|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Пасоши за деца
11.2.2010 11:42:31   
Adrijana
Бев денес во СВР МВР Штип за да си извадам нов пасош и за мене и за Ева, и си мислев дека неа ќе ја стават во мојот пасош, но ми рекоа  дека за неа треба посебен пасош, и прашав каква е процедурата за да го извадиме и таа тетката ми вика: ке уплатиш 1500ден., ќе купиш 2 таксени марки од по 50 ден.и ке го донесеш детето да го сликаме. И и викам детето е бебе, од само 3 ипол месеци, како да ја донесам во овие гужви и дрско ми одговара: така убаво, нема тебе да те сликаме место неа, донеси ја,па ако некој од тие што чекаат се смилува да ве пушти преку ред, брзо ке завршите работа. Луѓе ми зовре крвта, уште не можам да се смирам. Ова што го прават стварно веке нема смисла, да ја земам Ева и да бидеме на милост и немилост на другите што чекаат, а па може и на вработените на пауза да им се приоди. Не прават никакви исклучоци, и само си мислам како би изгледало тоа сликање, може Ева ке спие или ке плаче, + ке треба некој да ја држи додека ја сликаат, па може и мене ке ме има на сликата, или пак ке ја легнам на тоа столчето таму, а за облекување-соблекување да не зборам. Стварно е ова луда држава не можам да се изначудам на овој систем.

_____________________________


Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:44:26   
profesorica
па по новиот закон треба и за деца да се вадиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:47:34   
mother 29
да,да треба и ние му вадевме на Марко летово кога бевме Грција на одмор..со сите процедури се и сликање и исто пари како на возрасен...едино е што рокот на важење е 2 год.дека се менуваат многу и нова сликаuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:49:55   
ripce
Ништо ново Адријана, така е не само таму, туку во секоја наша институција...
добро е што имам некој, па кога вадев лична карта, завршивме по брза постапка, инаку како што бев бремена, на 40 степени, и тоа што се онесвестив таму, немаше да ми помогне да влезам преку редuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:50:40   
STRUMFETA
Da,da i jas zakazav za Filip,treba da go odnesam nego za da go slikat i toa poseben pasos koj sto kako sto slusnav se obnovuval na godina dena.Gluposti.Kako ke se polni budzetot :(

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:53:03   
nadica
да ама кај нас се закажува и нема толку гужва јас и ќерка ми имаме закажано за на 19.02.2010 во 10ч
адријана мила не се секирај ќе помине се надевам дека тие что ќе чекаат че бидат од мајка родени па ќе те препуштат user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:54:33   
nadica
Kako ke se polni budzetot :(


па вака мила од насuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:55:15   
pacuvce
Леле јас ама се нервирам за ова...Мене ми закажаа за Бојан дури на 12,09,2010 година и сега ништо од одење на одмор...Сега единствено ми преостанува или Охрид или вадење пасош по итна постапка...Иако и за тоа викаат дека било хаос...А бре ќе пукнам од нервози...Ова држава ли е...

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:55:55   
mami
Девер ми лани го слиака малиот на одвај 5 месеци...таква е процедурата и за деца до 3 години мислам се менува еднаш годишно бидејќи растат и го менуваат ликот...ние за Лука заборавивме да извадиме па летово ке вадиме по брза постапка ако треба да се оди некаде..

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:56:23   
Adrijana
Nadica fala ti, i jas iskreno se nadevam deka ke ne pustat da vlezeme preku red. eznam samo kako li ke ja slikaat toa ima da ima vojna tamu, tesko na tie sto ke bi bidat vo blizina, a pa i ako nekoja od tie tetkite sto rabotat tamu mi se isponasa nekako bez veze kako denes, ne znam sto ke se sluciuser posted image

_____________________________



(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:56:44   
mami
По брза постапка на сестра ми и рекле даке ке треба да чека месец денаuser posted image user posted image која им е таа брза постапка не ми е јасноuser posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:58:27   
profesorica
Дамјан имаше годинка кога го сликавме за пасош и мирен беше баш фино испадна сликата.а инаку мислам дека плативме некои 1200-1300 денари.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 11:58:40   
mami
Адријанче, оди и тепај таму ако треба..ти си со бебе и немој да си чекала ред случајно. на ова време со грипови и чуда уште тоа ви фали..Нека им писнемалку Ева и ке видиш како ке ве пуштат одмаuser posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:01:41   
Adrijana
Pa i ke tepam, koga se raboti za Eva nemaat pima na sto sum spremna, a Evicka moze da gi ube tie tetkite za kosata ako ja nalutatuser posted image

_____________________________



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:03:39   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana

Nadica fala ti, i jas iskreno se nadevam deka ke ne pustat da vlezeme preku red. eznam samo kako li ke ja slikaat toa ima da ima vojna tamu, tesko na tie sto ke bi bidat vo blizina, a pa i ako nekoja od tie tetkite sto rabotat tamu mi se isponasa nekako bez veze kako denes, ne znam sto ke se sluciuser posted image


Барем јас знам како е кај нас Адријана, и однесувањето на тетките, мислам... немам коментар...


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:07:18   
zami
Nie uste ne sme ni zakazale.
Ama me interesira za deca, koj znae tocno, do koja vozrast, kolku vazi pasosot za deca, i na koja vozrast stanuva kako za vozrasen

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:11:32   
Adrijana
ripce stvarno se tolku neprijatni i drski, ne odnesuvaat so lugeto kako so luge tuku kako so kucinja, mislam ako nekoj ne si ja saka rabotata ne mora da ja raboti na sila. Mislam alergicna sum na takvi faci, a tuka kaj nas u MVR site se takvi. A koga vadev licna karta i jas bev trudna 6 ti mesec i dremev na 50 stepeni 2 celi saati, dodeka da se naucat kako da rabotat na kompjuterite i nikoj ne te ni gleda sto se macis tamu.

