ripce -> RE: Микробранова (5.12.2009 15:15:42)
|
Микробранова печка Најголема предност на микробрановата печка е нејзината способност за брзо загревање и одмрзнување на јадења. Микробрановите предизвикуваат триење на молекулите на водата која се содржи во храната што предизвикува загревање на храната. Храната која содржи повеќе вода побрзо се загрева, а прехрамбените продукти кои содржат помалку вода треба поспоро да ги загреваме бидејќи доаѓа до нивно сушење. Храната подготвена во микробрановата печка не е штетна за здравјето, не го менува вкусот, не ги губи витамините и минералите и не предизвикува зрачење, што понекогаш се помислува при купување. Одмрзнувањето на храната трае многу брзо, т.е. неколку минути. Електронско или механичко управување – при купување на микробрановата печка препорачуваме избор на модел со електронско управување каде времето се подесува до секунда, за разлика од механичкото каде може да се појави отстапување од саканото времетраење за 10-15 секунди. Некои производители во комбинација со микробрановата печка нудат и решетка(грил) за потпекување на храната. Грилот може да биде радијален или кварцен.Резултатите и кај двата вида се исти, со тоа што кварцниот е побрз и троши помалку ел.енергија. Постојат и модели со можност за печење под дејство на врел воздух кој вентилира во внатрешноста под дејство на вентилатор. Што треба да се знае при купување на микробранова печка – прво треба да решиме дали ќе ни служи само за загревање или пак и во комбинација со решетка (грил). Моќноста на класичната микробранова печка е од 700-1000 W, а на моделот со грил 1000-2000 W. Треба да се мисли и на големината на микробрановата печка. Пречникот на чинијата се движи од 28-32 cm, a и на двете може да се стави голема чинија. Може да се бира помеѓу модели со механичко и електонско управување. Механичкото е со два регулатори, од кои едниот е за јачината на греењето, а другиот е за подесување на времето во минути, кое може да биде до 30 минути. Микробрановите печки со подобар квалитет имаат вентилаторско печење, кое е исто како и кај класичните шпорети. Вентилаторското греење се вклучува одвоено од микробрановите и грилот. Некои микробранови имаат опција за запекување на храната од горната или од долната страна, а постојат и модели каде во зависност од видот и количеството на храна се одредува времето на загревање и печење. Внатрешноста на микробрановата може да биде емајлирана, лакирана или од инокс.
|
|
|
|