|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Пумпица за измолзување
29.1.2016 15:54:45   
Kvisko
И јас сум нова мајка бебето има само три неделк. На почеток купивме електрична пумпа на Нук и потполно е безболна за користење и брза. Ја немам мнлгу користено ама од краткото искуство добра е.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 226
   RE: Пумпица за измолзување
29.1.2016 23:29:29   
Hopeful RR
Мојата е електрична - Медела Swing, и сум ептен задоволна. Симулира цицање, во две фази оди измолзувањето, и само тоа што е малце гласна, инаку се друго е супер. Ептен ми се наоѓаше во првите месеци додека не се изрегулира лактацијата, а и во случаи кога имав многу млеко, а они не сакаа или не можеа да цицаат.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 227
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 0:29:14   
Bea
Hopeful, колку пари е електричната медела? И дали доаѓа со calma цуцла плус?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 228
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 12:02:09   
lolla RR
Јас прво купив Медела мини (мислам 5500 ден), полошо нешто немам видено. Среќа се смилуваа ми ја вртија, брадавиците рани ми ги направи.

Потоа зедов Авент (8000 ден) и сеуште ја користам по потреба. Панирам и на работа на пауза да се одмолзувам за да пие од него.

Беа мислам не ти треба пред да се породиш, може ке фати супер бебе па да не фрлаш пари.

Мојава пумпа медела не одеше со калма цуцла, јас дополнително купив но не ја употребивме, стои во плакар.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 229
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 12:18:03   
Bea
Не купувам од сега, туку сакав да истражам малку, за ако дојде момент само да го испратам мм да купи, а не допрва да се распрашува.
Секој различно искуство има, изгледа како ќе ти се погоди, а не се малце пари за фрлање.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 230
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 12:26:19   
Hopeful RR
Bea, Меделата беше околу 4.700 ден, со неа оди едно шишенце, но не и Calma, таа се продава засебно и е околу 1300 ден. И јас би ти рекла да почекаш, можеби нема да имаш потреба од пумпа.

Инаку, се опседнав пред породување со Nipple Confusion и моментот каква цуцла да користам, и ја планирав Calma-та. Но, во болница ме разубедија, претешка е за бебињата, се мачат и не пијат, и тоа пак не ги стимулира да цицаат.
Моите се од старт со обични шишенца и цуцли какви што ми препорачаа од Систина (Baby Nova, живо џабе), и немам никаков проблем со наизменично цицање и пиење од цуцла. Си имаат периоди кога сакаат повеќе да цицаат, или обратно, и има разлика од едното до другото бебе, но еве и ден денес, кога се расположени, се радуваат на цицање, отвораат уста и ме галат со рачињата, и после ако не им е доволно си пијат од шишенце.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 231
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 14:25:09   
nataly86
Јас ја користев на томи типпи електицната пумпа задоволна бев...единствено со неа успевав да измолазам млеко...инаку од шишиња од старт сме со томи типпи и можам слободно да речам дека не би ги менувала за ништо на светот....година и пол максимално користење плус секојдневно стерилизирање и што уште не претптеа..ниту едно се нема замирисано а и исто и цуцлите ниту една се нема скинато или слично..

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 232
   RE: Пумпица за измолзување
30.1.2016 16:08:57   
Hopeful RR
Оф топик, ама се слагам за Томи Типи - се што имам од нив е супер, и греач за шишенца, и цуцли лажливки, и од сегашна перспектива криво ми е што не почнав од старт со шишенцата и цуцлите.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 233
   RE: Пумпица за измолзување
31.1.2016 0:25:21   
Bea
И јас го меркам стакленото шишенце на Томи Типи, Closer to nature.
Мислев со меделата нема утка и за пумпа и за шише, ама еве различни искуства.
Колку што читам, имале - немале млеко, мамичкиве имаат пумпа по дома, па здравје нека се роди жив и здрав синко, ќе му ја мислиме тогаш.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 234
   RE: Пумпица за измолзување
2.2.2016 11:36:45   
Kvisko
Bea јас пумпата ја купив кога ми затреба не порано и мојата има две брзини за да симулира цицање. Мислам дека сите електрични ја имаат таа опција.
Инаку шишенцс добив Tommee Tippee со anti-colic систем. Ми ги купија како подарок додека бев во болница ептен се убави. Сега ги коиристиме за малку чајче а на почеток за дохраната.

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 235
   RE: Пумпица за измолзување
2.2.2016 21:37:13   
Hopeful RR
Беа, од Медела немаат стаклени шишенца, што многу ме разочара, инаку и јас планирав цел систем од нив... Шишенцето што оди со пумпата го користев за собирање и чување, па си го префрлав после во стаклено. Секако, не се брзај за пумпа, има време, ќе земеш ако треба.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 236
   RE: Пумпица за измолзување
12.12.2017 2:13:19   
fetusce
Jas prodavam pumpa Luna Konfort 2000 denari elektricna, imam i klipna za 250 denari i racna za 500 denari ke vi gi pustam na slika. Se izmolzuvav 5 meseci dodeka pocne da cica. Sega uste eden mesec ke polnime 1 godinka. site pumpici se koristeni po malku zatoa gi davam so dvojno pomala cena od kupenata. Elektricnata ima garancija uste 4 meseci.

< Поракaта ја уредил fetusce -- 12.12.2017 2:14:54 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 237
   RE: Пумпица за измолзување
13.12.2017 21:29:37   
fetusce
mozete da gi poglednete vo mojot album.

(Одговор на членот fetusce)
Непосредна врска до пораките: 238
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?