Е-дневник (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


jovanka -> Е-дневник (24.2.2010 12:04:52)

Со е-дневникот оценките и неоправданите на тапет


Родителите со код преку компјутер ќе можат секојдневно да ги контролираат своите деца за успехот и за редовноста на часовите. Тие заедно со децата ја поздравуваат новината, бидејќи секојдневно ќе бидат контролирани


Родителите од ОУ "Коле Неделковски" од вчера, успехот и редовноста на своите деца ќе можат да ја следат преку интернет. Ова центарско училиште, прво во Општина Центар, го пробива мразот на пилот-проектот на Владата за воведување на електронскиот дневник во сите училишта. На пуштањето во употреба на пилот-програмата во основните училишта, присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерите за образование и информатика Никола Тодоров, Иво Иваноски заедно со градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

- Денес дојдовме со цел да видиме како функционира пилот-проектот е-дневник. Истиот го инициараше Општина Центар, а го изработи фирма стручна за апликацијата. Со оваа алатка родителите можат да си ги гледаат оценките и изостаноците на своите деца. Целта е да имаат комплетна слика за редовноста на своето дете и навремена информација за текот на образованието на своето дете. Од прикажаното можам да кажам дека се работи за одличен систем кој министерството за образование го развива за сите училишта во цела Македонија, а тој ќе биде готов до почетокот на наредната училишна година, - изјави вчера премиерот Груевски.

Во новиот дневник секојдневно ќе се внесуваат оценките и оправданите или неоправданите изостаноци. Родителите ја поздравуваат оваа идеја која стана реалност. Задоволни се и учениците како што велат дека на овој начин ќе знаат какви резултати постигнуваат. Особено голема поддршка за проектот дадоа дел родители, кои велат дека на овој начин не мора да одат на училиште да се распрашуваат за образованието на нивните деца, туку со впишување на лозинката податоците им се директно на увид на компјутер.

- Браво за иницијаторите. Одлична им е идејата. Само нека продолжат така. Далеку ќе стигнат. Не само учениците и професорите. Задоволни сме што децата на компјутер работат нешто друго освен што комуницираат и играат. Имаат добри постигнувања - вели родител на ученик, кој имал можност да го посети е-дневникот.

Инаку софтверот за е-дневникот го изработи фирмата Сивус. Со него секој родител ќе добие код, а потребните податоци од матичните броеви на децата и на родителите ќе бидат заштитени.Од Сивус вчера рекоа дека на најдобар начин се составени кодовите за да можат родителите да имаат пристап до електронскиот дневник. Податоците ќе ги внесува само еден професор и безбедноста е на негова одговорност. Со кодот што ќе го добие секој родител, не ќе може да влезе ниту наставникот што ќе ги внесува податоците, бидејќи истиот нема да го знае.





zami -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:06:20)

E konecno nesto za pofalba.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Adrijana -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:08:48)

Mnogu pametna rabota[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




jovanka -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:15:27)

Kako i sekoj proekt ima i svoi prednosti i nedostatoci.Vremeto ke pokaze.Sto za onie roditeli koi nemaat internet sepak znaeme kolku e brojkata vo Makedonija na korisnicite na internet?Za mene e najdobro e koga raditelot ke pojde do uciliste i razgovorot pomegu ucenikot -roditelot i nastavnikot nisto nemoze da go zameni bez razlika dali se raboti za pofalba ili voocuvanje na nedostatocite i zaednicko pomaganje do celta na uspehot.Mnogu elementarni uslovi falat vo ucilistata za nepreceno odvivanje na nastavata sakame da sme vo ceor so vremeto ama ne se fakame prvo od ona elektronsko-kompjuteri za sekoe dete a nema osnovni pomagala koi ke im ovozmozat sovremeno sledenje na nastavata a da ne zboruvam za higienata.... malku navlegov vo druga tema ama se ni e toa lanec edna karika ako ni ja nema nemoze da funkcionira bilo za sto da se raboti.




pacuvce -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:15:29)

Јас сум малку скептична за ова,ама ајде времето ќе ја покаже оправданоста на овој проект на Владата...




profesorica -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:15:38)

