Bethany -> RE: Кога тато ќе наиде на неред? (25.6.2013 22:07:29)
|
Јас не сакам неред, и обично ми е се на своето место, така да повеќе мене ме нервира ако видам нешто да не ми штима. Тој никогаш нема прокоментирано нешто, ако е и била некоја ситуација, сигурно му имам кажано да земе сам да распреми. Сега единствениот неред ако може да се нарече неред, прави син ми... Сите играчки ги расфрла насекаде, освен во кујна, таму му е забрането, тие пластични чинии изнесе еден куп и ги реди по дневна, ама тоа ми воопшто не смета. Тоа се средува за пет минути, и тоа всушност и не го сметам за неред, дете е, па креативноста ја изразува [sm=smiley1.gif] Обично се собира тоа пред неговото спиење, денско и навечер, така да некако се знае, тато собира и сам, и толку.
|
|
|
|