|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Адаптирано млеко
21.12.2015 22:25:10   
Melanija RR
Tool можно е грчевите да ги има и што е мешано млеко.Кога е гладно ќе се буди,вистина дека ноќе често бебињата што се на АД спијат 1-2 часа но според мене тоа не е причина за да се воведе АД што имаш млеко.До 3 месеци се склони кон грчеви.Така што мој совет намали на АД и внимавај на својата исхрана.

gina незнам дали разбрав го правиш затоплуваш ладиш и пие,после колку време се буни несака.Па неможе за 2-3 мин пиење да се олади па да несака да пие.Веројатно ќе се засити од глад а после не пие бидејќи не го сака. Ако сеуште е така пробај со друго АД.Чувај ја водата затоплена во термос,сипи во шише стави прашок и готово.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1476
   RE: Адаптирано млеко
21.12.2015 23:03:48   
MamaKiki
tool еве иако веке сум ја надминала темава пред скоро можеби има нови информации за одговори на што и како , но јас сум сигурна (барем според мојот случај) дека грчевите се од адаптираното млеко , тоа е многу болна вистина ако мајката нема млеко мораш да даваш и кога знаеш дека ке го боли мешето и ке се витка од болка.... ако имаш млеко намали мајка на ад пробај не давај освен ако во мегувреме ти е намалена лактацијата и да немаш доволно за да се нахрани... после ад пример по пола саат давај чај бебешки има на хумана ким и коморача или на бекутан сладок анасон нека се напие пример 10-20 мл па паузирај, по некое време пак дај малку чај да му помогне да ја свари полесно храната, ако веке има мн силни грчеви пробај со еспумисан со консултација со педијатар.. верувам дека доењето може да биде напорно во текот на нокта , но и ад може да биде уште по напорно во нокта ако бебе го боли меше... ви посакувам побрзо завршување на грчевите
и да друга работа која сигурно ке се контри со мислења на мајки до 4 месеци вода не давав , и после кога почнав по малку му се подобри мешето иако со еспумисан теравме до 6 и пол месеци имаше грчеви и од кашички на почеток user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1477
   RE: Адаптирано млеко
22.12.2015 10:21:02   
Tool
Секако дека ако имаш доволно млеко не би му понудила адаптирано....но откако му давам барем еден оброк го осекам дека е најаден,пред тоа беше многу плачлив и само на цицка се смируваше,па и ние мајките треба да се чуваме,поготово кога немаш свекрва да ти направи нешто да каснеш user posted image со железо 6 и со маргарин и паштета од немање време не се подига имунитет и не се ствара млеко user posted image како и да е ке се потрудам што повеќе да го избегнам адаптираното оти се приметува дека грчењето му се од него позз.

(Одговор на членот MamaKiki)
Непосредна врска до пораките: 1478
   RE: Адаптирано млеко
22.12.2015 10:37:20   
Hopeful RR
Ако немаш доволно млеко, тоа е веќе друга ситуација, но чисто ради информација, грчевите кај бебињата се апсолутно нормални и немаат секогаш врска со АД. Односно, кај голем број доени бебиња исто така се појавуваат грчеви - бебето на другарка ми беше ексклузивно доено па 6 месеци врискаше пискаше...

А во однос на времето и крвната слика, никој од нас нема време, ни јас немам свекрва дома да ми готви, па се снаоѓам - јади свежо овошје, зеленчук, подобро леб и сирење отколку леб и паштета, според мене, и пиј препарат за железо. Инаку, квалитетот на млекото е секогаш константен, што и да јадеш - се користат твоите залихи и може тебе да не ти е ок, ама бебето добива добро млеко, тоа биди сигурна.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1479
   RE: Адаптирано млеко
22.12.2015 12:55:48   
Hopeful RR
И морам да додадам само уште нешто.

Не сакам да бидам погрешно сфатена дека имам проблем со давање АД, бидејќи немам. Мене лично многу ми пречат оние мајки што ги осудуваат другите мајки за тоа што бебињата им се на АД... јасно дека мајчино млеко е најдобар избор, но уште подобро за бебето е здрава права мајка, и ако доењето е поголем стрес, подобро АД.