одлично[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

имам другарче во сеавус што работи не знаев дека они го правеле-СУПЕР




zami -> RE: Е-дневник (24.2.2010 12:24:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Kako i sekoj proekt ima i svoi prednosti i nedostatoci.Vremeto ke pokaze.Sto za onie roditeli koi nemaat internet sepak znaeme kolku e brojkata vo Makedonija na korisnicite na internet?Za mene e najdobro e koga raditelot ke pojde do uciliste i razgovorot pomegu ucenikot -roditelot i nastavnikot nisto nemoze da go zameni bez razlika dali se raboti za pofalba ili voocuvanje na nedostatocite i zaednicko pomaganje do celta na uspehot.Mnogu elementarni uslovi falat vo ucilistata za nepreceno odvivanje na nastavata sakame da sme vo ceor so vremeto ama ne se fakame prvo od ona elektronsko-kompjuteri za sekoe dete a nema osnovni pomagala koi ke im ovozmozat sovremeno sledenje na nastavata a da ne zboruvam za higienata.... malku navlegov vo druga tema ama se ni e toa lanec edna karika ako ni ja nema nemoze da funkcionira bilo za sto da se raboti.


Potpolno se soglasuvam.
Ama ne deka nie ako imame internet, nema nikogas veke da pojdeme kaj ucitelkite da prasame.
Sepak dnevnikot e samo za oceni i neopravdani, a donosot na deteto e nesto sto moze samo licno da se doznaae.

Evemsin mi e vo gradinka pa ednas nedelno zastanuvam da prasam sto pravi, kako se odnesuva i slicno.




BILJANA_G -> RE: Е-дневник (24.2.2010 13:48:48)

E ova bas mi se dopaga.  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. Ama sepak mislam deka i pokraj toa roditelot treba da odi pocesto i da razgovara licno so ucitel/ka,nastavnik/cka.A za sledenje na ocenite moze da se sledat pas dobro.




Natasha5 -> RE: Е-дневник (24.2.2010 14:23:58)

супер е за пофалба само додека се спроведе низ цела Македонија ке треба многу време,само што во денешно време родителите за жал многу малку се заинтересирани за успехот на нивните деца,не викам сите родители ама поголемиот дел да.Преку ова би требало да се заинтересираат.Само ке треба да се спроведе низ сите училишта интернет,а во поголемиот дел нема.




ananikol -> RE: Е-дневник (26.2.2010 21:47:08)

Ova e najdobar nacin sekojdnevno da go kontrolirate vaseto dete.Ovde kade sto ziveam  e zazivean ovoj nacin i ne se pokazal nekoj nedostatok.Sekoj roditel mozi preku vnesuvanje na sifra za svoeto dete(i samo za svoeto-nemate pristap za drugi ucenici) da si vodi evidencija.
Isto taka i profesorite mislam klasite rakovoditeli ostavaat po nekoja informacija i vie sekogas ste vo tek,nema mrdanje[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley18.gif[/image],[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
Isto taka dobivaat 4 raporti ( kako kaj nas sveditelistva) na koi roditelite mora da se potpisat vo...kako da go objasnam toa ..ajde edno kako papka i na nea stojat vasite potpisi,znaci sekoj nov raport vie si go gledate  vasiot predhoden potpis-nema falsifikuvanje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
Bas mi e milo sto i  vo Makedonija se vovede ovaj sistem,samo napred[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




mami -> RE: Е-дневник (26.2.2010 21:49:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

Kako i sekoj proekt ima i svoi prednosti i nedostatoci.Vremeto ke pokaze.Sto za onie roditeli koi nemaat internet sepak znaeme kolku e brojkata vo Makedonija na korisnicite na internet?Za mene e najdobro e koga raditelot ke pojde do uciliste i razgovorot pomegu ucenikot -roditelot i nastavnikot nisto nemoze da go zameni bez razlika dali se raboti za pofalba ili voocuvanje na nedostatocite i zaednicko pomaganje do celta na uspehot.Mnogu elementarni uslovi falat vo ucilistata za nepreceno odvivanje na nastavata sakame da sme vo ceor so vremeto ama ne se fakame prvo od ona elektronsko-kompjuteri za sekoe dete a nema osnovni pomagala koi ke im ovozmozat sovremeno sledenje na nastavata a da ne zboruvam za higienata.... malku navlegov vo druga tema ama se ni e toa lanec edna karika ako ni ja nema nemoze da funkcionira bilo za sto da se raboti.


