RE: исхрана на недоносените бебиња (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Предвреме родени



Порака


Nardi -> RE: исхрана на недоносените бебиња (18.1.2014 19:48:46)

И уште еден мој совет Мими33,предвремено родените деца се склони кон анемија...Пред да почнете со овошје и зеленчук тоа ќе го регулираш со сируп,ние користевме Легофер заедно со Ц витамин.
Редовно прави и крвна слика за да го следиш железото.Ова нема да ти го каже др.Маргарита од причина што нема искуство ,пријатна е,приступачна ама би те советувала да не се ослониш само на неа.
Бог да е со вас и пиши ни,редовно те читам!




Mimi33 -> RE: исхрана на недоносените бебиња (2.2.2014 13:37:43)

Точно така ...сепак предвреме родените се склони кон се дури да развијат имунитет душички мали...Да ти кажам право Нарди до сега многу сум задоволна од Др.Маргарита се убаво кажува,објаснува но сепак и заради тоа пишуваме на форумите бидејќи советите од мајки кои поминале низ тоа се многу драгоцени и добро ни доаѓаат на нас понеискусните мами[sm=smiley36.gif]....Секако ќе ги правам испитувањата што ми ги предложи и ти благодарам многу на поддршката...Те гушкаме со Миа [sm=duda.gif]




Felly RR -> RE: исхрана на недоносените бебиња (7.2.2014 18:37:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: emilijamak

eve sum povtorno jas aj pls nekoja majka da sodeli iskustvo ako ima kako moeto, abe dusa mila ne mozam da go rassonam da cica i koga cica brzo se umoruva, se plasam da ne pocne da paga vo tezina



ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Тоа е затоа што е многу малечко emilijamak и нема сила сеуште.
Обидувај се да го будиш почесто, додека цица ако гледаш дека заспива мрдај му ја градата за повторно да почне. Ако гледаш дека не оди одмолзувај се и ставај во шишенце додека малку да зајакне...но обавезно да биде на мајчино млеко.
И не се секирај, ќе биде..само биди упорна.


ИЗВОРНА ПОРАКА: emilijamak

znam deka e taka, so sisence probavme prvo, i so maka pie zaspiva brzo, denes bev na pedijatar mi rekoa da go dojam deka bese golicko i budno si cicase dobro ama koga e doma mnogu tesko se budime, ma ne pomaga nisto ni vikanje ni peenje, ni kubene za kosice,





Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]