Calypso -> RE: Сексуално образование во училиштата (9.1.2013 12:20:12)
|
Јас сум прво за домашно сексуално образование. Исто како што пиша погоре Ники. Детето не треба да се срами, ниту да се плаши да разговара со родителите за се, ама буквално за се што го интересира, а тоа го вклучува и сексот. Децата и тинејџерите се љубопитни, и искрено, сметам дека е подобро таа љубопитност да ја задоволат со искрен разговор со родителите, отколку да дознаат од интернет, улица или списанија. Не дека имам нешто против интернет и списанија, ама не е секој извор на информации веродостоен, исто како и улицата, односно „уличното образование“. Сведоци сме на тоа дека младите се порано стапуваат во сексуални односи, и притоа се недоволно информирани за тоа што сакаат да го прават, кои се ризиците и последиците од прераното конзумирање на сексот, кои се мерките и начините на заштита. Сексуалното образование по училиштата е добра идеја, само ако е правилно сфатена и спроведена, и притоа, да се оди на поголема информираност меѓу младите, бесплатни и лесно достапни средства за контрацепција и подигање на свеста за ризикот од СПБ. Не можеме да ги спречиме тинејџерите да направат нешто што наумиле, зашто ќе најдат начин, време и место да го сторат тоа. Важно е да бидат информирани!
|
|
|
|