|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Дали имате фобија од нешто?
6.12.2009 19:06:41   
arh_diz
od zmii i od site vidovi na insekti

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Дали имате фобија од нешто?
6.12.2009 19:14:50   
Mihaela
од пајаци.мм еднаш пошто знае дека се плашам од нив еднаш сакаше да ме преплаши,ама начинот не му беше добар.ме бркаше со два пајаци и јас бегав низ дома плачејќи и на крај се онесвестивuser posted image user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Дали имате фобија од нешто?
6.12.2009 19:19:59   
Miss36
Oва е листа на сите видови фобии. Ма нема од што нема фобија. Јас имав фобија од забар,ама ја надминав. Имам од лифт сеуште, со друг се качувам во лифт,ама сама се плашам . 



< Поракaта ја уредил Еца -- 6.12.2009 19:25:08 >

(Одговор на членот Mihaela)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Дали имате фобија од нешто?
6.12.2009 19:24:02   
Enika
уф мислам дека треба преод на сево ова...не сум сигурна сеуште учам да бидам добар модератор ама мислам дека или ке треба да се преведе( а многу е но спеак може барем де)...сепак да го зачуваме македонскиот јазик нели

(Одговор на членот Miss36)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 14:23:39   
ripce
Специфичната фобија почнува во детството

Дали се плашите од летање? Дали поглед на иглата ве прави нервозни? Дали можеби од страв ја избегнувате посетата на стоматолог?

Ако одговорот на некое од овие прашања е да, тогаш можеби страдате од специфична фобија.

Специфичните фобии се анксиозни нарушувања. Се работи за страв што е мошне интензивен. Луѓето со специфични фобии имаат прекумерен страв од некој објект или ситуација. Самиот објект или ситуација и не се реално опасни, но лицето кон нив реагира како да се опасни. Специфичната фобија обично почнува во детството и адолесценцијата, продолжувајќи и во возрасен период. Специфичните фобии се двапати почести кај женскиот пол. Причините за нив не се доволно познати, но забележано е почеста манифестирање во одредени семејства.

Дијагностички критериуми за специфичните фобии има многу. Меѓу нив е и кога стравот е постојан и интензивен. Тој може да се јави дури само и при поглед на објектот што е предмет на фобијата. Кога лицето ќе го види објектот или ќе се најде во ситуација, анксиозноста веднаш почнува. Анксиозноста може да достигне дури и степен на паничен напад. Возрасните лица со специфична фобија обично се свесни дека нивниот страв е прекумерен и ирационален. Индивидуата со специфична фобија настојува да го избегнува објектот или ситуацијата што го прави анксиозен. Симптомите што се опишани не се резултат на друго психијатриско нарушување.

Секој од овие дијагностички критериуми е значаен во разбирањето и диференцијацијата меѓу нормален страв и специфична фобија. Човекот знае дека неговиот страв е нерационален, па дури можеби и се шегува на своја сметка. Избегнува некои ситуации или, пак, влегува во нив, но со големо ниво на стрес.

Мошне значаен е и последниот опис на критериумите. Лице што има панични напади може да има и страв од возење, летање, лифтови и други ситуации, што многу личи на специфична фобија. Но лицето што има панично нарушување и доживува паничен напад е како "заробено" во определена ситуација. Од друга страна, лице со специфична фобија од возење или летање е исплашено од самата ситуација: од можноста дека ќе доживее сообраќајна незгода, дека авионот ќе се урне и слично.

Човек со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) може да избегнува определени ситуации, но тоа се ситуации што се врзани за стресниот настан и ПТСН.

Личност што се плаши од социјални ситуации може да има социјална фобија, а не специфична фобија. На пример, лицето со социјална фобија се плаши од состанок со доктор, но тоа е пред се поради страв од социјалната интеракција, а не е страв од медицинската процедура.

Некој може истовремено да страда од повеќе вакви нарушувања.

Специфичните фобии се поделени во четири категории: анимален тип; природна средина тип (фобија од грмотевица, од бура, од вода); фобија од крв, инјекции, повреда, фобија од ситуации (авион, лифт).

Лекувањето на специфичните фобии не е секогаш неопходно. Човек со специфична фобија може никогаш нема да се најде во ситуација од која се плаши, па третман на ова лице и не е неопходен. Но, најчесто фобијата го ограничува социјалното функционирање на личноста, може да му претставува пречка во кариерата, па дури може да биде и ризик по здравјето, на пример, поради избегнување на лекарски преглед.

Специфичните фобии обично мошне добро реагираат на бихејвиорална терапија. При оваа терапија пациентот постепено се изложува на некој објект или ситуација од која се плаши. Тоа изложување може да биде во вид на слики или визуелизација. Во развиените земји постои можност дури и за примена на технологијата на виртуелна реалност, па со примена на таа технологија лицето се соочува со ситуацијата од која се плаши.

Изложувањето обично се одвива етапно. Лицето се соочува со секој чекор и не се преминува на следното ниво се додека не исчезне анксиозноста. Од помош можат да бидат и техниките на релаксација.

