|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Машина за сушење алишта
8.10.2015 13:12:57   
Bea
И јас сум за посебна. Ние лани купувавме и сите препораки што ги добив беа за посебна. Додека едната машина пере, ти веќе една тура си исушила.
Купивме Whielpool кондензациска и се препородивме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 151
   RE: Машина за сушење алишта
8.10.2015 13:32:10   
LoveableMe RR
Надеее РР, гласам за посебни машини за перење и сушење, од кои таа за сушење кондензациска, позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 152
   RE: Машина за сушење алишта
29.11.2015 15:23:16   
Felly RR
РИнгерајки, ме интересира мислење - бебешките алишта, дали и кога се сушени во машина ги пеглате, или неам потреба. АКо е надвор, ај си велам за дезинфекција некоја, ама вака од едната машина во другата и си велам нема потреба. Нашите секако не ги пеглам, дали во машина, дали надвор user posted image ама од бебе некни така ги прибрав, ама уште ми е мисла. Ги пеглате ли вие или не / би пеглале, не би?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 29.11.2015 15:24:05 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 153
   RE: Машина за сушење алишта
30.11.2015 18:17:44   
lukajana RR
Felly rr јас пеглам само некои работи што не можат да се носат непеглани како фустанчиња на бебе а боди,тренерки и такви секојдневни облеки не пеглам од машина одма во плакар user posted image и така не сум љубител на пегла user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 154
   RE: Машина за сушење алишта
30.11.2015 21:26:56   
Hopeful RR
Felly RR, јас ништо не пеглам, ни наше, ни од бебињата user posted image Посебно сега откога сушам во машина, стварно нема зошто.

Инаку добро што се активира темава, баш сакав да пишам - купивме засебни машини, таа за перење е на LG, а таа за сушење на Beko, и ептен сме задоволни. Она што мене ми пречи, и што не сум го знаела од претходно, е дека кога се сушат во машина, алиштата некако се литосуваат, стануваат ко износени user posted image Кога ќе го видам lint drawer-от, посебно по сушење бебешки алишта, жал ме фаќа за сите меки алишта што им ги собрало влакненцата...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 155
   RE: Машина за сушење алишта
11.12.2015 20:17:02   
Baby12
Здраво сакам да прашам нешто, земавме самсунг машина за перење и сушење од нептун.Е сега гледам тука првото перње викате да било празна машина,во упатсвото не прочитав такво нешто.Тоа важи само за некои модели?Машинава има програм само за чистење на бубањот и пишува треба да се пушти после секое 70то перење и машината ке ме потсетела.Е сега и друго да прашам.Програмите за 40степени за памук и на 60степени,колку ви траат ако не се на скратена програма?Јас се надевав дека пократко ке траат ама повторно се преку два саати 

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 156
   RE: Машина за сушење алишта
13.12.2015 17:05:24   
Felly RR
Тоа за празна, ако не пишувало во упатството значи ок си е, а инаку програмите и кај мене се околу 2 саати, има една брза за 30 мин, и за деликатни алишта е пократка а др се толку.
Патем со здравје да си ја користите машинатаuser posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 157
   RE: Машина за сушење алишта
13.12.2015 21:29:28   
Kvisko
Јас имам bosch комбинирана и 60 степени ми трае околу 1:40. Ама мојата е над 5 години стара и има 5 кила бубањ. Новиве се со поголема килажа и заштедата е што перат повеќе алишта за исто време.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 158
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 1:34:05   
Baby12
Фала ви на одговорите,ја испробав супер е,само од сушара алиштата не ми морисаат на омекшивач :( .

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 159
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 9:58:59   
Kvisko
Нема ни да ти мирисаат нешто јако на омекшивач. Ако сакап да мирисаат се купуваат посебни ливчиња што се ставаат во сушара па така мирисаат. Иако не знам што ќе ти е мирис на омекшивач. Битно е чисто и дезифинцирано.

(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 160
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 10:15:39   
lolla RR
бејби, исфрли омекнувач, за што реално ти е? Важно ти е да се алиштата чисти (кога се чисти не мирисаат на ништо патем) а дезинфицирањето алишта е мит, штом ги фтиме со рака и ставиме во плакар се населуваат на нив бактерии.

За мирисот, првите неколку употреби мириса на самата машина, потоа ке си мирисаат алиштата на детергентот што го користиш.

Јас имам старовремска Бош, и ми суши за околу саат ипол, ама сигурно е повисока т бидејки нема температури туку само памук, микс и временски програми.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 161
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 10:40:46   
LoveableMe RR
Толку време се размислувам да купам машина или само за сушење или комбинирана, ама кога читам вака се откажувам...во странство имав прилика да видам како функционираат, алиштата се меки, мирисаат на прашокот или омекшувачот и навистина со задоволство човек после да си ги носи...

Ама овде што се продава како машини е знак прашање....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 14.12.2015 10:41:11 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 162
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 11:09:17   
Bea
Loveable, моја препорака - ако имаш услови - да си купиш без двоумење и тоа само сушара, не комбинирана.
Јас откако ја имам сушарата се препородив. Не мирисаат алиштата на омекнувач (а не ни користам омекнувач, само понекогаш), меѓутоа се суви и спремни истиот ден и неверојатно мекани, а пеглам само 20% од работите.
Не знам за вас, ама јас надвор не можам да сушам алишта во есен/зима - кога ќе ги внесам мирисаат на чад и смог. Внатре во периодите кога е заладено, а нема убаво парно, ми се случувало по 3 дена да ми висат алишта во дневна, а ако се некои подебели (тренерки на мм или џемпери) дури и на влага ќе се умирисаат додека да се исушат.
Мене најмногу ми значи за овие дебели работи - тренерки, памучни џемпери (мм носи од оние од marks & spencer или springfild - гајле немаат), пешкирите и бањарките излегуваат како на реклама мекани (порано од тераса како картон крути беа и гребеа), монт јакни сушам во нив, јоргани потенки, перници... Се што може пикам внатре :) Уште ќебе не сум пробала најмногу заради тежината ми е страв, а инаку имам една програма за проветрување, суво ќебе на таа програма излегува растресено, освежено - тип топ.
Неочекувано долг постов ми излезе :) меѓутоа навистина препорачувам.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 163
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 12:27:28   
Baby12
За меки,меки се и тоа многу.Вчера првпат пуштив сушара со постелнини и бањарки и супер меки се.Е сега ме буниш што викаш дека и перници и танки јоргани переш,а во упатството кај мене пишува дека не се препорачува понети со сунгер работи да се сушат.Исто и за монтките мислам ми кажаа нетребало оти лити ги правела,као демек пердувите испагале,али може има врска и машината.И јас ја препорачувам посебно за зимно време оти и јас неможам надвор да спружирам,ми засмрдуваат алиштата на чад,цело маало на дрва се грее,па немам место каде,додека се исушат во соба на сушарата постелнини крпи 3 дена треба,па дошло ред на друго.....

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 164
   RE: Машина за сушење алишта
14.12.2015 15:06:29   
Bea
Кај мене во уптаството баш си пишува кој програм е наменет за јакни, а јогранот и перниците ги сушам на истиот.
Перниците не ми се перјани, туку од оние како лио внатре полнети. Ја имам мојата перјана јакна сушено, после тоа е како нова - напуфната, а во малиот филтер остануваат околу 5-6 пердувчиња и толку.

(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 165
   RE: Машина за сушење алишта
23.3.2017 16:27:59   
Milinoja
Zdravo, sakam da prasam za iskustvo so indesit masinite za perenje i susenje alista.pozz

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 166
Страница:   <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?