Јас давам АД од старт, во комбинација со редовно доење, може и да прочитате во постовите наназад. Имав еден период грижа на совест за тоа, се обидував да дојам повеќе и да го намалам АД-то, но и едно бебе си има потреби, а не пак близнаци, и колку и да се трудев, тие растеа и бараа повеќе, а едноставно таа ми е количината на млеко. Решив да не се измачувам и дојам секој ден, но кога можам, сакам и сум расположена, и редовно давам АД. Ако ноќе на пр, се разбуди некој во крш време (обично знаат наизменично - еден во 2, друг во 3, па првиот во 4), и сум low energy, тогаш ич не се трудам, одма им давам АД и гледам да ги решам по кратка постапка, пошто мора и јас да поспијам повеќе од два часа, впрочем...

Муабетот ми беше, Tool, извини ако ти оставив впечаток дека те осудувам за тоа што на своја рака си дала АД, напротив. И токму затоа ти потенцирам да немаш грижа на совест дека грчевите се од тоа, може да се, но и не мора. Пробај друга формула, пробај со Colief капки, со Еспумисан... ќе се најде лекот. Моиве имаа грчеви 6-7 месеци, и тек сега се стабилизираат. Тоа е user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 22.12.2015 12:56:44 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1480
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 15:59:56   
Tool
Не бе Hopeful таман работа....па тука сме да си се посоветуваме,воопшто немав таков впечаток дека ме "караш" user posted image напротив пробав еве два дена не му дадов млеко ова е веке трети ден грчевите си останаа уште не сме покакани и не спиеме воопшто навечер,заспиваме само околу 22 до 3 сабајле и после до 9 се будиме на секој пола саат во грчење со плачки...и пак мислам дека е гладен дека млеко немам доволно за нвечер

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1481
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 16:04:29   
Tool
А и пробав со еспумисан најпрво па со колиеф па инфакалм и сега сме со сирупот нурс харви ....ништо не го дира па ке пробам да користам едно нешто подолго време не купувам ништо повеќе...зошто сватив веќе дека се е залудно...ќе чекам смирено да поминатuser posted image

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1482
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 17:41:07   
Milicka 30
Tool нас еспумисан капките во комбинација со бекутан чај многу ни помогна. Еспумисанот ги давав пред секој оброк и имаше ефект по неколку дена. Инаку во првите денови кога плачеше малата ситд мислевме дека се грчеви а накрај излезе дека е гладна, ми требаше врдме дури да разликувам кое плачење зашто е. Ако плаче и се грчи поцрвенува тогаш се грчеви. Јас еспумисанот ги давсв може до 4 месеци и немавме повеќе мака, ќе поминат само да истраете.

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1483
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 17:55:12   
gina
Tool i moeto bebe imase jaki grcevi a bese na majcino mleko otprvin samo dve sisina AD ispi dur mi dojde Mlekoto pa posle 4 mesec pocnav so dohrana na AD i seka sme samo na AD
moeto bebe imase tri mecesi grcevi placese bez prestan traea mnogu ne dva tri sati nego 12 -18 sati sto se ne probav se odadov od pari po sirupi i kapki znaci nisto ne mu pomagase malku ce se smirese 15 min i pak isto vidi bas vo temata za grcevi tamu imam pisuvano

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1484
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 18:12:11   
lukajana RR
Tool грчеви имаат скоро сите бебиња без разлика дали се на Ад или цицаат.
Клик на темата за Грчеви кај бебето - колики таму ке најдеш повеќе совети