Potpolno se soglasuvam.
Ama ne deka nie ako imame internet, nema nikogas veke da pojdeme kaj ucitelkite da prasame.
Sepak dnevnikot e samo za oceni i neopravdani, a donosot na deteto e nesto sto moze samo licno da se doznaae.

Evemsin mi e vo gradinka pa ednas nedelno zastanuvam da prasam sto pravi, kako se odnesuva i slicno.




Потпис и на двете...Убаво е се тоа што ке го има тоа на интернет, ама прво да се погрижеа да сите луѓе моњат да си дозволат најпрво компјутер а после и интернет не ке беше лошо...




niki -> RE: Е-дневник (27.2.2010 11:33:26)

Овој проект е секако за поздравување и за родителите носи олеснување во следењето на успехот и поведението на децата и можност навремено да се реагира и поправат истите.
Е сега кој може да си дозволи интернет е сосема друга тема, но сепак не мислам дека македонските родители  се баш многу загрозени по тоа прашање. Можеби стандардот во Македонија не е како некаде другде, но сепак кога се работи за електрониката во чекор се следат нејзините достигнувања. Јас лично веке и не познавам семејства кои немаат компјутер дома, без оглед на тоа колку заработуваат.




ananikol -> RE: Е-дневник (27.2.2010 22:49:59)

So tekot na vremeto koga ovoj proekt ke zazivee ke vidite deka i drugi raboti ke se promenat.Kako na primer roditelskiot sostanok.Nema poveke roditelski sostanoci vo klasicen smislol od tolku i tolku casot site roditeli vo eden kabinet i sega slusaj za site koj kako i sto.Ova  vo centralna Evropa e poinaku regulirano i se nadevam deka sto poskoro ke dojdi i kaj nas.
Ovde sekoj roditel dobiva svoj termin od 15 min i veruvajte dovolno e.Znaci ocenkite si gi znaes uste od doma i oprevdani-neopravdani,znaci ti ostanuva da si prasas kako e odnesuvanjeto na tvoeto dete na skolo( mada ako ima nesto sto treba da go znaete ke go dobiete po e-mail,i na domasna posta dokolku e nesto seriozno,no kako sto rekov za se i sesto ke ste obavesteni kratko vo e-dnevnikot i poopsirno po e-mail).
Znaci si dobivate obavestuvanje koga vi e roditelskiot sostanok i mozite da si zakazite i vreme so uste 2 profesori so koi sakate da zboruvate,znaci za sekoj nastavnik uste po 15 min.
Sosema dovolno.




April -> RE: Е-дневник (27.2.2010 23:02:15)

и кај нас има отворени денови кога родителот може да поразговара со секој наставник одделно, а и секој наставник во текот на неделата има одреден ден и термин кога е достапен за родителите...

е-дневникот е убава идеја, но сепак комуникацијата лице в лице е незаменлива...а и прво да се средат тоалетите за децата (вистинската реалност), а потоа ќе зборуваме за виртуелната реалност, нели?




Felly RR -> RE: Е-дневник (19.6.2013 17:46:31)

Одамна не се коментирало на темава - ајде малку да ја активираме. Е-дневникот еве веќе подолго време фунционира - но што мислите вие како родители? Дали го отворате електронскиот дневник и дали преку него се информирате за оценки и за изостаноци за вашите деца или сепак преферирате разговор лице во лице со наставникот.




Octavia -> RE: Е-дневник (20.6.2013 10:27:17)

Е-дневникот и сега толку тешко функционира што е фрустрирачки. Можеби овој период е таков, ама требало да си направат систем кој може да го издржи тоа. Јас често го користам, кога имам потреба, затоа што кај син ми уште има комбинирање описно оценување-бројчани оценки (зависи од периодот). Многу покорисен би бил кога би бил редовно ажуриран од страна на наставниците. Јас и нив ги разбирам, посебно со ваков квалитет на е-дневникот, ама треба да се трудат редовно да внесуваат оценки. А тие се уште ги ги чуваат оценките по списоци и внесуваат само на тримесечие, полугодие и сл (некои велат не смееле да имаат повеќе оценки во дневникот). Во секој случај, го користев и за да следам што работат, ама и тоа не е баш применливо, затоа што си внесуваа на пр. неодржани часови, па јас му велам на синот на пр. „Денес сте работеле тоа и тоа по техничко“ а тој вели „Не, мамо, губевме денесм немавме час“ [sm=zmeden.gif], или имале час, едно е запишано, друго е работено... Ако се употребува како што треба, пред се од страна на наставниците, многу практична работа е.




