Calypso -> RE: Адаптирано млеко (20.7.2011 22:31:43)
|
Zlatcetomoe, и син ми е на доење и дохрана со Novalac, уште од првиот месец (поточно, малку пред да наполни месец дена), и по совет на педијатар после секое цицање му давав само по 30 мл, а понекогаш и 60 мл, ако сакаше повеќе. Само навечер пред спиење му давав цел оброк од адаптирано млеко, и тоа прво 90 мл, а сега веќе и 120 мл (има 4 месеци). Јас мислам дека 210 мл е многу за бебе од 2 месеци, но можеби грешам, колку што знам, најголемата доза е до 120 мл, а после 3 месеци се зголемува до 150-180 мл. Инаку, ако на бебето му треба уште млеко, тоа само ќе ти каже, т.е ќе плаче. Е сега, јас бев упорна, и работев на тоа да си го зголемам млекото, т.е да му овозможам што повеќе да цица, и тоа вроди со плод, па сега не му давам адаптирано млеко после секое цицање, туку само два оброци, наутро доза од 90 мл, и навечер пред спиење доза од 120 мл, а преку ден и ноќе си цица без проблем. И фала му на Бога, на 4 месеци имаме 6кг со 61 цм (а се роди 2760гр со 49цм). Верувај ми, бебето само ќе ти каже ако сака уште [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|