RE: Викенд (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


kuklica -> RE: Викенд (5.9.2011 11:58:33)

E*atti vikendot samo sto dosol go nema [sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Викенд (6.12.2013 9:31:11)

jas utre planiram da setame...nesto do banka imam rabota pa posle sakam do Jumbo da otideme da vidime do kaj e rabotava,pa da kupime nekoj lampion
nedela mozebi so gosti ke bidam,ponedelnik den za spremanje za vtornik..vo sekoj slucaj sakam da se iznasetam




Felly RR -> RE: Викенд (6.12.2013 10:06:43)

Јас имам (по)продолжен викенд, уште од денес ми почна, се радувам како мало дете,[sm=smiley36.gif] стварно ми треба одмор. Па нешто ќе смислиме што да се прави.




miana -> RE: Викенд (6.12.2013 11:00:45)

ААа не чека продолжени викенд,ке одите некаде или ...?
Јас може да удрам на генералка, па да се кити елка и да се спремам за родендените




Defne90 RR -> RE: Викенд (7.6.2014 1:11:27)

Од викенд сакам само сабота вечер и недела сабалје кога ќе станам сама и ќе успеам кафето на раат да си го испијам.Е после цел ден ми поминува во ринтање и средување по дома,така да неделата како ден баш и не ја обожавам.А додуше и на викендот баш и не му се радувам којзнае колку.Дури да дојде го нема.Е кога е продолжен тогаш е друга прпиказна,може да се планираат многу работи.




princessa -> RE: Викенд (7.6.2014 9:35:04)

За викенд сакам да му ја џивнам од дома ама за тоа треба да се погоди време а ако не се погоди у некој трговски на кафе и по продавници, нема друго. И сакам да зготвам убав ручек а по можност и десерт. Едвај чекам да дојде следен петок и да си ги исполниме плановите што ги имаме[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Dilina -> RE: Викенд (7.6.2014 10:12:46)

Јас до пред недела дена, последните 2-3 години не знам што беше тоа викенд [sm=smiley13.gif] работа работа и работа....

Затоа овие неколку недели пред пораѓај планирам да ги искористам максимално, ако не можеме некаде настрана барем кратки прошетки до некаде ќе ни годат. Утре планираме на рибник да идеме, мм да фати некое крапче и да уживаме, само да биде убаво времето [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Викенд (8.6.2014 0:58:52)

Јас мразам викенд искрено, едвај чекам понеделник да се одморам на работа[sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Викенд (19.6.2014 9:46:15)

Ние претходниот викенд ептен се изнашетавме и тоа 4 дена, секој ден еден град посетувавме. Децата се изморија а и ние богами. И добро време ни се погоди иако по патот додека возевме врнеше ама таман ќе стасавме во хотелот и сонце не огреваше[sm=bravo.gif]. Имавме среќа. Е затоа овој викенд ќе си останеме дома за да се одмориме од се[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Викенд (24.6.2014 22:53:49)

Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија.[sm=smiley1.gif]
Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.




miana -> RE: Викенд (25.6.2014 8:07:54)

Изминатиов викенд бевме со мм во Банско, Бугарија.. На веб страниците со попусти има многу убави помуди за викенди - видете сигурно ке ви се допадне. Нас не ни се погоди времето, беше многу ладно ( а и во Скопјево било ладно ) инаку ке си поминевме уште поубаво.... Чист воздух, милина...




Tanjat7880 -> RE: Викенд (25.6.2014 10:26:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија.[sm=smiley1.gif]
Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.

E a mene bash mi se dopagja idejata da zboruvame a I odime na vikend nekade pa moze I niz MK.Letuvanje e nekako pozastapeno a vikendite ni izumiraat(barem kaj mene)a tie dva dena mozat da te preporodat I sepak so malku "domakinluk"mozat da pominat ne taka skapi.I bi sakala da diskutirame za Vikend organiziran I pominat nadvor od mestoto na ziveenje so site pridruzni elementi,smestuvanje,hrana,znamenitosti I taka natamu




Melanija RR -> RE: Викенд (25.6.2014 12:08:28)

Tanjat7880 местата се тие и за викенд се некои но дел и за летување.Инаку генерално би било патувања низ Македонија ,но е сезона на летување [sm=smiley1.gif] Тука може да се споделат информации за викенд поминат кај нас или во странство,понуди од нет, цени,приватно сместување..
Искуства од места кои за викенд (или продолжен) може и треба да се посетат [sm=zz_smile.png] и воопшто што за викенд (одам, неодам,како го поминувате)




bucko mal -> RE: Викенд (25.6.2014 12:18:30)


Vikendov mi e isplaniran uste sega.Soprugov ke raboti sabota porucek pa jas so decava I so edna prijatelka ke ideme vo muzej.
Ogromen e, I ima interesni raboti za sekoja vozdrast.Sigurno ke potrosime 3,4 saati vo set_anje.
Nedela sabajle treba da se vidam so edna prijatelka ke ideme sami,obicno vikendite sakam da mi bidat so moeto semejsto no ponekogash ima isklucosi.




