RE: Прочка/Поклади (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


LoveableMe RR -> RE: Прочка/Поклади (27.2.2014 9:27:49)

Ние за Прочка редовно се маскиравме како деца и со сите деца од улицата си правевме маскенбал, па имаше се и сешто, од пирати, ликовите од Ало Ало, народни носии, страшила, младоженци и што ли уште не, така игравме и се веселевме цел цен надвор ... ееех што убави времиња беа тоа....




AnnaMolly RR -> RE: Прочка/Поклади (28.2.2014 10:41:16)

Кога бевме мали со сестра ми секоја Прочка одевме во Прилеп, најубаво си поминувавме на цел свет! Се маскиравме :)
Сега одиме кај моите на ручек и тоа е тоа, така одбележуваме.




Tanjat7880 -> RE: Прочка/Поклади (28.2.2014 10:53:08)

Procka vo moeto semejstvo ne se proslavuvala voopshto,nikakvi adeti ili obicai po povod ovoj praznik,na toj den sum jadela na gosti KADAIF spremen specijalno za Praznikot I eve imam zelba I jas istiot da go spremam,ima nekoj proveren recept za istiot?!




Палешка РР -> RE: Прочка/Поклади (28.2.2014 14:34:17)

Има ТањаТ.

Купуваш печен турски кадаиф [sm=smiley36.gif] му ставаш сецкани ореви во внатрешноста и одозгора и го попаруваш со не многу врел шербет од 400 гр. вода, 600 гр. шеќер и малку кора од лимон. Ништо полесно [sm=smiley36.gif]

Кај нас многу се слави Прочка, ќе има и карневал во центарот на градот. Миа ќе биде пеперутка, а и М. ќе мора да се маскира оти не пуштаат немаскирани во кафуле [sm=smiley36.gif]

Јас планирам Еским торта да направам и нешто месено, појма немам што [sm=zmeden.gif]




LoveableMe RR -> RE: Прочка/Поклади (28.2.2014 14:41:20)


[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/e6/Skopski_deca_za_Pro%C4%8Dka.jpg/372px-Skopski_deca_za_Pro%C4%8Dka.jpg[/img]

Скопски деца за Прочка - 1928 година

Во минатото во Скопје често на денот на празникот Прочка се практикувало фотографирање во ателје. Скопските обичаи од кои дел имаале христијанска основа, а дел од нив биле поврзани со паганските верувања, најчесто биле исти како и сите останати од Македонија. По фотографирањето, пресоблечените возрасни и деца оделе на плоштадот во градот и на главните улици Краљ Петар (денешна Македонија) и улицата Војвода Путник (кејот на реката Вардар) каде што изгледало како на пазар на разнобојни костими и тоалети.

Празничната атмосфера се надополнувала со фрлање конфети, улични музичари со народни инструменти, игри и песна. По Втората светска војна празникот во редуцирана форма се прославувал само во круговите на семејствата според сопствената иницијатива и убедување, а во 60-тите години почнува селективно навраќање на стариот начин на прославување со собирање на плоштадот и на Скопското Кале.





Melanija RR -> RE: Прочка/Поклади (19.2.2015 13:01:27)

Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната метла со која ја метеме нашата душа од гревовите.

Велики поклади – Неделата навечер се поклади. Неделната вечера е богата со млечни производи, пита со сирење и јајца.

Сето ова се збива во еден ден – во последениот ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Денес и небото и простува на земјата, а човекот му простува на човекот. Денешната порака е: Проштевајте! – Бог да прости, лесни пости! Ако не простиме, залудно ќе постиме. Лицемерно е да јадеш леб и вода, а да не проштеваш и да не се каеш.

=====================
Цел и смисла

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Проштевањето е резулататот на љубовта. Тоа е израз на љубовта, а љубовта „сè извинува“ (1. Кор. 13,7). Кој проштева тој љуби, а кој љуби тој е од Бога и Бог е во него, бидејќи „Бог е љубов“ (1. Јов. 4,8).

Ако, таква проштална љубов покажуваат христијаните на Прочка, тогаш се добри како светиите и праведниците, како Христос и Богородица. Проштевањето е безгранично и безусловно. Прочка е празник колку на проштевањето, толку и на покајанието. А покајанието и проштевањето се почеток на Евангелието. Таков е почеток на христијанското живеење. Првите зборови на Господ Исус Христос биле повик на покајание, проштевање и љубов.

Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото. „Затоа, прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји“, вели свети апостол Павле (1. Кор. 6,20).

Целта на празникот е со чиста душа да се започне велигденскиот пост. Уште денеска треба да започне чистењето на душата што ќе биде главна задача во постот. Утре нека почне и телесниот пост, за скротување на телото и воздржување од сластите и страстите.

Чистењето и подготовката е како што чистиме и подготвуваме за доаѓањето на важен гостин кај нас, а тоа е приемот на Господа Исуса Христа преку светата Причест.

За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение. А вистинската смисла на сето тоа е дека пред постот, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце. Мрсењето завршува во Белата недела, со бело јајце и пак започнува со јајце, но црвено – велигденско, на Велигден.

Извор:засе.мк




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]