Felly RR -> RE: Е-дневник (20.6.2013 17:39:26)

Баш ме израдува Октавија што го користиш. Сепак сметам дека мал број на родители го користат. А за оценките онолку колку што има во другиот дневник, треба да има и во електронскиот.




Hunny -> RE: Е-дневник (20.6.2013 22:26:31)

Фели кај ти текна за дневников [sm=smiley36.gif] Изгледа иста мака си имаме, ај нека помине 24-ти , па може ќе пишам нешто.




Felly RR -> RE: Е-дневник (20.6.2013 22:59:41)

Хехе, изгледа. Јас завршив со таа мака за оваа учебна година.




LoveableMe RR -> RE: Е-дневник (18.9.2014 14:42:07)

Еве што дознав денес од една колешка и не можам да се начудам, та нели сме информатички напредно општество?

На родителска им кажале дека за оние кои имаат повеќе деца, мора за следење на е-дневникот да дадат две/три имејл адреси и два/три мобилни телефона, зошто не можел системот за повеќе деца се да испраќа на една електронска адреса или на еден мобилен број, се блокирал...[sm=zmeden.gif].. значи треба да се ангажира цела фамилија маж, жена, баби дедовци со мејлови и мобилни телефони за да може да се добиваат информации од е-дневникот...стварно немам коментар[sm=ocala.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Е-дневник (18.9.2014 14:52:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Еве што дознав денес од една колешка и не можам да се начудам, та нели сме информатички напредно општество?

На родителска им кажале дека за оние кои имаат повеќе деца, мора за следење на е-дневникот да дадат две/три имејл адреси и два/три мобилни телефона, зошто не можел системот за повеќе деца се да испраќа на една електронска адреса или на еден мобилен број, се блокирал...[sm=zmeden.gif].. значи треба да се ангажира цела фамилија маж, жена, баби дедовци со мејлови и мобилни телефони за да може да се добиваат информации од е-дневникот...стварно немам коментар[sm=ocala.gif]

lele nema da komentiram ama posteno me iznasmea,se smeam na glas i mi tecat solzi....ahhh nasata cudesna zemja




LoveableMe RR -> RE: Е-дневник (18.9.2014 14:57:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

lele nema da komentiram ama posteno me iznasmea,se smeam na glas i mi tecat solzi....ahhh nasata cudesna zemja


Леле, не знам дали е за смеење или плачење работава, ама што прават со тие што имаат 4/5 деца? Многу ме интересира како е-дневник ги известува...сигурно се главни претплатници со еден куп при-пејдови за децава, по еден за секое дете...лелее хаос, а тек мејл..главни хакеришта ќе станат родителиве на интернет со триста профили.....




Tanjat7880 -> RE: Е-дневник (18.9.2014 15:03:10)

Eve jas ke vi kazam shto pravat tie so 4 deca shkolski(moite vnuci) preporaka e da ne go koristat istiot,ednostavno NEMA uslovi I tolku,se shto ti treba ke odish I ke si prashash,kade gledate problem?!Eh shto se ispukav denes,za se shto mi lezeshe[sm=jezicek.gif]




Hunny -> RE: Е-дневник (18.9.2014 15:07:24)

Не знам зошто така им рекле. Јас имам ученици што имаат помали браќа и сестри и најавени се со еден мејл.




Felly RR -> RE: Е-дневник (18.9.2014 16:23:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eve jas ke vi kazam shto pravat tie so 4 deca shkolski(moite vnuci) preporaka e da ne go koristat istiot,ednostavno NEMA uslovi I tolku,se shto ti treba ke odish I ke si prashash,kade gledate problem?!Eh shto se ispukav denes,za se shto mi lezeshe[sm=jezicek.gif]


АКо Тања, пиши си, ќе ти олесни, барем нервозата ќе ти помини. Делот за е-учебници го ставив во соодветна тема. КЛИК.




Страница: [1]