е моја интерпретација на рецептов, кој золва ми во Австралија често го спремаше ама таму можеа да се најдат готови кинески сосови кои се додаваа на крајот од јадењето.
|
|
|
|