AnnaMolly RR -> RE: Првото запче (17.10.2011 8:58:11)
|
Тања, се е индивидуално. Мене СИТЕ ми викаа дека Филип ќе почне да вади заби кога имаше 4 месеци! Премногу се лигавеше, се ставаше во уста, непцата му беа потечени, беше нервозен, само плачеше, не сакаше млеко да пие... Уште тогаш почнав да го мачкам со гелови и капки. Ама излезе дека не било од запчињата. Првото запче му порасна на 8,5 месеци! Мој совет е да отидете на лекар, нека ја прегледа педијатарот и ќе те советува што понатаму. Можеби плачењето и раздразливоста се само минлив период. Ти посакувам со лесно да си ги извади запчињата Ева! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
|
|
|
|