RE: На одмор со децата (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Излети и годишни одмори



Порака


zapce -> RE: На одмор со децата (1.8.2011 15:28:34)

Мамички едно прашање-дали би отишле сами на одмор и да го оставите детето, бебето дома со баба му и дедо му.




zapce -> RE: На одмор со децата (1.8.2011 15:32:55)

Како може некој да си го остави детето дома а да оди сам на одмор, ако претходно биле во врска 7 години и имале можности сами да одат на одмор,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] јас мислам дека родителството си носи свои одговорности и за кој дру живееме ако не за децата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Mimushka -> RE: На одмор со децата (21.3.2012 11:02:33)

Девојки, нека пише некој што бил на одмор во Албанија?Како е за со деца?




mami2 -> RE: На одмор со децата (21.3.2012 14:48:00)

Мимушка ние бевме пред три години со дете од 1,5 години. 
Се зависи од сместувањето каде и какво е. Бевме во Радим, сместување до плажа, апартаман на приземје со кујна, нон-стоп топла вода, машина за перење на користење, лулашки во дворот...
Плажата ситен песок што не се муља, на секоја соба следат бесплатни лежалки и чадор.
За шетање класика ама мора да се оди до најблиските места, битно луна паркот во Валона е побогат од нашиов и поефтин неколку пати.
Мој совет тогаш немаше кашички за деца од производители што ги има кај нас, само италијански па добро е да се понесат. Битно Животинско царство има.




blond -> RE: На одмор со децата (21.3.2012 19:10:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mimushka

Девојки, нека пише некој што бил на одмор во Албанија?Како е за со деца?

Во Валона ависи на која плажа ќе одиш. Градот е супер, има преубав луна парк, баш онаков детски ептен [sm=smiley1.gif]
А и ноќниот живот е бонбона [sm=bravo.gif] Плус ефтино е.

Саранда е подобар за со деца, некако помирен е. Но патот до таму пак е помачен.

Во глобала, светските пијалаци им се поскапи од кај нас (к.кола, фанта, пепси),а останатото е тука некаде.

Ах да не заборавам, обавезно да винамвате на сместувањето, да гледате да има агрегат, оти често снемува струја [sm=jezicek.gif]




kikicka -> RE: На одмор со децата (21.3.2012 20:01:56)

ТОЧНОООООООООООО!!!!! Познавам такви што тераат и викенди ,празници одмори сами и јас несваќам како може али незнам јас нема шанси да ја оставам и да терам одмор сама со мм.Па ке го пукнам него цело време ке ѕвонам да прашувам како е [sm=duda.gif] ,нема смисла стварно.
ИЗВОРНА ПОРАКА: zapce

Како може некој да си го остави детето дома а да оди сам на одмор, ако претходно биле во врска 7 години и имале можности сами да одат на одмор,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] јас мислам дека родителството си носи свои одговорности и за кој дру живееме ако не за децата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]





Mimushka -> RE: На одмор со децата (5.4.2012 6:16:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2

Мимушка ние бевме пред три години со дете од 1,5 години. 
Се зависи од сместувањето каде и какво е. Бевме во Радим, сместување до плажа, апартаман на приземје со кујна, нон-стоп топла вода, машина за перење на користење, лулашки во дворот...
Плажата ситен песок што не се муља, на секоја соба следат бесплатни лежалки и чадор.
За шетање класика ама мора да се оди до најблиските места, битно луна паркот во Валона е побогат од нашиов и поефтин неколку пати.
Мој совет тогаш немаше кашички за деца од производители што ги има кај нас, само италијански па добро е да се понесат. Битно Животинско царство има.

А каде е тоа место?Во хотел бевте или во апартман приватно?
МЕ плаши хигиената.




mami2 -> RE: На одмор со децата (5.4.2012 9:30:01)

[/quote]
А каде е тоа место?Во хотел бевте или во апартман приватно?
МЕ плаши хигиената.
[/quote]
Местото односно областа се вика Радим, се наоѓа после Валона, околу 15 км.
Сместувањето беше во апартмани ама наменски правени за туристи, а не адаптирани соби.
За хигиената, тоа беше Ок, гледав кога ја чистеа соседната соба, користеа профи средства и дезифициенси. Јас за секој случај каде и да одам носам Дизентал, ова дека сум параноична, па си пребришувам мебел, кваки, славини итн.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley24.gif[/image]
Проблем е само пазарењето, мора да се оди во соседните места, во ресторанот продаваат само леб, сладолед, вода и кафе.




bosa -> RE: На одмор со децата (5.4.2012 9:40:44)

Јас не би го оставила детето дома, па ние најмногу одиме на одмор за детето, тоа да се забавува малку и промени од секојдневната монотонија, а за нас има време и заедно да си се посветиме. Со детето на одмор е уште позабавно, е сега има и обврски, де трчаш по него, мораш дА внимаваш да не се повреди со играчките, да не става се во уста, со еден збор, целото внимание на одморот е насочено кон него, не е лесно, но нели за децата живееме, за нив сме жртви за нив. А за сами има време, ке одиме сами, кога децата ке бидат големи и кога и тие ке одат со друштво!! Еееее јас далеку отидов :)
[sm=jezicek.gif]




Mimushka -> RE: На одмор со децата (5.4.2012 13:57:36)

mami2 мислев дали е чисто местото.Сум слушнала дека во некои места во Албанија имало канали за канализација и дека многу смрдело.




