RE: Постапалки за проодување (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


myself -> RE: Постапалки за проодување (27.11.2013 22:49:09)

Majki, ve molam dokolku nekoja od vas znae da mi kaze pekara vo Skopje kade pravat postapalki . Sakam da si naracam oti bas nemam iskustvo so mesenje. Pozdrav




bucko mal -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 4:01:00)

Vi blagodaram zenski za cestitkite [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




myself -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 14:25:39)

Ako ne znae nikoj pekara barem kazete nekoj lesen recept sto ne mozam da go zgresam. A I kalapce od kade da najdam.[sm=zmeden.gif]




miana -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 14:44:43)

Специал прават сигурно...




Mihaela 2010 -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 14:52:22)

Состојки
1кг брашно
250 гр шеќер
4 јајца
200 гр маргарин
200 мл млеко
1 квасец
2 пакетчиња ванилин шеќер,рендана кора од лимон,и малку сол за квасецот
Подготовка
1. Се раствора квасецот во млако млеко, со малку сол и се остава да нарасне.
2. Се замесува тесто од сите состојки, се остава да кисне ,се измесува добро и се сука кора дебела околу 1 см.
3.Со калапче се вадат во форма на стапалки , се премачкуваат со жолчка и на прстињата се става по едно зрно суво грозје.
4. Се печат во тепсија намачкана со маргарин околу половина час.

Напомена Слатките се месат по повод проодување на малите деца.

Eve edna recepta sto najdov

модератор: Надворешни линкови не се дозволени.




myself -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 16:34:29)

Vo koj specijal. Bev vo toj vo taftalidje ne ni znaea sto e toa. Mi rece so e toa blago ili soleno.

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Специал прават сигурно...





Hunny -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 16:53:04)

Во Лапетит прават постапалки. Го има во СП Маркет кај Расадник-Кисела Вода.




sandriana RR -> RE: Постапалки за проодување (28.11.2013 19:37:01)

За Лапетит и јас видов деновиве дека прават - ама во трговскиот во Лисиче, и ептен лични изгледаа.




Defne90 RR -> RE: Постапалки за проодување (28.12.2013 1:58:33)

Izgleda samo nie vo Berovo ne pravime postapalki.Nie ovde si naracuvame ili tulumbi ili ekleri i lesna rabota ni pravis ni se zamaras.A i vo slatkara ne gi pravat.[sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Постапалки за проодување (11.5.2014 9:04:31)

Денеска на помалото ќе му правиме престапулка за проодувањето.И за тоа направивме со баба баклава и со неа ќе ги заблажиме гостите.Ми кажуваше една пријатека од друг град дека и кај нив се прават постапалки за проодувањето на детето во облик на нога,ама овде кај нас најчесто тулумби еклери или баклава.Како и да е во секое место си има различни традиции и адети.Е сега на маса исто така му се редат на детето најразлични работи и кои три ќе ги земе означувало дека демек со тоа ќе се бави во животот.[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Постапалки за проодување (11.5.2014 23:40:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Денеска на помалото ќе му правиме престапулка за проодувањето.И за тоа направивме со баба баклава и со неа ќе ги заблажиме гостите.Ми кажуваше една пријатека од друг град дека и кај нив се прават постапалки за проодувањето на детето во облик на нога,ама овде кај нас најчесто тулумби еклери или баклава.Како и да е во секое место си има различни традиции и адети.Е сега на маса исто така му се редат на детето најразлични работи и кои три ќе ги земе означувало дека демек со тоа ќе се бави во животот.[sm=smiley1.gif]


Дефне ајде сега да си трчкате[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]Да е здрав и жив ,голем да расте[sm=bravo.gif]
Баш интересен адет ,со предметите на маса,што ќе посегне детето демек тоа ќе биде[sm=smiley1.gif]
Кај нас нема ништо од ова[sm=smiley13.gif]Само симболично нешто му се купува на детето пр.патичиња.
Дефне чекаме да известиш по што посегнал малиот[sm=smiley2.gif][sm=smiley2.gif]




Defne90 RR -> RE: Постапалки за проодување (11.5.2014 23:50:07)

Хе хе навистина интересно.Инаку обично така кога ќе го стави човек до маса полна со играчки и предмети веднаш се граба и не знае што попрво да зема.А денеска дали дека беше во центарот на вниманието се заврте на другата страна и едвај го намоливме да земе нешто.Ама сепак најпрво ја зеде топката,па после тетратката и на крај пенкалото.Изгледа ќе биде голем ученик детето.Хе хе,или може и некој спортист.[sm=smiley1.gif] Во секој случај убаво си поминавме трчаа децата со баклавите во раце за адет да трчало и детето и да било брзо.Додуше А баш и не беше свесен што се случува и некако беше целиот скиселен,дали дека многу луѓе околу него имаше.Ама се на се супер си поминавме.[sm=smiley1.gif]




sonc90 -> RE: Постапалки за проодување (12.2.2015 20:26:22)

Gledam deka nikoj nema odgovoreno na prasanjeto pa aj jas povtorno da prasam-a kalap kade ima? i nie uste malce ke treba da pravime,imame 7 i pol meseci,ke ni treba nabrzo,ko sto proaga vremevo dur da trepnes,ke dojde vreme i za mesenje [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Постапалки за проодување (12.2.2015 21:37:05)

Калапче има на зелен пазар кај што се продавничките за домакински работи,тањири,ноеви,тепсии...веднаш после цвекарите.70 ден




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]