Pepelaska * -> RE: Адаптирано млеко (24.3.2011 11:01:28)
|
Еве еден текст кој го најдов за пробиотикот мислам дека ќе биде корисен за многу мамички : Пробиотици-нова формула за новороденчиња. Доењето е стандарден начин на исхрана за вашето бебе. Зошто? Затоа што како што е познато, мајчиното млеко содржи хранливи материи и други фактори кои овозможуваат растење и имунитет. Бебињата кои се доени, најчесто имаат поздрав и посилен имунитет, во споредба со бебињата кои се хранети со вештачка храна. Затоа бебињата кои се доени поретко добиваат температурни инфекции, и побрзо се опоравуваат од нив. Бебињата се раѓаат со стерилен (без бактерии) дигестивен систем, кои брзо по раѓањето се контаминира со бактерии од мајката и од средината. Мајчиното млеко содржи големи количини на комплексен скроб, е добар за бактериите кои се добри за здравјето на дигестивниот систем на доенчето, за разлика од бебињата кои се хранат со вештачка храна. Како функционираат пробиотиците Најдоминантната бактерија која се наоѓа во дигестивниот систем на бебињата кои се доени е Бифидо бактеријата. Кога таа е присутна во дигестивниот систем, ваквите видови на микроорганизми исто така се сметаат за пробиотици. Пробиотиците го помагаат развојот на здрав дигестивен пат, и се добри за општото здравје на организмот. Комплексниот скроб во мајчиното млеко кој го помага развојот на бифидо бактеријата и други бактерии кои се добри за организмот,се категоризираат како пробиотици. Мајчиното млеко прави многу повеќе од само што го зајакнува имунитетот на вашето бебе и општото дигестивно здравје. На многу здрави бебиња им е лесно да ја варат храната, и може да имаат други здравствени предности кои ја надминуваат нивната возраст, според блиски истражувања. Кога мајчиното млеко не е опција За некои мајки, доењето не е секогаш опција. Некои мајки не ги дојат бебињата, или избираат да го комбинираат мајчиното млеко со додаток на исхраната. Додатокот на исхраната нуди многу поволности за да биде “доволно добра” опција, иако никогаш не ќе може да го замени во целост она што природата го нуди во мајчиното млеко. Иако бебињата кои се хранети со вештачка храна не ги добиваат сите хранливи вредности или предности за имунитет, кои се наоѓаат во мајчиното млеко, тие ги добиваат потребните хранливи вредности кои се неопходни за раст и развој. . Додатокот за исхраната кој се продава во САД, нуди други опции за бебињата со посебни диетски потреби. Некои бебиња се алегрични на млекото од вистинска крава, или се наоѓаат во специјална медицинска состојба која го спречува нормалното варење на храната. За овие бебиња, има додатоци кои се на база на соја, и додатоци со хидролизирани протеини. Содржината на додатоците на исхраната за бебиња е регулирана и некогаш изменета од производителот, со намера да се подобрат бенефициите за здравјето на бебето. До неодамна, никој од додатоците за исхрана кои се продаваат во САД не содржеа ни пробиотици ни хранливи материи. Опција-нов додаток Нов додаток на исхраната е достапен во САД, кој содржи пробиотици. Овој нов додаток содржи Bifidobacterium lactis,клучен вид на пробиотик кој се наоѓа во дигестивниот систем нс здраво, доено бебе. Бидејќи овој нов додаток не ги нуди целосните предности на мајчиното млеко, е дизајниран да го зголеми нивото на дигестивни бактерии кај бебе кое се храни со додаток, на ниво на она од бебињата кои се доени. Овој вид на додаток во исхраната е достапен во странство повече од 15 години. Резултатите од научното истражување за користењето на пробиотици за спречување на некои неправилности кај децата, се позитивни. Пробиотиците покажаа успех во намалувањето на антибиотиците поврзани со дијареа и акутен гастроентеритис( дијареа коај се должи на стомачни вируси) какои во намалувањето на алергии предизвикани од храна, и ги намалуваат стомачните грчеви. Се верува дека новите додатоци на исхраната кои содржат пробиотици, ќе го доведат до рамнотежа дигестивниот систем на бебето, за да може Bifidobacterium lactis.да се развива. Меѓутоа, вкупните бенефиции од додатоците на исхраната остануваат неизвесни. На пример, истражувачите не знаат дали здравствените бенефиции кои се наоѓаат во додатокот, ќе продожат откако тој ќе престане да се употребува. Понатамошби истражувања за здравствените бенефиции од мајчиното млеко и додатокот на исхраната можеби ќе ни ги откријат одговорите во блиска иднина.
|
|
|
|