|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Награди и казни при воспитувањето
26.2.2010 21:27:01   
Еца
Многу ме интересира вашиот личен став и искуството на оваа тема. Дали сметате дека со казнување детето тоа ќе стане подобра личност или пак наградите ќе го научат утре за се што ќе направи да очекува дека ќе е добие нешто како награда, па макар да се работи и за едно местење на сопствениот кревет?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Награди и казни при воспитувањето
26.2.2010 21:47:20   
Весна
Мојот став - сум за умерени воспитни казни, секако претпазливо, но уште попретпазливо сметам дека треба со наградите за понатаму во животот да не очекуваат за сенешто и од секого да бидат наградени. И уште нешто битно околу казните ми е истрајноста во нив. Никаков ефект не би се постигнал доколку по зададената казна (или награда) до крај не се испочитува и остане на тоа дека на пр. нема излегување од собата додека -тоа и тоа- не се заврши и сл. Ова го научив гледајќи едни пријатели како својот палавко, верувајте со право, го праќаат во собата да игра со брат му, тој плачејќи иде. По две-три минутки малиов удира по вратата, вика, потоа ги подотвара вратата им се смешка заводливо и овие со насмевка му враќаат и детево комотно си излегува од собата и продолжува со истите бељи низ станот кршејќи се` околу себе.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Награди и казни при воспитувањето
27.2.2010 11:08:26   
niki
Мојот став, умерено и со награди и со казни. А искуството ми е сеуште мало. Досега генерално повеќе ги применував наградите, од типот пофалби за добро завршена работа или добро однесување. Кога се учевме на нокшир пробав да ја наградувам со бонбони и смоки, но тоа и не даде некој резултат бидејки таа храна не сака, па набргу го напуштивме тој начин на наградување. Наспроти тоа наградата со лепење смајлија на табела многу и се допадна, но и тоа е нешто што го напуштивме бидејќи бргу се заситува и и стана досадно. Казните почнувам  сега да ги воведувам и тоа воглавно е забрана  за гледање на цртани, но само кога ќе прејде во екстремно однесување. Јас генерално сум либерална кога се работи за нејзиното однесување и палавости, а и таа е генерално мирна и фина, па во најмногу случаи се обидувам она што треба да се поправи да биде поправено преку разговори и советување и многу, многу пати повторување на едно исто, отколку да ја казнувам или наградувам. Во иднина веројатно ќе има многу повеќе награди и казни, сега за сега мислам дека со нејзините три години не е во состојба да го свати и разбере концептот награда-казна и повеќе и подобри резултати се постигнуваат со позитивни примери и непрекинато зборување.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Награди и казни при воспитувањето
27.2.2010 14:37:18   
Adrijana
Mislam deka e vo red da se primenuvaat nagradite i kaznite, no umereno.Ako se pretera i so ednoto i so drugoto, mislam deka ke nema efekt.

_____________________________



(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Награди и казни при воспитувањето
27.2.2010 15:24:27   
Палешка РР
Не сум применувала ни награди, ни казни и фала Богу имам воспитано дете. Мислам не е ова животинче да го дресирам...да го удирам кога ќе згреши и да му дадам шеќерна коцка кога ќе биде добар. Додека беше мал му беше дозволено се`, во граници на нормала, а кога порасна станавме другари, а другарот не се изневерува. Таков е мојот однос со Марио, така ќе постапам и со Миа.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Adrijana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Награди и казни при воспитувањето
24.3.2010 12:27:55   
mother 29
ве читам и отплика сите зборите за умерени казни и награди.и си мислам каде сум јас тука.......... поим за умереност е релативна работа,па си мислам на глас..
каде ,кај мојот награда кога тој добива све што сака,само доволно е да покаже со прст по некоја играчка на излог(што да го наградам-трактор вистинскиuser posted image )..каде кај мојот казна кога ако му го изгасам омилениот цртан,ке вришти 5 дена ,цела кука во вис ке ја крене,ке не изнервира сите,сите ке се испокараме и на крај пак ке продолжи цртаниот........
ова е реалност кај мене,јас многу убаво знам ккао треба,ама некогаш не оди се како што мислиме дека треба!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Награди и казни при воспитувањето
21.5.2010 16:02:33   
niki
Вчера, ќерка ми на својата другарка не и даваше играчки, што ќе земе грубо и го одземаше, на крај ја турна. Иако устата ми фати пена од зборување како треба, како не, ми зовре и ја казнив со негледање цртани цел ден бидејки е насилна. И се смири малку и почна со прашања, зошто била казнета, што смее да прави, што не, па до кога, па како, па што и потоа пак одново и во круг неколку пати истите прашња. И на крај отако разбра во што е штосот ми вели: Мамо ти си казнета затоа што ми се дереш! Викањето не е убаво! Казнета си!
И јас фино лепо и се извинив што сум викала и објаснив зошто тоа сум го направила, но таа беше неумолива и морав да ја издржам казната. Погодете што!user posted image
Нема интернет цел денuser posted image
Утрово ме прашува: Мамо дали денес може да гледам цртани, дали сум уште казнета?
А и јас ја прашав дали денес ми дозволува интернетuser posted image
Ете ти награди и казни, мајко мила user posted image


