Snowhite RR -> RE: 8ми Март (5.3.2010 10:43:13)
|
Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген беше одржана Првата меѓународна конференција на жените и на него беше одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, на 8 март секоја година. Следната година, во 1911, по прв пат беше прославен овој празник од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. По победата на болшевиците во Русија, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. На запад во 20-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 60-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник. Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија и Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам. Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправност.
|
|
|
|