AnnaMolly RR -> RE: Кога за прв пат бевте со вашето дете на подолг пат? (17.8.2011 8:32:26)
|
Прв пат отидовме со бебушот кога имаше 3 месеци на подолг пат. До душа, не е ни толку долг :) ПАтувавме до едно село оддалечено 70 километри од Скопје, така да не е нешто страшно. Неодамна бевме со воз во Прилеп, патувавме 3,5 часа во еден правец. Натаму супер поминавме, Филип спиеше речиси цел пат, ама за назад душата ми излезе, мислам дека ќе збеснев. Не сакаше да спие, само плачеше, викаше „мама, мама“ цело време, сакаше да шета во ходник... Хорор! Не препорачувам патување со воз со толку мали деца.
|
|
|
|