RE: "Има ли нешто ново?" (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Заедничка надеж



Порака


Anonimen -> RE: "Има ли нешто ново?" (19.4.2015 11:36:37)

E toa znaci uzasno me nervira dali ima nesto novo pa ako ima jas sigurno nema da krijam toa im go kazuvam vo lice na tie sto mnogu prasuvaat




scared RR -> RE: "Има ли нешто ново?" (19.4.2015 15:04:50)

ау ау не го можам прашањево, една другарка постојано ме прашува иако гледа дека не и одговарам, иако и реков дека тоа не се прашува, ама од што е глупа и проста и не знае да направи друг муабет па само тоа и е во уста. Ама најдов чаре и за тоа, не и враќам веќе ни на повици ни на пораки.




LoveableMe RR -> RE: "Има ли нешто ново?" (16.6.2015 13:45:08)

Мене постојано ми се случува, можеби затоа што повеќе време има поминато откога сме во брак, па нормално луѓето прашуваат, малку имам и стомак пуштено и одма дали има нешто ново.

Ова отиде дотаму што на пазар еден на тезга ми вика за поевтино ќе ти пуштам цена за зеленчуков, гледам трудна си, треба здраво да се храниш. Останав без збор, дал да плачеш, дал да се смееш...




Kvisko -> RE: "Има ли нешто ново?" (17.6.2015 10:53:21)

Мен па обратно. Веќе никој не ме прашува ништо за деца. Веројатно неколку пати прашале па си го добиле и сега сите ќутат ко јазик да немаат. Така ми е пофино навистина.
Ама и јас не бев цвеќе за мирисање кога ќе прашаа.
Околу свадба ослабев и една така пријателка на моите што сака во се да си го меша носот ми вика а ти си ослабела да не има нешто. Јас и се свртев и и кажав не нема ништо јас сакам да бидам убава невеста. Знам дека и она и ќерка и биле со стомаците до заби на нивните свадби па така убаво ми се намести. Е после беше што ние што сме се мажеле трудни да не не сме биле убави ама веќе не праша ништо околу тоа. А тогаш не ни пробувавме сериозно навистина не сакав да бидам трудна невеста.
На неколку други исто им имам кажано такви чудни работи па престанаа да прашуваат.
Кога се преселивме во новиот в=стан почна еден комшија да прашува па му рековме се во свое време ние сме си млади и сакаме да уживаме во животот и престана.




Sunshine88 -> RE: "Има ли нешто ново?" (12.1.2016 15:39:43)

Многу ме напнува тоа прашање....Кога бебе...што чекате за бебе...јас им велам чекаме да се фати...Како бре што чекате, сакате да ми светите што и како правам..Знаете кој ми се плановите. И додатно убиваат тие глупи прашања, посебно кога се обидувате а не ви иде...И секогаш на сите им велам, аман луѓее кога сака дедо Боже тогаш ќе си биде....Уште они ми фалат психичка тортура да ми вршат.




Sesil -> RE: "Има ли нешто ново?" (28.1.2016 22:36:53)

Претеруваат луѓето со прашањево. Најблиските другарки знаат дека имаме проблеми останатите не ни сакам да знаат. Со широк осмех им одгвоарам дека чекаме прво ние да пораснеме (демек). Мајка ми и свекрва ми не знаат, не сакам да ги загрижувам, а и сакам да си го намалам притисокот после секој преглед да полагам ,,извештај,, што рекол докторот и какви се резултатите. Колку помалку луѓе знаат полесно е.




Hopeful RR -> RE: "Има ли нешто ново?" (29.1.2016 13:04:28)

После сите перипетии, и секакви коментари од луѓе, се уште сум задоволна од одговор на еден таков кретен, квази другар на мм, кој се дрзна да не прашува ајде, што чекаме. Му се свртев и насмеано и најкул му реков - а што па тебе ти се брза за нас??? На тоа нема како да се одговори, така што, еве ви еден полудрзок одговор за заќутување [sm=smiley36.gif]




вераинадеж -> RE: "Има ли нешто ново?" (15.6.2016 13:15:10)

Мене кумот лани ми рече,Ајде ти што чекаш ,до година летото ако нема ништо ке мењам кумство.Сега еве лето ќе дојде па може треба да го прашам,да знам со време друг кум да барам.А свекрва ми пред месец дена ми направи муабет дека може не сме биле компатибилни со ММ,имало многу брачни двојки што по развод имале деца со други.




Hopeful RR -> RE: "Има ли нешто ново?" (15.6.2016 13:57:02)

Леле колку слушав вакви муабети, се нервирам што те читам! Ич да не ти чуе, најдобар лек за ова е игнор. Свекрва ти нека се иавини што така ти кажала, пошто стварно е безобразно, а кумот... слободно ќе смениш друг, кажи му, нека не се секира, и трошоци ќе му заштедиш. Брее безобразни луѓе...




вераинадеж -> RE: "Има ли нешто ново?" (15.6.2016 16:48:07)

Ма ништо не им враќам,така со карање може ке почнам и со маж ми да се карам ради нив,а ако ништо не им враќам мислам дека им ја префрлам топката тие да се нервираат [sm=smiley36.gif] Додуша за кумот,мислам дека е повеќе недораснат и недосетлив отколку што сака да ме повреди.Ама трпение спасение рекле,не се знае што може да те снајде во животот,па може и со својот камен по глава да се удриш.Инаку на никој не му посакувам нервози од типот да не може дете да има,ни на најголемиот непријател.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]