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Награди и казни при воспитувањето
12.7.2011 9:05:27   
AnnaMolly RR
Не сум му давала награди ако направи нешто добро, само му викам Браво. А затоа што се научи во последно време се да фрла на земја, ако фрли нешто намерно му го враќам и му кажувам дека ако го фрли пак ќе и го дадеме на бубата. И ако навистина го фрли, го земам и го тргнувам на страна, му викам: Сега ќе и го дадеме ова на бубата зашто ти го фрлаш. И му вика чао на преметот и вика Буба? И штом фрли долу нешто веднаш гледа на земја и вика Буба! И не плаче ако му го тргнам, знае дека нема да го добие пак. Ама мислам дека ова не е казна?

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Награди и казни при воспитувањето
12.7.2011 12:31:44   
Џесика
Јас до сега еднаш го „казнив“. Баба му се спремаше да оди во продавница и тој разбра, па и се запна да излезе и тој... арно ама, сака да оди надвор, ама не со неа, туку со мене. Јас убаво, и тоа неколку пати, му објаснив дека ако сака да оди да шета, нека оди со баба му, ако сака да седи со мама, нека остане дома. Ама не, он се запна да оди надвор ама со мене... во меѓувреме они тргнаа, јас се вратив, и кога примети дека ме нема, почна толку силно да писка, цело маало го дозна. Се вратив, го земав од улица и го внесов дома, и му реков дека штом не сака да шета со баба му, нема да шета...вриштеше, пустеше, се фрлаше, ама тоа е, ако не се разбира, ќе научи... мислам дека од време на време му треба некоја „морална“ казна, да сфати со тек на време дека некои работи не се можат... ми треба многу живци и трпение.
Награди до сега не сум применувала, освен „браво“ и јас ко дете никогаш не сум сакала таква награда „кога ќе го направиш\ изедеш тоа, ќе добиеш тоа“  и никогаш не ми било нештото драго, нити сум го посакала, таква мотивација кај мене не палеше, само контраефект се добиваше... па сега ќе видам што карактер ќе извади Борјан user posted image

< Поракaта ја уредил Џесика -- 12.7.2011 12:33:41 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Награди и казни при воспитувањето
13.7.2011 20:03:01   
Maca25
Кај нас награда после јадење има, ако изеде се може да добие бонбонче или чоколатце, а ако не јаде и си игра со храната тогаш нема ништо!

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Награди и казни при воспитувањето
6.12.2013 12:29:55   
Mihaela 2010
Povekej sme po nagradite,osobeno se raduva koga nesto ubavo ke nacrta ili ke izboi pa ke dojde da mi se pofali i obavezno bara da i pisam 5 ka na raceto..ponekogas me iznenaduvaat nejzinite crtezi,sto za nejzina vozrast se super,pa kako da ne go nagradisuser posted image
ne ja ucam nagradite da bidat pari,ili nesto da i se kupi tuku ete taka,so 5 ka na raka...
za kazni do sega ne sum ja kaznuvala,dali se uste e mala,koga ke porasne ke vidime

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Награди и казни при воспитувањето
14.2.2016 20:42:29   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

сега за сега мислам дека со нејзините три години не е во состојба да го свати и разбере концептот награда-казна и повеќе и подобри резултати се постигнуваат со позитивни примери и непрекинато зборување.

na tri godisna vozrast decata mnogu povekje imaat svateno odkolku sto nie mislime.vekje donesuvaat zaklucoci za nas mozebi nepromisleni ama tie za niv vekje razmislile.do 3 god povekje se primenuvaat nagradi za pogolema efikasnost.a toa dekaso neprekinato zboruvanje mislam ti e gubenje vreme.i mene ustata penja mi fakja ama za dzabe,ako mu odgovara ima efekt zboruvanjeto ako ne se ti e dzabe.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 12
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?