Извор: ДНЕВНИК


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:23:49   
Bitolcanka
Многу се плашам од висина, лет (никогаш немам патувано со авион, не знам дали би издржала), од возење кола (немам возачка), од пукотници (петарди, истрели од пиштол), кучиња. Голема плашливка сум била user posted image user posted image user posted image Инаку не се плашам од забар, поиздржлива сум на физичка болка.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:27:22   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka

Многу се плашам од висина, лет (никогаш немам патувано со авион, не знам дали би издржала), од возење кола (немам возачка), од пукотници (петарди, истрели од пиштол), кучиња. Голема плашливка сум била user posted image user posted image user posted image Инаку не се плашам од забар, поиздржлива сум на физичка болка.


Јас исто мислев дека авиот е којзнае што ама воопшто не е страшно...всушност супер е...за возење кола сме исти-ама решена сум тој страв да го пребродамuser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:29:58   
jaca
mislam deka sum golem baksuz i deka ak letam so avion,avionot ke padneuser posted image

_____________________________

jadranka

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:30:57   
ripce
Стравот од летање се лекува во авион

Патувањето најчесто е забавно и релаксирачко, но може да значи и борба со фобиите и нервозата. Некои луѓе се плашат од летање, возење автомобил или од толпа народ. Имаат страв од авионски несреќи или од терористички напади. Поради тоа некои луѓе избегнуваат патувања.

Сепак, има техники што можат да ви помогнат да се справите со своите стравови и да уживате во одморот. Еден од најлесните начини да се справите со фобиите е да примените техники на релаксација. Можете да посетувате часови по јога или медитација. Вежбајте ги техниките на длабоко дишење. Особено добар ефект има креативната визуелизација. За илустрација, ако ве фаќа паника во авион, замислете си дека веќе сте на посакуваната дестинација и прекрасно си поминувате.

Грижете се за своето тело, а вашиот мозок ќе го следи. Можеби звучи чудно, но мали промени во исхраната можат драматично да го намалат стресот. Пијте течности, земајте витамини, одморајте, рекреирајте се, вежбајте и намалете го земањето на концентрирани шеќери. Нервозата може да се намали и со намалување на кофеинот. Откријте ги причините за вашиот страв со помош на стручно лице. Стравовите најчесто се поврзани за нешто сосема друго отколку што на прв поглед изгледа. Минувајќи низ процесот на анализа, често и ги откриваме причините за стресот. Тоа ќе помогне полесно да се справите со него.

Докторот би можел да ви препише и лекови. Но, внимавајте. Многу од лековите против анксиозност предизвикуваат тешкотии по престанокот на нивното земање. Тие се добро решение во извесни случаи. Но, бидејќи патувањето е нешто што го правите одвреме-навреме, а не секојдневно, лековите се само алтернатива.

Моќта на одвлекување на вниманието е исто така мошне добра техника. Понесете со себе книги и игри или патувајте со личности што се интересни за дружење и за разговор.

Не преоптоварувајте се со своите стравови. Лесно е да се поминат часови во истражување на безбедноста на летовите, но тоа може да ви го зголеми стравот и напнатоста.

Соочете се со стравот пред да појдете на пат. Стресот и напнатоста околу патувањето можат да траат и неколку недели пред патувањето. Затоа вежбајте ги техниките на совладување на тие проблеми во секојдневниот живот и во ситуации кога сте под стрес или секогаш кога помислата на патување ќе ве направи нервозни.

Чекорете со т.н. бебешки чекори при справување со стравот. Ако имате страв од летање, обидете се прво да летате на пократко растојание, покусо време или одете до аеродром неколкупати.

Понекогаш предајте им ја контролата на другите. Не мора да бидете токму вие тој член на семејството што е должен да ги носи децата на училиште, да ги плаќа сметките, да се грижи за се околу домот, семејството или работата. Често причина за анксиозноста е потребата да се има целосна контрола на секојдневните настани.

Избегнувајте ситуации што ви го зголемуваат стравот. Ако се плашите од летање, не гледајте филмови со авионски несреќи. Или ако се плашите од терористички акции, не мора секојдневно да слушате вести. Ако сепак сте изложени на вакви вести или филмови, потсетете се дека тие настани се случуваат ретко, а филмовите се само фикција. Овој совет применувајте го особено пред патување, кога вашата тензија е најголема.

ИЗВОР ДНЕВНИК


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:31:39   
penelopa
ИЗВОРНА ПОРАКА: jaca

mislam deka sum golem baksuz i deka ak letam so avion,avionot ke padneuser posted image


Хахаха ме изнасмеа..статистички гледано поголеми се шансите за автомобилска несреќа отколку авионскаuser posted image


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот jaca)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 18:31:41   
Bitolcanka

[/quote]

Јас исто мислев дека авиот е којзнае што ама воопшто не е страшно...всушност супер е...за возење кола сме исти-ама решена сум тој страв да го пребродамuser posted image

[/quote]


Додека не проба човек се му изгледа страшно. Мене вчера дечкото ми покажуваше за возење, првпат се фатив за волан - ќе пцовиса некое магаре user posted image user posted image user posted image Инаку не ми се виде многу тешко, но голема паничарка сум, и кога би имала возачка дозвола, тешко дека би возела сама...