Felly RR -> RE: Викенд (25.6.2014 22:37:22)

Ние во сабота ќе се спремаме, а во недела зминуваме. [sm=morje.gif] Некако наеднаш ми дојде одморот оваа година.




marchi -> RE: Викенд (26.6.2014 16:18:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Постовите кои беа за дискусија за Берово се префрлени во темата Летување во Македонија.[sm=smiley1.gif]
Се на едно место од прекрасни места низ Мекедонија.

E a mene bash mi se dopagja idejata da zboruvame a I odime na vikend nekade pa moze I niz MK.

ve molam,edno e letuvanje niz makedonija a drugo vikend destinacii.




Felly RR -> RE: Викенд (26.6.2014 22:27:27)

Марчи, имаме и таква тема - Места за викенд во Македонија а исто и тема Каде на излет?. Да не се повторуваме со темите, и да не ги губиме информациите на различни места.
Тука може да дискутираме општо за викенд - некој шета, некој чисти по дома[sm=smiley36.gif], на секој различно му поминува викендот, а за прошетките - во двете посочени теми како и во темата Летување во Македонија.




marchi -> RE: Викенд (2.7.2014 16:53:58)

e taka moze [sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Викенд (11.7.2014 11:27:20)

Ги обожавам викендите. Никогаш не сум на работа во сабота или недела, па ми се потполно слободни. Порано, кога немав сеуште дете, секоја сабота ми беше резервирана за чистење по дома, а неделите за шетање со мм, со другарките и ручек кај моите. Сега, гледам работата по дома да ја завршам во текот на работната недела, за викендот да ми остане слободен. Секоја сабота одам кај моите со син ми на целодневен престој, па таму тој се забавува со нив, а јас имам време да си се одморам. А неделите ги поминуваме заедно сите тројца со мм, дали шетаме некаде или си играме по дома, важно заедно сме. Сега, летниот период скоро секој викенд сме на викендицата на Тиквешкото езеро, секојпат со различно друштво, и ептен ни е убаво. Да избегаме малку од градот.




princessa -> RE: Викенд (11.7.2014 11:58:42)

Нам овој викенд ни е испланиран уште одамна. Од денес практично ни почнува после 2 поручек. Овде следните три дена се слави фестивал и ќе има панаѓур со разни тракаташки а Н едвај чека да јава на вистинско пони. Од лани го нема заборавено[sm=smiley36.gif]. Утре си викнавме гости зашто ќе имаме прослава за 1от роденден на Д[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif], бевме приморани порано да го славиме зашто мм во понеделник заминува на конференција во странство а после идеме за мкд[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]. Па таму пак ќе го славиме со блиските.




scared RR -> RE: Викенд (11.7.2014 13:06:50)

Планираме викендов со мм да идеме до Св. Николе до Мечкуевска куќа. преубав ресторан, лани еднаш бевме и многу бев задоволна од гостопримството, преубава храна, и частење од куката еден куп [sm=bravo.gif] низ Скопјево ни гратис вода не ти даваат [sm=smiley36.gif]
а тука задолжително кафенце, десерт,салата и сл. [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Викенд (19.9.2014 13:08:25)

Ide vikend i vikaat soncevo ke bide...planirate negde da setnete? Da gi iskoristime uste malku ubavite denovi...
Mene mi se najavi gostince od srbija taka da vikendov so gosti ke bidam a moze i zaedno da setneme




Felly RR -> RE: Викенд (19.9.2014 14:26:56)

Ние планираме барем еден ден да излеземе некаде во близина на воздух, да се надеваме дека ќе биде убаво времето, па да го искористиме, секако и мм е слободен, инаку ретко се начекуваме за викенд сите.




lolla RR -> RE: Викенд (19.9.2014 16:11:37)

Ние здравје викендов, рано одсбајле ке направам кафе или чај во термосот, шише вода, нешто за поткаснување и правец водно на клупите. Ке си поседиме, можеби до црква и ке се искачиме накај планинарскиот дом. Ова ми е прекрасен начин да си поминеме претпладне во природа со мм, а за малку пари. И плус преубаво е, мирно, спокојно, сега не е ни жешко веќе.




Dilina -> RE: Викенд (19.9.2014 19:19:56)

Овој дома како и обично со малецково, ама се надевам наскоро ќе фатиме патот накај моите малце на чисто воздухче [sm=zz_bounce.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 [5] 6   Следна страница >   >>