RE: Првото запче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


lukajana RR -> RE: Првото запче (19.3.2015 17:12:07)

Да ви се множат бели бисерчиња




Felly RR -> RE: Првото запче (19.3.2015 17:44:45)

Честитки Сонц, нека ви се нижат бели како бисерчиња!!! АЈде сега да честиш по еден сутлијаш да се облажиме [sm=smiley36.gif]




sonc90 -> RE: Првото запче (22.3.2015 12:56:21)

fala mnogu...smetajte se pocasteni bidejki nekako ne mi ide od raka postiranjeto sliki vo lounge barot,inaku bi vi go postirala bas sutlijasot jas licno sto go pravev... [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Првото запче (25.3.2015 14:21:54)

sonc90 На здравје сутлијашот да се редат убави бели запчиња[sm=duda.gif]




hopeless -> RE: Првото запче (30.3.2015 15:30:57)

Првото забче ни никна на 7.5 месеци.
Сега на годинка и неколку дена имаме вкупно 10, забчиња и уште две на пат да излезат.




lolla RR -> RE: Првото запче (25.7.2015 20:14:53)

Жени, на нас ни никна првото запче [sm=bravo.gif] не ми се верува, на 3 дена пред 6 месеци. Го приметив на бањање, мажево упорен да ме гризне и осетив пробиено запче. Абе не знаев на кај терам од радост, изненадување, расте бебево ахххххххх
Сега ке варам сутлијаш па утре ке се почастиме.
И пошто е голем маж, го однесовме во Веро за прв пат и си заспа во марамата на сред шопинг.
Ахх, не ми се верува уште.




lukajana RR -> RE: Првото запче (25.7.2015 22:41:17)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за Л ,да ви се множат бисерчиња бели




Bea -> RE: Првото запче (26.7.2015 17:26:56)

Lolla cestitki za prvoto zapce! Da se naredat bisercinja!




Hopeful RR -> RE: Првото запче (26.7.2015 22:05:32)

Ој леле, јунак на мајка, запче покажал!!! Ајде нека се множат бисери, нека јаде и гризе Л, и најбитно, нека се смее, сите да го видат запчето! [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Првото запче (26.7.2015 22:50:36)

lolla со лесно да се редат бели запчиња,Л си заспал со мерак.Само убави мигови да имате со дечкото [sm=bravo.gif]




sandriana RR -> RE: Првото запче (27.7.2015 12:52:16)

Честитки за запчето на Л [sm=bravo.gif]. Со лесно да ги вади сите запчиња [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Првото запче (27.7.2015 12:55:14)

Ви благодарам женски, ајде кој е за варам денес втора тура сутлијаш, има и dairy-free за такви ко мене кои не пијат млекце пресно.




Gardenia -> RE: Првото запче (27.7.2015 13:24:25)

И јас да се пофалам,нас пред две недели ни излезе првото забче единица доле десно,на неколку дена пред седум месеци,многу е смешна кога праве фаци[sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Првото запче (27.7.2015 14:32:41)

Lolla на здравје сутлијашче, и за малата на Gardenia[sm=bravo.gif] со лесно убави запчиња да вади




LoveableMe RR -> RE: Првото запче (27.7.2015 16:20:04)

Честитки за запчињата, да се множат[sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




lukajana RR -> RE: Првото запче (27.7.2015 17:19:43)

Cestitki za prvoto biserce na B [sm=sloncek.gif]




sandriana RR -> RE: Првото запче (28.7.2015 10:44:26)

[sm=bravo.gif] Честитки и за запчето бисерно на малата Бисера [sm=smiley1.gif] Нека се множат, бели и здрави [sm=bravo.gif]




mesecina83 -> RE: Првото запче (8.9.2015 12:33:23)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] И кај нас на помалиот близнак не 1 туку 2 запчиња одеднаш му изникнаа,а се стари 6 месеци и 12 дена.иИ сабајле како го ранев кашичка со лажичката му ја допрев долната вилица и му изникнале 2 бисерчиња а синоќа баш му ја чешев вилицата ништо немаше .Се надевам во скоро бреме ќе му изникне и на поголемиот близнак запче.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Првото запче (8.9.2015 13:35:40)

Честитки некa се мнoжaт бисерчињaтa[sm=bravo.gif] кaј двaјцaтa




lukajana RR -> RE: Првото запче (8.9.2015 23:47:28)

Честитки и од мене ,нека редат бели бисерчиња близначињата




lolla RR -> RE: Првото запче (9.9.2015 14:35:39)

mesecina, честитки нека се редат бисери.

Ние веке имаме 4, две горе две доле.




Hopeful RR -> RE: Првото запче (9.9.2015 17:36:29)

[sm=bravo.gif] Охооо супер, нека се множат и нека гризат со задоволство!




Hopeful RR -> RE: Првото запче (19.9.2015 12:26:39)

Дојде и кај нас првото запче! [sm=bravo.gif]
Не очекував толку рано, на 4 и пол месеци, ама ете, вчера кај Ј се појави првото запче [sm=smiley1.gif] Се помачи ден-два, кенкаше, глодаше и врискаше, ама дојде и сега е голем дечко!
Сега чекаме да видиме дали и другиот е толку амбициозен [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Првото запче (19.9.2015 14:05:31)

[sm=bravo.gif] браво за Ј ,сега и батко се чека [sm=bravo.gif] бели и здрави цел живот




LoveableMe RR -> RE: Првото запче (19.9.2015 14:45:20)

Честитки зa Ј. некa се мнoжaт и кaј другиoт дa чуеме [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  35 36 37 [38] 39   Следна страница >   >>