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 23.12.2015 18:13:17 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1485
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 18:12:42   
marchi
gledam sega pocesto preporacuvaat espumisan ama nie ne upotrebuvavme,ne ni prepisaa.ni dadoa kapki mislam kolief deka se vikaam ama mnogu skapi.okolu 800 den pa mu davav bekutan cajce.dodusa mnogu retko imase grcevi ama sepak cajce ne e stetno.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1486
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 21:27:20   
Tool
Уште кога почнаа грчевите и тоа многу рано кај нас втората недела баш читав на темата кај грчеви и пишав погоре дека имам пробано доста капки...туку првичното прашање ми беше дали ад.млеко предизвикува грчеви и запек и дали да менувам некое друго и кое...затоа пишав во темата за адаптирани млека,но ете воопшто не давам веке три дена и пак има грчеви,така да ке си тераме века и ќе чекаме да пораснеме

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 1487
   RE: Адаптирано млеко
23.12.2015 23:29:21   
Neurotoxin RR
има млекциња со пробиотик наменети за вакви случаеви, слободно можеш да го смениш, барем на некој период додека се среди стоачето

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1488
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 9:05:28   
tincule
Може да се утепате пари давајќи за било какви сирупи и чаеви ама ако го доите бебето а не внимавате на исхраната џабе ви е. Јас избегнував се што можеше да и предизвика грчеви и најискрено моја Д само 2 пати ми плачеше и тоа околу 20 минути и толку. Немавме никакви проблеми. Ама избегнував се цитрусно овошје, грав и слични работи.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1489
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 9:43:25   
Neurotoxin RR
И јас се избегнував, беше исклучиво само на доење, јадев само тестенини, пиев само вода, ама грчевите не престануваа, до 3 месеци. После ги снема наеднаш. Малку олеснуваа со еспумисан и лежење на меше.

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 1490
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 9:46:20   
gina
i jas izbegnuvav se od hrana ziva gladna da ne recam bev pa pak moeto imase grcevi dr. mi kaza ne e do hranata mi vikase se da jades ama jas pak izbegnuvav mnogu raboti mleko zelka grav jajca gokoladi i sl. raboti

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 1491
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 10:05:25   
Milicka 30
tincule мислам дека си имала среќа што твоето бебе немало грчеви. Точно дека исхраната на мајката е битна, но скоро сите бебиња поминуваат низ истото дури да им проработат цревата дали биле само на доење или на АД. Со многу педијатри што имам зборено дури викаат дека храната што мајката ја консумира се преработува и не се осетува во млекото, така да не секогаш грчевите се должат на исхраната на мајката туку тоа е еден процес низ кое поминува секое бебе. Само што многу е тешко да ги гледаш како се мачат а неможеш да помогнеш. Кај некој помагаат капките ,чаевите кај некој ништо. Сестра ми со двете деца беше на ексклузивно доење па имаа грчеви до 6месеци иако многу внимаваше на исхраната.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1492
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 15:05:21   
Hopeful RR
tincule, стварно си имала среќа. И јас пазев и не внесував ништо што може да биде проблем, па пак имаа грчеви 6 месеци, а и кратко потоа. Едноставно, некои бебиња имаат, некои немаат. Еспумисан кај нас помагаше многу, но само со редовно давање - имам пишано во темата, но на кратко, давав во секое, ама секое шишенце АД, на секој оброк, дење-ноќе... Изгор скапо, ама помогна.



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1493
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 17:32:44   
Tool
По 25капки ставаше во секое ? колку оброци имавте во 24 часа...и нема ли да му штети нели е премногу...па така би дошло може на три дена ново шишенце user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1494
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 18:56:37   
Hopeful RR
Ооо да, на секој, буквално секој оброк, инаку одма им се појавуваа. Тогаш немаа почнато со дохрана, и секој оброк им беше цицање + АД, а јадеа на 2 часа денски, плус по 2-3 пати ноќе, па сега пресметај сето ова, плус по два дека близнаци user posted image Еспумисан кај нас се трошеше ко алва, на 2-3 дена по едно, да. Не сакам ни да пресметам колку пари отишле, но фала богу бар помагаа. И сега редовно имам дома Еспумисан и ноќе понекогаш им давам.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1495
   RE: Адаптирано млеко
24.12.2015 21:13:08   
marchi
hipp conbiotik eadaptirano mleko sto go preporacuvaat kaj deca koi imaat grcevi.a mnogu tocno e deka zena treba da vnimava na izhranata koga doi,ostaj doktor sto ti rekol deka nema vrska

