Детски списанија (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


ripce -> Детски списанија (10.2.2010 21:12:45)

Кога јас бев ученичка (што не беше така одамна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]) земавме списанија Другарче, Развигор, Наш Свет, во Нова Македонија имаше еден прилог мислам дека се викаше Колибри, М&M Кидс... а да како ги заборавив Росиците од кои уште чувам, а ни ги даваа во забавиште...

Дали вашите деца земаат некое списание?






jovanka -> RE: Детски списанија (10.2.2010 21:40:42)

Da kerka mi zadolzitelno vo uciliste od ovaa godina Razvigor do lani Drugarce.Kolku ubavo me potsetuvaat i me navrakaat na detstvoto.A ima i ubavi sodrzini koi se vo sklop na nastavata kako dopolnuvanje na sodrzinita sto se uci za tie dve nedeli.Izleguvaat dva pati mesecno.




mis. -> RE: Детски списанија (10.2.2010 21:46:12)

Син ми зема росица и постојано читаме од неа а има и додаток внатре за решавање,пишување,цртање и боење.Супер е,многу ми се допаѓа.




lilit -> RE: Детски списанија (10.2.2010 21:57:05)

и ние Росица зимаме од градинка и цела ја читаме од крај до почеток супер списание и Марко многу ја сака.




Боцко -> RE: Детски списанија (10.2.2010 23:04:08)

росица е закон. кориците се лижат од читање.




vezilka RR -> RE: Детски списанија (12.11.2012 16:17:50)

Росиците ни се хит. По стопати ги препрочитуваме, па учиме песнички од нив. Ептен ни се занимација. Па ако кажам нешто поинаку од учителката, ме поправа, не така, вика, Ане вика вака. ЈАс уште кога видов дека излегле малку од стереотипите, имаше сликички машко како пегла, пружа алишта и слично, ги прогласив за шампиони, хе,хе..




Maca25 -> RE: Детски списанија (12.11.2012 18:19:15)

супер е росицата, посебно росица+. Н. може по цел ден да се занимава со неа, да си бои, а другиов дел е супер за пред спиење - кратки приказни и некоја песничка и на нанање.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Детски списанија (12.11.2012 18:57:45)

Дали во градинка ви ја даваат и росица плус? Нас само росицата - делот за читање, а баш сакам да го видам и другиот дел, како боела М, што цртала? Баш сакав да им речам последниов пат, ама кога им ја дале росицата не ја земав јас.




Maca25 -> RE: Детски списанија (14.11.2012 21:49:29)

Нас ни го даваат за дома. Баш и Н. ја прашав сега да не им рекле да ја донесат росицата за боење во градинка и ми рече дека тоа било за дома.




miana -> RE: Детски списанија (15.11.2012 13:08:04)

I nas ni gi davaat doma i dvete ,ama tamu rabotat cel mesec i na kraj ni ja davaat.




Felly RR -> RE: Детски списанија (29.10.2013 9:33:25)

Ние и оваа година си земаме росица, и дома си ги препрочитуваме, разгледуваме, раскажуваме, и си ги собираме на купче, заедно со сликовниците. Кои детски списанија ги земаат вашите дечиња, и дали ви се допаѓаат?




Страница: [1]