_____________________________



(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:11:35   
pacuvce
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПАТНА ИСПРАВА ЗА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за образецот на пасошот,
Административни таксени марки од:
50,00 денари- за лица до 4 годишна возраст,
150,00 денари- за лица од 4 до 27 години,
Се приложува извод од Матична книга на родени или друг документ со фотографија,
Лична карта ( на родителот- подносител)
Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство
НАПОМЕНИ:

За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно старателот.
Кога барањето за издавање патна исправа за малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, поднесува еден од родителите, службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции.
Кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа или виза за лице помладо од 18 години го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување, со согласност и од другиот родител.
Ако другиот родител на лицето од ставот 1 на овој член се противи на издавањето на патната исправа или виза, органот надлежен за издавање на патни исправи и визи постапува во согласност со Законот за семејство.
За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години. Доколку малолетни деца, биле запишани во пасошот на родителот, при издавање на личен пасош на детето, се приложува и пасошот на родителот за поништување на уписот во истиот.


_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот zami)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Пасоши за деца
11.2.2010 12:15:33   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana

ripce stvarno se tolku neprijatni i drski, ne odnesuvaat so lugeto kako so luge tuku kako so kucinja, mislam ako nekoj ne si ja saka rabotata ne mora da ja raboti na sila. Mislam alergicna sum na takvi faci, a tuka kaj nas u MVR site se takvi. A koga vadev licna karta i jas bev trudna 6 ti mesec i dremev na 50 stepeni 2 celi saati, dodeka da se naucat kako da rabotat na kompjuterite i nikoj ne te ni gleda sto se macis tamu.


Знам, знам, а кога ќе ти речат падна системот, не работи сега, дојди другпат...
Ако немаш некој што ќе те убута преку ред, ќе си чекаш, па ти ако сакаш и породи се тамуuser posted image


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Пасоши за деца
12.2.2010 9:31:19   
topce
ние на Анастасија и извадивме пасош во јуни, тогаш имаше 8 месеци, и се разбира дека сама ја сликаа.
а како беше сликањето, исто ко на најсмешни видео инсерти.мора позадината да се гледа, ти несмееш на сликата да бидеш треба да гледа во камерата. се погоди младо дете па ја поместуваше камерата и и тропкаше со кутивче со спајалици полно за да и го привлече вниманието ,јас ја држев и успат се криев за да не испадне и мојата глава кај неа на слика. од 3 пат ни успеа, и сега за 2 години пак ќе се сликаме.јас се бунев зашто не и земаат отпечаток од прст како што е и за возрасните, и тој службеникот ми се изнасмеа како 8 месечно бебе сум го направила криминалец. Му викам а вие сте слушнале за крадење на деца за киднапирање, не дај боже, епа ако имате отпачатоци имате плус податок за интерпол. и ме погледа ме погледа и таква ни е процедурата само на полнолетни се зема отпечаток од прст.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Пасоши за деца
12.2.2010 12:34:30   
Cacko
nie na Elena i izvadivme pasos pred 1 mesec (znaci na 5 meseci)po itna postapka zosto inace ke trebese do 2011 da cekame,a vaka zenskata ke patuva so tato imama(ke vidime kade)inace koga trebase da se slika mm ja drzi a ona togas bas pocna da mu se krivi na slikarot u mvruser posted image user posted image user posted image cepki bese ,2-3 min ja cekavme da se smiri i ispadna super,bas ke bese interesno ako ne se smirese i iskrivena so jazikot da ja slikavme,user posted image user posted image user posted image pa na granica da se gazea od smeenje site

(Одговор на членот topce)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Пасоши за деца
19.2.2010 20:25:29   
mom
Po redovna postapka ni zakazaa za dvete deca za april 2011.Na pogolemata i istekuva vo juni bebeto nema, a po itna postapka mnogu e za dvete. Vizna liberalizacija, a jas ke se tesam godinava so Ohrid ili Dojran(aj zdravi bile algite).

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Пасоши за деца
19.2.2010 20:42:14   
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: mom

Po redovna postapka ni zakazaa za dvete deca za april 2011.Na pogolemata i istekuva vo juni bebeto nema, a po itna postapka mnogu e za dvete. Vizna liberalizacija, a jas ke se tesam godinava so Ohrid ili Dojran(aj zdravi bile algite).


Зашто така дури 2011? мм денес се сликаше му кажале за 2 недели да оди да си го земе пасошот... татко му исто вадеше на него за 1 недела му беше готов по редовна постапка, баш се смеевме дека не се исплаќа да тераш по брза постапка да даваш дупло повеќе кога разликата во случајов на татко му беше 2-3 дена.

Е тоа е една од негативните страни на голем град како Скопје, кај нас помалите градови побрзо иде.


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот mom)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Пасоши за деца
25.2.2010 15:19:40   
BILJANA_G
Ke saka li nekoj da mi kaze dali treba da se nosi izvod koga se vadi  prv pat pasos za dete. I ako treba izvod da mi kazete kakva bese procedurata za vadenje na izvod vo Sk.dali se ceka nekolku dena ili odma go vadat.Oti kaj nas odma ke ti izvadat,zaboraviv od lani kako bese.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Пасоши за деца
25.2.2010 15:28:04   
caci20
Cacko kolku plativte za Elena za itna postapka?

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?