Maja82 -> RE: На одмор со децата (24.4.2012 14:36:04)

Мамицки ајде малку помош ми треба дали некоја била на одмор со 5 месечно бебе надвор од македонија???ние сакаме да ја носиме на 5 месеци во Грција ама ај си викам прво да си прашам може има некоја такво искуство па како поминавте?! [sm=smiley1.gif]




Beatris -> RE: На одмор со децата (24.4.2012 14:39:37)

Маја, имаме веќе таква тема, можеш да прочиташ ТУКА




Maja82 -> RE: На одмор со децата (24.4.2012 14:47:35)

Ti blagodaram Beatris :)




zzaa -> RE: На одмор со децата (2.12.2012 15:57:58)

da bevme ova godina vo Albanija Eva imase 5 mececi i super pominavme no narednata ke bide poubavo poveke ke razbira[sm=sloncek.gif]




Mimushka -> RE: На одмор со децата (6.3.2013 15:10:16)

каде бевте во Албанија?
Цени за апартмани во Валона ако може нека каже некој?!




Pepelaska * -> RE: На одмор со децата (6.3.2013 15:21:23)

Мимушка разгледај ја оваа ТЕМА може ќе најдеш нешто




akme -> RE: На одмор со децата (15.3.2013 11:45:05)

Секогаш и децата доаѓале со мене по одмори..Уште од мали ги носам со мене и немаме гајле никакво.Си спиат по пат,правиме паузи за одмор и не сме имале потешкотии.. Додека се мали е најубаво некаде поблиску да се оди...




Natuska85 -> RE: На одмор со децата (16.5.2013 13:49:11)

ИЗВОРНА ПОРАКА: gorda2

Сакаме на одмор со бебе, по можност на море, ама се плашам некако.. Синко ќе има 10 месеци тогаш ама не знам како би поминале.... Имате искуство да споделите? Совет? Дестинација како за бебе или мали дечиња? Ви благодарам однапред





Beatris -> RE: На одмор со децата (16.5.2013 13:50:33)

Горда, слободно одете, ние бевме првпат на 4 месеци, Грција ви е најблиску како дестинација, а за останатото - мозок на пасење и исто како дома со бебуш, нема за што да му ја мислиш




gorda2 -> RE: На одмор со децата (12.6.2013 15:22:07)

Сме биле со едно дете, добро поминавме, ама се плашам за годинава, сакаме на море, ама со 2те, а немаме слободна баба за со нас.... Како се организирате за по пат со дете и бебе? 




gorda2 -> RE: На одмор со децата (17.7.2013 14:22:22)

Се решивме за Пиериа, списоци еден куп, планирам се, а никогаш по план... Ајде по одмор ќе пишам како било... Само ако сака некој да ми пише дали ги бањкате бар малце бебињата или само под сенка да го држам (да се обидам да го задржам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]) Поздрав




miana -> RE: На одмор со децата (17.7.2013 14:29:32)

Горда,незнам колкаво ти е бебето...Моето лани имаше 6 мессеци и ја бањав во море и те како и ја гњурев,..Годинава одиме на одмор со 3 месеќно бебе и знам дека ке го шлапкаат само по малце,да го разладат и толку,- така и јас би постапила




gorda2 -> RE: На одмор со децата (18.7.2013 16:37:28)

Синко има скоро 10 месеци, планирав да го шлапкам, ама ме предомислуваат, мал бил, ама како ќе го задржам на плажа кога [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] ОБОЖАВА вода!?!?!? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Bethany -> RE: На одмор со децата (18.7.2013 16:52:54)

Горда2, лани кога бевме на одмор син ми имаше исто 10 месеци.
Ако па и тој ја обожава вода, јас не би размуслувала ниту секунда. [sm=smiley1.gif] Уживајте!




Yummy Mammy -> RE: На одмор со децата (19.7.2013 9:43:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gorda2

Синко има скоро 10 месеци, планирав да го шлапкам, ама ме предомислуваат, мал бил, ама како ќе го задржам на плажа кога [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] ОБОЖАВА вода!?!?!? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


Bozeee, ne mi se veruva deka uste nekoj dava vakvi soveti. Doma neli go banjate deteto?! Istite principi vazat i za na plaza. Da ne e mnogu ladna vodata, da ne bide na najjakoto sonce, namackaj go ubavo so 50ka faktor i uzivaj! Zalosno e na deteto da mu gi skratuvas zadovolstvata zaradi stravot na babite.
Site majki na forumov ke ti kazat deka gi banjale decata vo more i ezero uste prvoto leto, bez razlika dali imale 2 ili 20 meseci! Za vo bazen, nikoj ne preporacuva, ama plaza si e plaza! Ako ste vo more, slobodno i gnjuri go, da se iscisti, i nas taka ni pravele!




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>