Maca25 -> RE: Што ако лекарот згреши? (28.10.2011 19:56:51)
|
Е сега јас да си кажам за мојот проблем. Цела бременост ја поминав во најдобар ред, без никакви проблеми, компликации, иако имав проблем со тироидната. Си бев под терапија, си одев на редовни контроли, одлучив и да се пораѓам со царски само за да не се искомплицира нешто за време на пораѓајот. Е , мојава докторка на Патофиза (инаку супер лекар), почна да прима многу пациенти и многу тешко се доаѓаше до неа. Иако бев бремена, таа немаше баш многу време да ми посвети и да одговори на сите мои прашања. 2 недели пред да се породам, отидов на последна конторла кај неа (заедно со мм) и таа ми рече после породувањето да ја ПРЕКИНАМ терапијата со Еутирокс (за која се знае дека е доживотна), и да дојдам после еден месец кај неа, да види раа дали проблемот се решил со просодувањето. Кај мене ништо не се подобри, јас тој еден месец не бев ни на небо ни на земја, со секојневни тахикардии, потење, тресење на рацете, опаѓање на косата, и меѓудругото се здебелив за еден месец околу 20 кила ( а цела бременост само 9). Оридов кај неа, резулататот катастрофален, ми рече дека не сум требала да ја прекинам терапијата, дека нема шанси она да ми рекла такво нешто. Ми рече дека погрешно сум ја разбрала и дека она никогаш не би дала таков совот!!!! И јас и мм не сме чуле добро?!?! Ми го уништи животот, јас еве после 2,5 години уште не можам да се средам и да си го регулирам хормонот. Пијам висока терапија и пак не можам да си дојдам на нормала. Затоа мили мои, секогаш 2-3 дополнителни мислења!!!
|
|
|
|