Западот под вода (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> Западот под вода (24.2.2010 11:09:36)

Луѓе па читате ли ова што се случува..Охрид ке се поплавува, во Струга стравуваат од одрон на карпи..Патот кон Бигорски е отворен само една лента и тоа со прекини..како да ни оди тој дел од земјата под вода..Да не добиеме ново огромно езеро?




mami -> RE: Западот под вода (24.2.2010 11:12:30)


[image]http://media.a1.com.mk/media/vesti200/kuka-pestani.jpg[/image] 
Ова е сликата во поголемиот дел во куќите во Пештани. По еден метар вода како овде, има речиси во најголемиот дел од куќите во Пештани. Поплавени се. Се е овде измешано со фекалии. Граѓаните стравуваат дека најлошото допрва доаѓа.Пештанци поради ваквата слика не стравуваат повеќе само од поплавите, туку и од евентуалното појавување на заразни болести.„Најлошото допрва доаѓа. Ова се сега води од езерото, затоа што сега езерото е на многу високо ниво, а допрва следуваат подземните води од озгора“, рече жител на Пештани.На терен се и екипите од дирекцијата за заштита и спасување. Денеска се поставија речиси 4000 насипи од вреќи со песок како брана од нови поплави, за да евентуално не дојде до лизгање на земјиштето и расцепување на магистралниот пат. Водостојот на Охридското езеро секојдневно се зголемува поради обилните врнежи од дожд. И денеска се искачи за уште еден сантиметар и сега е 16 сантиметри над утврдениот максимум. Состојбата станува алармантна.Освен во Охридско, во критична состојба се и делови од Струга. Особено местата Калишта и Радожда.




mami -> RE: Западот под вода (24.2.2010 11:13:07)

За месец, месец и половина втора катастрофална поплава во Општина Пласница. Патиштата се блокирани, училиштата се под вода, а поплавени биле и над 100 хектари обработливи површини. Градоначалникот Исмаил Јаоски обвини дека и по втор пат Владата воопшто не реагира. Над 4.000 жителите на селото Пласница се уште се отсечени од остатокот на Општината, бидејќи мостот кој тогаш се урна се уште не е саниран, а не е изграден ниту друг алтернативен пат, жителите не можат да се снабдат со основните намирници. „Да не даде Господ, доколку под итно не се реагира, може да се случи и мостот кај месноста Преглово да се урне, како што се урна мостот кај селото Пласница, тогаш сите 6.500 жители од Општината не ќе можат од регионалниот пат да стигнат до своите домови“, изјави Исмаил Јаоски, градоначалник на Општина Пласница. „Сега со страв минуваме по мостот, не можеме да одиме тука со ниту едно возило, производи носиме со магариња, ова е срамота бидејќи никој не презема ништо за овој мост“, вели Адем Бејзароски, жител на с. Пласница. Иако им било ветено се уште не е расчистено коритото на реката Треска. Жителите велат дека поради тоа училиштето се поплавува, а уништени биле и 80 проценти од посевите. Стравуваат и од целосно поплавување на училиштето.„Доколку само уште малку се зголеми нивото на реката тогаш постои голема опасност водата да навлезе и во училиштето и да предизвика огромни штети“, истакна Даут Хаџиреџеп, секретар во училиштето во с. Лисичани.Од Општината велат доколку под итно не се реагира последиците можат да бидат уште покатастрофални.




delfinka -> RE: Западот под вода (24.2.2010 14:20:26)

kaj nas skoro 2meseci vrne sneg,eve veke 2dena sega snegot prestana ama imame dozd
po kraevite na ulicite ima sneg so e cisten okolu metar pa od dozdot nekako se topi no gledam deka se slucuvaat strasni katastrofi
o italija isto i neznam kade bese celi mostovi i komplet naselbi nastradaa
mislam deka seto ova e blagodarenie na covekovata nevnimatelnost




BILJANA_G -> RE: Западот под вода (24.2.2010 14:23:49)

Mene bas me plasi ova so rastenjeto na nivoto na vodite,poplavite.Nema igracki so prirodata.Ama sepak mislam deka nadleznite ke najdat pametno resenie inaku neznam sto li ke se sluci ako prodolzi vaka.




BEBICA -> RE: Западот под вода (24.2.2010 14:25:19)

Pod vodom 600 kuća! Najavljena kiša i sneg koji se topi prete da ponovo podignu nivo Belog Timoka, koji je u zaječarskoj opštini poplavio čak 600 kuća 1[image]http://www.pressonline.rs/upload/boxImageData/2010/1/22/91482/poplava-1.jpg[/image]Podivljao Timok... Nabujala reka napravila velike probleme Zaječarcima

Područje opštine Zaječar i dalje je najugroženije poplavama, koje su zahvatile veliki deo teritorije Srbije. Beli Timok je poplavio prigradska naselja Višnjar, Izvorski put, Pišura i Miljuk, i ugrozio čak oko 600 kuća! U noći između nedelje i ponedeljka iz ugroženog područja evakuisano je oko 300 osoba.




BILJANA_G -> RE: Западот под вода (24.2.2010 14:27:51)

Au strasno ,kako li samo mu e na ove luge.




ripce -> RE: Западот под вода (28.2.2010 8:35:57)

Нападнете ме ако мислете дека не сум во право, ама јас ќе го кажам своето мислење, дека сето ова е казна на природата, поради негрижата на човекот кон неа, резултат на глобално затоплување, ноншалантното однесување на луѓе кои се наоѓаат на клучни позиции, и одлучуваат за судбината на останатите ... и се плашам дека сето ова во иднина ќе биде уште поиразено... веќе излегува од контрола, како човекот да ја губи војната кој самиот предизвика[sm=zmeden.gif]




Adrijana -> RE: Западот под вода (28.2.2010 9:00:54)

ripce bas ubavo si kazala, ama ova e strav da te fane.




Страница: [1]