Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: нате84 Здраво на сите, Јас сум нова на форумов, па ми треба мала помош. Се имам породено со царски рез, и само што направивме 40 дена. Неможев да го дојам синчето нешто со крвта имам мали проблеми, пиев некои ампули, а не требаше да дојам, и тоа многу плачеше кога и да пробав, па се одмолзував и му го давав тоа млекце, плус почнав да му давам Хип Био. Се си беше супер, но некаде на форумиве прочитав дека е потребно да му се смени млекцето после 1от месец, така да купивме Аптамил и тоа му го даваме деновиве. Е сега имаме проблем, не сме сигурни дали почна пред да му го даваме ова Аптамил или претходно. Многу се мачи кога треба да кака, толку многу се нервира дури почнува да плаче, мора да го земам во рака, да го ѕенѕам за малку да се смири. Е сега не сме сигурни дали е до млекото или има некои грчеви. Аптамилот го пие нормално, но кога треба да кака многу се мачи. Дали знаете дали е до аптамилот да го вратиме на Хип или тоа е нормално? Еве неколку дена преку ден малку плаче, но многу се грчи и пробува да кака, а кога ке дојде нок, некаде околу 1 наутро, многу силно плаче. Значи му даваме по 120мл на секои 2 саати ( тогаш си бара ) Кога ке се искака гомцата се некоја зеленикава боја... Пред некои 10 дена какаше по 2-3 пати на ден, сега едвај еднаш. Може ли малку помош? Здраво Нате. Како прво воопшто не знам кај ја најде таа информација да треба да се смени млекото после првиот месец Тотално неточно. Грешка направивте ако убаво пиеше Хип био. Второ, мислам дека ви бебчето има грчеви, прави му масажа на стомачето, кога сака да кака нежно му ги движи нозете како да вози бицикл, ама ептен нежно нели, греј му стомаче (мада не знам сега во овие жештини како е тоа изводливо), или па на крај крајишта може и капки да му даваш за грчеви. Тука има мајки на кои ептен им помогнале капки. На моето бебе не, ама зависи сепак од детето. И што е најбитно Ад млекото не му давај никако на два саата, туку најмалку на 3 сата. Така педијатри советуваат за да се претходно убаво свари (сепак тоа не е мајчино млеко) и да не му ствара грчеви. Ако плаче на два сата, малку го занимај, дај му цуцла што знам, и многу бргу ќе си створи ритам за да јаде на 3 саати. И да, во секој случај консултирај се и со педијатар за повторно да промениш млеко. Поздрав.
|