RE: Црнина и други обичаи... (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Во прегратка на тагата



Порака


mama_06 -> RE: Црнина и други обичаи... (7.8.2013 14:18:33)

Да не звучи морбидно, ама јас сакам да одам на гробишта. Посебно кога нема никој. Раат можам и да плачам и да се насмеам ако се сетам на некоја случка со покојните. И стварно не ми е потребен ,театрометар, или кој колку плаче на гроб=колку многу тажи и му е жал. Тоа е на цена кај нас. Ианку, на погребот од татко ми не плачев и не се трескав од земја, и после тоа муабетиве: ,Море, шо момиче ќе беше ич да не го сакала татко и, солза една не пушти, ццц, џабе што со години трчаше по болници и лекари со него, се виде колку е лоша на крајов`` Ова ми е врв!
Се прашувам дали во сите држави и племенски сојузи во светот е важно што ќе речат другите, дали е важно да му докажеме на светот како црно се чувствуваме, дали е толку битна потврдата од другите за вредноста на тоа што чувствуваме?




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]