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1496
   RE: Адаптирано млеко
25.12.2015 20:08:42   
Felly RR
Мами ви препорачувам да пробате со пробиотик Провен.user posted image
Ние првите две недели користевме Пролајф пробиотик, но му се јавуваа грчеви грчеви. Потоа почнавме со провенот (не знам дали беше до него, дали беше потребно време, или едноставно поминаа грчевите)и еве речиси 4 месеци, не сме имале проблеми со грчеви. Не сум се ограничувала ништо во јадењето, бидејќи и не сме имале проблеми, да не се подречам. Може и детето е такво, немаат сите деца грчеви, ама зошто да не се проба, Tool, наместо да менувате АД млека, или капки, пробајте со пробиотик, секако во консултација со педијатар. Шишенцето е 500 ден за цел месец. Ние и помалку му стававме па имаше и за повеќе од месец.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 1497
   RE: Адаптирано млеко
28.12.2015 12:04:27   
Tool
Felly јас уште од првиот месец му давам провен секое сабајле во неколку лажици чајче,слушав многу позитивни коментари за овој пробиотик најпрвин случајно на една утринска програма зборуваше лекар од систина,кога се роди малиот ја прашав и мојата педијатарка и таа ми потврди дека е корисно да се дава овој пробиотик за понатаму детето да има добар имунитет...ми рече се до 4тиот месец да давам понатаму ако сакам и не ми претставува голем трошок.....но со грчевите не ни помага user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 1498
   RE: Адаптирано млеко
28.12.2015 13:07:48   
Hopeful RR
Денес бевме на вакцина, и докторката таму така ме пречека, што уште сум напната... Што било тоа што сум им давала АД, не е точно дека сум немала доволно млеко, и почна да ми вика да го фрлам АД-то. Да беше така лесно за сите - во ред, ама не е... башка како после 7 и кусур месеци да ги навикнам да цицаат по стопати на ден, не ни сакаат да цицаат веќе... И почна да ме тера да им давам кисело млеко наместо АД, подобро било, АД-то било за телиња, а ова дека ферментирано било подобро.

Сега ок, знам јас дека докторите уште при породување форсираат АД затоа што се спонзорирани од дистрибутерите и производителите, се ми е јасно, и знам дека не ни требаше да почнам од одма со АД; ама тогаш така ни кажаа, јас ни на крај на памет дека е тоа така, и од сегашна перспектива не знам што да правам. На мм му се бендиса нејзиниот муабет, и он сака да го откачиме АД-то, а јас не знам како да ги натерам да цицаат повеќе, посебно што М понекогаш ич не ни сака да цица. Плус, страв ми е дека може да има регрес, посебно ноќе, да ми се будат не по 2-3 пати, него по повеќе, пошто не цицаат многу, и не знам што да правам...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tool)
Непосредна врска до пораките: 1499
   RE: Адаптирано млеко
28.12.2015 13:35:29   
Tool
Hoppeful....Јас знам дека педијатрите се стручни лица за својата професија,но мислам дека не секогаш се во право...и знаат убаво да го извадат човек од памет,на моја пријателка дури и рече една дека ако го промени ад.млеко детето може и да и почине...страшна работа...јас мислам да си се водиш според желбите на дечињата па тие сами си кажуваат што сакаат...и колку пати е спомнато до сега дека не едно дете е пораснато на ад.млеко,ти до сега си ги дохранувала па после 7месец било проблем....јас нели те послушав не му дадов 5дена адаптирано и што се деси исто грчеви ужасни и плус преку ден не спие пак сака нон стоп да е на цицка а навечер не по 2-3пати туку на секој саат се будеше....и пак еве 3 дена му давам насабајле 100мл и навечер 100мл преку ден спие по 2-3 часа и навечер од 10 до 4 спие user posted image грчевите си ги има ама тоа е

_____________________________

Every Family has a story to tell...Welcome to ours...

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1500
Страница:   <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?