jovanka -> 9ти Февруари - ден на побезбеден интернет (9.2.2010 13:09:03)
|
Размисли пред да поставиш Во светот денеска се одбележува Денот на побезбеден интернет, под мотото „Размисли пред да поставиш". Во Европскиот парламент во Стразбур ќе биде претставен извештај за примената на „Принципите на ЕУ за побезбедни општествени мрежи", а на парламентот ќе му бидат достапни и одделни извештаи на компаниите за примена на принципите што треба да придонесат за поголема заштита на корисниците помлади од 18 години. Интернет страниците на социјалните мрежи како што се Фејбук, МајСпејс или Мејлимоушн, ги користат околу 41,7 милиони Европјани и тоа пред се млади. Новите технологии овозможуваат на сите, а пред се на младите, сами да објавуваат информации, фотографии и видео-записи и други содржини, па неопходно е да се воведат модели на однесување кои дружењето на интернет ќе го направат побезбедно. ЕУ во декември 2008 година усвои Програма за нов побезбеден интернет за периодот 2009-2013 година во рамки на кој се вложени 55 милиони евра за да може интернетот да биде побезбеден за децата.
|
|
|
|