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 21:32:06   
ananikol
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Имам одбивност кон: свекрви, неразбрани шефови, тешки негативци, завидливи луѓе и лажни пријатели.





A se plasam od zmii...uf..na tv nemozam da gi gledam

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 21:43:44   
lilit
Ne mi se smejte ama imam od koziuser posted image

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Дали имате фобија од нешто?
3.2.2010 21:45:32   
mother 29
не ти смеахехехам не............
јас имам  страв од лифт,никако не се качувам сама,ако не си се качувам по степенициuser posted image

(Одговор на членот lilit)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:04:38   
baby mama
Ја се плашам да се возам во лифт, го избегнувам колку што можам. Се мислам дека кога ќе излегувам ќе ме фати вратата, или пак ќе се заглави и мене тогаш ќе ме фати паника, ќе ми снема воздух. Кога излегувам низ врата од лиф со трчање го правам тоа user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:06:28   
Mila na mama
од лебарки, змии и други слични гадинки.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот baby mama)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:08:31   
pacuvce
ПТИЦИ!!!Why???user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:10:00   
matushka
Od avioni definitivno... koda se vozev bev ziva atrakcijauser posted image
Koga pocna da se iskacuva ja grabnav devojkata sto sedese do mene za raka (ne ja ni znaev) i vrisnav od stravuser posted image se nadevam deka nema da ja stretnam pak.. i da.. od inseksti...od site!

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:12:17   
Adrijana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Adrijana

Od kade da pocnam? Imam fofija od zatvoren prostor i od guzva, koga ke se najdam vo takva situacija odma me faka panika i pocnuvam da se gusam i pocnav i sega samo oti mislam na toa. Posle se plasam nenormalno od ulicni kucinja, ama nenormalno mnogu, ponekogas se plasam od macki, ama ponekogas, uzasno mi e strav od lebarki, skakulci, sturci, majski bumbari, stonogalki, strsleni, strkoli, pajaci i site drugi insekti so licat na ovie.Se plasam od bakterii,Duri se plasam i od luge.
Niki ako ima mesto vo tvoeto dzvono i jas da dojdamuser posted image


Da se nedopolnam, uzasno mi e strav od odenje na stomatolog, go posetuvam samo ako umiram od bolka, i togas normalno edinstven spav e vadenje na zabotuser posted image posledniot pat koga bev, pred 3-4 godini, mi izvadija eden, i se ligavev tamu ko malo dete, doktorot prvo eden cas me smiruvase, celata se tresev, i se prepotiv, i solzi mi tecea brrrrrrr uzas, a pak mi se blizi vremeto da odam leleeeeeuser posted image

_____________________________



(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:18:02   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

јас сум клаустофобична, и имам стрв од темница..тоа ми се така сериозни фобии..исто така не поднесувам височини и водни пространства (се си мислам ќе се удавам), ама тоа можам да го совладам..овие првиве двете..јок, можам комотно да липсам, ме фаќа паника, се гушам и ..крај..до душе не сум дошла до крајот сеуште user posted image


И јас да се надоврзам user posted image user posted image user posted image ..Во последно време имам фобија и од тестови за бременост user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:22:08   
dostickage
Ufff da od macki i toa strasna fobija user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:32:46   
tereza
Мене фобиите ми се менуваат во тек на одреден периоди,ама она што ме плаши најмногу е просторија со многу луѓе,тогаш мислам дека се гушам, и како да нема излез,многу непријатно чувство уфффuser posted image  Мислам дека како помала немав фобии некои поголеми, ама како што минуваат годините од се нешто се плашам user posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Дали имате фобија од нешто?
12.3.2010 10:38:38   
melody
Fobija od pajaci begam na 100 km koga ke vidam brrrrrr...strav od temnina i fobija i od horor filmovi.Ako gledam nekoj takov posle so nedeli pa i so meseci se potsekam na scenite.A i uste edno nesto imame ogromni prozorci vo stanot so dupli zavesi ,a dojde vecer jas ne se priblizuvam do prozorcite se mi e strav nesto da ne mi iskoci od tamu(pak od toa horor filmovite) ,a be ubi boze sumuser posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Дали имате фобија од нешто?
16.3.2010 14:40:04   
*Daniela*
Ne znam mozebi ke e smesno ama ako od nesto se plasam vo mojot zivot toa e stomatologuser posted image user posted image

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Дали имате фобија од нешто?
16.3.2010 18:35:13   
Leonida
Од пајаци и тоа мннннннннгу, дури паника може да ме фатиuser posted image Исто и бумбариuser posted image

И останати слични животинки ми се језиви.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?